TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Очајници...

Време - 16.09.2006

ПРВ МЕЧ ОД ТРЕТОТО КОЛО ОД КУПОТ НА УЕФА - РАБОТНИЧКИ ПРЕГАЗЕН ВО БАЗЕЛ Никола Богојевски Наш известувач од Базел Алпите беа превисоки за прелетот на македонскиот шампион Работнички Кометал во европскиот крем во најмасовното фудбалско клупско натпреварување Купот на УЕФА.

Работнички како швајцарско сирење

Вест - 16.09.2006

КУП НА УЕФА - ЛОШ НАСТАП НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН НА ГОСТУВАЊЕТО ВО БАЗЕЛ Ѓоре Јовановски: Не ме изненади Базел, туку ме изненадија моите играчи со лошата игра. Ни на крај памет не ми паѓаше дека можеме да се претставиме во вака лошо издание Специјално од Базел, Тони Зографски Со четири гола ...

Кошмарна ноќ во Базел

Утрински - 16.09.2006

Швајцарците во првиот меч од Купот на УЕФА за пласман по групи го декласираа Работнички К. со 6:2 Од нашиот известувач Фарко Шакири Кошмарна ноќ во швајцарскиот Базел за фудбалската експедиција на македонскиот шампион Работнички Кометал.

Работнички К. како швајцарско сирење во Базел

Дневник - 16.09.2006

Македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал е со минимални шанси за пласман во групите од Купот на УЕФА Македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал е со минимални шанси за пласман во групите од Купот на УЕФА, откако во првиот меч од првото коло загуби убедливо со 2-6 на гостувањето од ...

Во Базел се броеше до шест

Вечер Прес - 16.09.2006

Швајцарскиот претставник ја торпедираше мрежата на Пачовски. Работнички К., покажа како не треба да се игра фудбал Нашиот шампион, Работнички К., доживеа вистинска катастрофа во првиот натпревар од последното претколо во Купот на УЕФА, на гостувањето во Базел.

Катастрофален пораз на Работнички во Базел

А1 - 15.09.2006

Работнички Кометал уште еднаш ја почувствува суровата реалност за неговото место во европскиот клубски фудбал. Катастрофален беше првиот настап на нашиот шампион во воведното коло од УЕФА куот. На гостувањето кај швајцарскиот Базел загуби со високи 6:2 и ги сведе на теоретски мимимум можностите за ...

Работнички пред историска можност во Купот на УЕФА

А1 - 14.09.2006

Работнички Кометал има историска можност да стане првата Македонска екипа која што се пласирала во фазата по групи од Купот на УЕФА. На патот до успехот сепак стои сериозна пречка, швајцарскиот Базел кој вечерва е домаќин на нашиот првак во воведниот натпревар од првото коло.

Дебармаалци се едногласни: Базел не е бауч

Време - 14.09.2006

ВЕЧЕРВА КУП НА УЕФА: БАЗЕЛ - РАБОТНИЧКИ Македонскиот фудбалски шампион Работнички Кометал е силно мотивиран, конечно на македонскиот фудбал по 15 години самостојност да му го донесе најголемиот успех во историјата, со пласманот во Лига-купот на УЕФА, откако денеска на стадионот „Сент Јакобс парк“ ...

Шанса за продолжување на меѓународната сезона

Вест - 14.09.2006

КУП НА УЕФА - РАБОТНИЧКИ КОМЕТАЛ ВЕЧЕРВА (20 ч.) МУ ГОСТУВА НА БАЗЕЛ Јовановски: Во никој случај не размислуваме за пораз, без разлика дали тој ќе биде со наш постигнат гол. За мене секој пораз е пораз. Фудбалерите на Работнички Кометал на претстојниот двомеч со швајцарскиот шампион Базел имаат ...

