Будимпешта Долготрајните дождови предизвикаа поплави во Унгарија и во Романија, каде синоќа беа поплавени повеќе куќи, јавија агенциите. Во покраината Горј во јужниот дел на Романија беа евакуирани околу 300 луѓе, откако водата во нивните куќи достигна и до 1,5 метри.
КУМАНОВО ГИ ЗГРИЖУВА НАСТРАДАНИТЕ Маја Маневска Шестотини од вкупно 1.000 лица зафатени со завчерашните поплави во Куманово, од вчера се во колективното сместувалиште во основното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ во населбата „Перо Чичо“ во Куманово.
Во населбата Средорек вчера се зафатија со отстранување на последиците од невремето Столе БоЖиновски КУМАНОВО - Ромите на Средорек вчера се зафатија со расчистување на последиците од последната поплава со помош на локалната самоуправа и на државата, а граѓаните на Куманово во најостра форма почнаа ...
БИЛАНСОТ НА ПОПЛАВИТЕ ВО КУМАНОВСКО Кумановскиот градоначалник за наесен најавува делумна санација на речното корито Штети од над 2 милиона евра, евакуирани 600 луѓе и многу уништени домови е билансот на прексиноќешните поплави во Кумановско, откако обилните дождови предизвикаа излевање на реките ...
Пекинг Најмалку 14 лица загинале во големите поплави во северните и централните делови на Кина, што ги предизвикаа поројните дождови. Најтешка е ситуацијата во североисточната провинција Лјаонин, каде најмалку 10 лица ги загубиле животите, 46 се тешко повредени, а 35 се водат за исчезнати.
По завчерашните обилни дождови од кои се излеаја реките Кумановка и Липковка и поплавија неколку населби во Куманово и села во околината,градот полека ги сумира штетите од водената стихија. Општината формира колективен центар за сместување во основно училиште во населбата Перо Чичо.каде веднаш по ...
Во минатиот и во овој век, Македонија памети десетина големи поплави предизвикани од долготрајни и интензивни дождови. Од локалните поплави, најголеми штети беа направени од реките Вардар во Скопје, Тимјанишка и Неготинска река во Неготино и Луда Мара во Кавадарци.
ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ Сите знаеја дека ќе има невреме, а никој не ни помогна, оти политичарите за нас се интересираат само пред избори, се жалат жителите на дивата кумановска населба, претежно Роми Повеќе од двесте семејства со околу 1.000 жители од кумановската дива населба Средорек ...
ПОПЛАВЕНИТЕ КУМАНОВЦИ БАРААТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА Маја Маневска Околу 1.000 лица, меѓу кои и седумдесетина деца од кумановските населби Средорек и Бавчи, кои завчеравечер беа зафатени од силно невреме, нетрпеливо чекаа да бидат евакуирани од поплавените домови.
Црвенковски побара од АРМ да помогне Евакуирани околу илјада жители од населбите Средорек и Бавчи СТОЛЕ БОЖИНОВСКИ КУМАНОВО - Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски вчера и нареди на Армијата да се вклучи во санацијата на штетите кои го зафатија ...
Околу 600 кумановци, чии домови вчера беа поплавени од синоќа се евакуирани во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“. Тие се жалат на условите и на храната, велат дека спијат на под и дека се гладни. Околу 600 кумановци, чии домови вчера беа поплавени од синоќа се евакуирани во основното ...
ПОПЛАВИ Дождот што непрекинато врнеше од завчера вечерата до вчера попладнето го поплави Куманово. Евакуирани се околу 1.000 жители од населбата Средотек на кои во текот на ноќта излиената вода од реката Кумановска им влегла во домовите.
Куманово Околу 600 Кумановчани, чии домови настрадаа во поплавите во населбите Средорек и Бавчи, од синоќа се евакуирани и сместени во основното училиште “ Христијан Тодоровски Карпош”. Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски изјави за Макфакс дека за настраданите е обезбедена храна, ...
Букурешт Најмалку 31 лице настрадаа досега во десетдневните поплави во Романија, а уште три лица и натаму се сметаат се исчезнати, соопшти денеска романската полиција. Надојдените реки урнале стотици куќи во најтешкото погодена област Харгита, во централна Романија, каде е потврдена смртта на 13 ...
Обилните дождови кои завчеравечер од два часот по полноќ го зафатија поширокиот кумановски регион, третпат годинава предизвикаа излевање на реките Кумановка и Липковка и ги поплавија: дивата населба Средорек, месноста Бавчи, Поток Серава и населбите Бедиње, Режановце и Агино Село.
Куманово поплавено. Поројните дождови кои го зафатија овој регион трет пат оваа година го прелија коритото на Кумановска и Липковска река. Дождот почнал да врне во 3 часот утрово. Во некои делови измерени се врнежи од 90 литри на метар квадратен.
Куманово Дождот што од ноќеска интензивно врне го подигна нивото на реката Липковска која поплави повеќе населби и села во околината на Куманово, а локалната власт побара од државата итна помош во пари и градежна механизација, јавува дописникот на Макфакс.
Дваесет и седум лица го загубија животот во поплавите што го зафатија североисточен Иран по неколкудневните поројни дождови, соопшти вчера Иранското државно радио. Жртвите се од провинцијата Голестан на врегот на Каспиското Море, на границата со Туркменистан.
Пекинг Најмалку 28 лица загинаа, а четворица се водат за исчезнати во поплавите што ја зафатија кинеската провинција Хубеј, јавуваат денеска кинеските медиуми. Бурата, што непрекинато трае од 14 август, предизвика зголемување на нивото на реките и поплавување на провинцијата, поради што во прекин е ...
Букурешт Бројот на загинатите при поплавите, предизвикани од поројните дождови во Романија достигна 14 лица. Ова го соопшти министерството за внатрешните работи во Букурешт. Под вода се 200 000 домови, соопшти министерот за внатрешните работи Василе Блага. Над 1200 лица се евакуирани.