TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полицијата не ги апси убијците на Јосифовски

А1 - 26.10.2002

Се уште не се уапсени убијците на 18-годишното момче од Тетово Ванчо Јосифовски. Полицијата ги соопшти имињата на четворицата осомничени, но вели дека засега не може да ги уапси затоа што очевидците се плашат да ги потпишат изјавите со кои ги препознаваат сторителите, но и затоа што истите не биле ...

Родителите на убиениот матурант му ја вратија телеграмата на претседателот Трајковски

Вест - 26.10.2002

ОБЕЛОДЕНЕТИ ИМИЊАТА НА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ВАНЧО ЈОСИФОВСКИ ОД ТЕТОВО Нухија Џемалудин алијас командант Џими од селото Ѓермо, Шериф Идризи,Бурхамедин Нухија и Мухамед Рамадани се осомничени за убиството на 18-годишниот средношколец Ванчо Јосифовски од Тетово.

Двајца од убијците на Јосифовски, најверојатно, се во Италија

Утрински - 26.10.2002

По објавувањето на имињата на осомничените убијци од Тетово Убијците на Ванчо Јосифовски се надвор од Македонија, од кои двајца од нив, најверојатно, се пребегани во Италија. Иако според соопштението на Министерството за внатрешни работи четворицата осомничени се надвор од границите на Македонија, ...

Семејството на убиениот матурант повикува да запре лудилото во земјава

Утрински - 26.10.2002

Средба со новинарите на импровизираното кошаркарско игралиште каде што беше застрелан тетовскиот средношколец Гојко Ефтоски ТЕТОВО - Една недела по злосторничкото убиство на Ванчо Јосифовски, неговото семејство вчера собра мотиви и сила да проговори пред јавноста за големата семејна загуба.

Мајките од Тетово бараат од Трајковски безбеден живот

Утрински - 26.10.2002

Отворено писмо до претседателот на државава ТЕТОВО - "Како човек кој, според Уставот, има можности, права и обврски да нў заштити, бараме нешто да сторите нас Македонците од Тетово, да ни овозможите мирен и безбеден живот. Ние сме мајки на деца кои живеат во реонот на стариот Градски стадион каде ...

Чичкото на убиениот тетовски матурант не ја прима телеграмата од Трајковски

Дневник - 26.10.2002

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО ЈОСИФОВСКИ Политичарите не убедуваа дека оружјето е собрано, а нашите деца гинат со топка в рака, изјави Крсто Јосифовски Семејството на убиениот матурант од Тетово вчера изрази огорченост од односот на претседателот Борис Трајковски и од идниот премиер Бранко ...

Јосифовски бил убиен од командант на поранешна ОНА

Утрински - 26.10.2002

МВР ги соопшти имињата на лицата коишто во минатата сабота стрелаа во момчињата во Тетово ТЕТОВО - За подмолното убиство на младиот тетовец Ванчо Јосифовски се осомничени Џемалудин Нухија, познат како командант "Џиџи", од тетовското село Ѓермо, Шериф Идризи и Мухамед Рамадани од населбата Дреновец, ...

Убијците на Ванчо се киднаперите на дванаесетте Македонци?!

Дневник - 26.10.2002

МВР ТВРДИ Полицијата го сомничи Мухамед Рамадани од населбата Дреновец како иницијатор на одмаздничкиот масакр кај кошаркарското игралиште во Тетово, кој е брат на едно од момчињата повредено во престрелката со полицијата во претходниот ден Четворица тетовци, поранешни припадници на расформираната ...

Четворица осомничени за убиството на Јосифовски

А1 - 25.10.2002

Министерството за внатрешни работи ги соопшти имињата на четирите лица, поранешни припадници на ОНА, осомничени за убиството на 18-годишниот средношколец Ванчо Јосифовски од Тетово, кое се случи минатата сабота. Станува збор за Џемалудин Нухија, алиас „командант Џими“, од тетовското село Гермо, за ...

Убијците на Ванчо Јосифовски во бегство

А1 - 24.10.2002

Двајца од четворицата убијци на матурантот Ванчо Јосифовски од Тетово се во бегство и сега се на Косово, но не во базата „Бондстил“, како што тврдеа некои медиуми. Останатите двајца се уште се кријат во тетовските села, тврди полицијата, на која и се познати нивните имиња, но за сега не успеа да ги ...

Полицијата го знае идентитетот на убијците на Јосифовски

Утрински - 23.10.2002

По злосторот извршен врз недолжните момчиња и убиството на средношколец во Тетово ТЕТОВО - Во Истражното одделение при Основниот суд во Тетово вчера бевме информирани дека е отворена кривична постапка против непознат сторител.

Ванчо Јосифовски го убила албанска терористичка банда

Утрински - 22.10.2002

Вчера на православните гробишта тетовци се простија од својот сограѓанин Гојко Ефтоски ТЕТОВО - На православните градски гробишта во Тетово со сите верски почести беше погребан 18-годишниот Ванчо Јосифовски, подмолно убиен од албанска терористичка банда.

Над 5.000 тетовци се простија од убиениот матурант

Вест - 22.10.2002

ТЕТОВО ВО ГРЧ, ПОЛИЦИЈАТА МОЛЧИ Свирепо убиениот Ванчо Јосифовски, беше погребан на гробиштата во Тетово, а долгата колона мина низ централните улици на градот, кој беше потонат во траурна тишина На градските православни гробишта во Тетово, вчера попладне беше погребан 18-годишниот матурант од ...

Тетовчани се збогуваа со Ванчо Јосифовски

А1 - 21.10.2002

Денеска на градските гробишта во Тетово е погребан 18-годишниот Ванчо Јосифовски, кој беше убиен во саботата при нападот врз група момчиња Македонци на кошаркарско игралиште во градот. Колоната тетовчани тргна од домот на Јосифовски, „Благоја Тоска“ број 2, веднаш до игралиштето каде што Ванчо беше ...

Убиен матурант додека играл кошарка

Вест - 21.10.2002

НОВО ЗЛОСТОРСТВО ГО ПОТРЕСЕ ТЕТОВО Ванчо Јосифовски, 18-годишен матурант во Средното економско училиште во Тетово, застрелан е во саботата попладне додека играл кошарка со своите другари на игралиштето спроти стариот градски стадион.

Убиен Македонец додека играл кошарка

Дневник - 21.10.2002

Крвав викенд во Тетово Се претпоставува дека убиството на Ванчо Јосифовски и ранувањето на неговите двајца пријатели, е одмазда за смртта на млад Албанец, кој претходниот ден бил застрелан кога се обидел со автомобил да прегази полицаец Ванчо Јосифовски, матурант од Тетово, завчера попладне бил ...