„Романтичарите" посакуваат реприза на Дебрецин

Утрински - 14.09.2006

Јовановски се уште има дилеми за составот со кој вечерва ќе му се спротивстави на Базел на патот кон групите во Купот на УЕФА Вечерва со почеток во 20 часот на стадионот „Сент-Јакоб Парк" во Базел актуелниот шампион на Македонија екипата на Работнички Кометал во рамките на 1.

Патникот во групите ќе се решава во Скопје

Дневник - 14.09.2006

Македонскиот шампион најавува офанзивна игра и позитивен резултат во дуелот со швајцарскиот претставник пред реваншот по две седмици Со верба во своите можности и квалитети македонскиот фудбалски првак Работнички К. вечерва (20 ч.

Шансата треба да се искористи

Вечер Прес - 14.09.2006

Нашиот шампион вечерва во Базел го игра првиот натпревар од последното предколо во Купот на УЕФА Фудбалските возбудувања за нашиот шампион, Работнички Кометал, продолжуваат вечерва кога на програма е првиот натпревар од последното предколо во Купот на УЕФА. Противник на Работнички К.

Дебармаалци сакаат реприза од Дебрецен

Време - 13.09.2006

РАБОТНИЧКИ ПРИСТИГНА ВО БАЗЕЛ, КАДЕ ШТО УТРЕ ГО ИГРА ПРВИОТ МЕЧ ОД КУПОТ НА УЕФА Никола Богојевски Сјајна атмосфера и голема желба за продолжување на европската авантура владее меѓу фудбалерите на македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал, во пресрет на утрешниот прв меч од првото редовно ...

Да се повтори Дебрецен

Вест - 13.09.2006

РАБОТНИЧКИ КОМЕТАЛ УТРЕ МУ ГОСТУВА НА БАЗЕЛ Играта што нашиот шампион Работнички Кометал ја демонстрираше против Дебрецен, според мислењето на речиси сите наши фудбалери, е добитната формула преку која ќе се елиминира швајцарскиот Базел.

Прва меч топка за клупска историја на Работнички Кометал

Утрински - 13.09.2006

Утревечер „романтичарите" го игра првиот меч со Базел за пласман во група во Купот на УЕФА На стадионот „Сент Јакоб парк" во Базел утревечер шампионот на Македонија, Работнички Кометал, ќе ја има првата меч топка за клупската историја и за првпат еден македонски клуб да се пласира во група во ...

Работнички в четврток против Базел во Купот на УЕФА

А1 - 12.09.2006

Спортската тензија кај нас ја надопнуваат фудбалерите на Работнички Кометал. По елиминацијата во завршното квалификациско коло во шампионската лига, Македонскиот првак в четврток против Базел ќе ја одигра првата средба за пласман во фазата по групи, но во Купот на УЕФА.

Шансите ни се изедначени

Вест - 12.09.2006

ТИМ-МЕНАЏЕРОТ НА РАБОТНИЧКИ, ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ, ГО СНИМАШЕ БАЗЕЛ Според тим-менаџерот на Работнички Кометал, Ѓоре Јовановски, шансите да се помине Базел и да се обезбеди пласман во една од групите на Купот на УЕФА се 50:50. Ваквиот впечаток следи по следењето на дерби-натпреварот од швајцарската ...

Работнички ќе бара дупки во швајцарската одбрана

Време - 12.09.2006

ЗАДУТРЕ КУП НА УЕФА, 1. КОЛО Никола Богојевски Македонскиот првак Работнички Кометал во петтиот обид на македонските претставници ќе ја има шансата да го мине фамозното прво редовно коло во Купот на УЕФА, откако во Базел задутре ќе брка најмалку еден гол на гости за да си ја олесни задачата во ...

Последна шанса за влез во група

Дневник - 12.09.2006

Македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал денеска патува за Базел, Швајцарија, каде што в четврток го очекува меч од првото коло во Купот на УЕФА. Тим-менаџерот на Работнички К., Ѓоре Јовановски, веќе се наоѓа во Базел.