TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Саркози- Експлозивот за атентатите во Лондон, најверојатно е од Балканот

Макфакс - 03.07.2005

Лондон Постојат сериозни сомневања дека експлозивите користени во атентатите во Лондон минатата седмица, се доставени од Балканот, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Никола Саркози. Тој, цитирајќи го својот британски колега Чарлс Кларк, рече дека некои од терористите ...

Британски инспектори денеска во Белград

Макфакс - 03.07.2005

Атина Група британски инспектори, експерти за тероризам, денеска допатувале во Белград, по минатонеделните експлозии во Лондон. Ова денеска го јави најслушаното грчко комерцијално радио “Скај“, не наведувајќи извор на информацијата.

Поради нападите Лондон ќе загуби околу 500 милиони долари во туризмот

Макфакс - 03.07.2005

Лондон Лондонските туристички работници сметаат дека терористичките напади во Лондон ќе предизвикаат загуби од половина милијарда долари во туризмот. Прогнозата на “Комитетот за брзо реагирање“ на Британскиот туристички сојуз, се однесувала на податоците по првите напади, што не ја исклучува ...

Не е користен кинески експлозив за нападите во Лондон

Макфакс - 02.07.2005

Пекинг Кина демантираше денеска дека експлозивите користени за терористичките напади во Лондон биле произведени во кинески воен завод, како што тоа го објавија повеќе светски медиуми, повикувајќи се на израелски специјални служби. “Таквото тврдење е крајно неодговорно.

Убиениот во лондонското метро поврзан со вчерашните експлозии

Макфакс - 02.07.2005

Лондон Човекот кој денеска беше убиен во метро станицата Стоквел во јужен Лондон бил еден од извршителите на вчерашните бомбашки напади во транспортниот систем, јави попладнево телевизијата Скај њуз, повикувајќи се на сигурни, анонимни извори.

Полицијата очекува нов напад во Лондон

Макфакс - 02.07.2005

Лондон Најверојатно ќе се случи нов терористички напад во Лондон, предупреди денеска Јан Блер, шеф на криминалистичката полиција Скотланд Јард „Веројатно ќе има нов терористички напад во Лондон, но датата не е позната“ - изјави шефот на Скотланд Јард во интервју за Радиото Би-Би-Си.

Апсења во Британија во врска со атентатите

Макфакс - 02.07.2005

Лондон Неколку лица се уапсени од полицијата во северна Англија во рамките на голема операција поврзана со терористичките нападите од минатата недела во Лондон. Ова го јави телевизијата Скај њус, повикувајќи се на полициски извори.

Група поврзана со Ал Каеда презеде одговорност за експлозиите

Макфакс - 02.07.2005

Лондон Група поврзана со терористичката Ал Каеда презеде одговорност за вчерашните најнови експлозии во лондонскиот транспортен систем. Четирите речиси истовремени експлозии што во четвртокот повторно, како и пред две недели, предизвикаа паника и хаос во лондонскиот транспортен систем, но овој пат ...

Лондон: Убиениот во лондонското метро поврзан со вчерашните експлозии

Макфакс - 02.07.2005

Лондон Човекот кој денеска беше убиен во метро станицата Стоквел во јужен Лондон бил еден од извршителите на вчерашните бомбашки напади во транспортниот систем, јави попладнево телевизијата Скај њуз, повикувајќи се на сигурни, анонимни извори.

Експлозивот за нападите во Лондон потекнува од Белград?!

Макфакс - 02.07.2005

Белград Експлозивот користен од “Ал Каеда“ при нападите во Лондон потекнува од Белград, пишува денеска весникот “Блиц“, повикувајќи се на информации од израелскиот интернет сајт “Дебка“. “Станува збор за добро организиран канал за трговија со оружје.

Ослободени двајцата задржани за експлозиите во Лондон

Макфакс - 02.07.2005

Лондон Пуштени на слобода се двете лица кои беа задржани во врска со вчерашните нови експлозии во транспортниот систем, денеска соопшти Скотланд јард. Против двете лица, чиј идентитет не е објавен, не се покренати обвиненија, ниту пак се осомничени за поврзаност со четирите напади во лондонското ...

Идентификувани уште две жртви од атентатите во Лондон

Макфакс - 02.07.2005

Лондон Две нови жртви од атентатите во Лондон се идентификувани и се британски државјани, соопшти денеска Скотланд јард. Полицијата ги идентификува телата на Џејми Гордон (30) и на Филип Стјуарт Расел (28), и двајцата жители на Лондон, кои загинале при атентатот во автобусот на Тависток Сквер.

Лондончани во цркви со почит кон жртвите на тероризмот

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Голем број на жители на Лондон се собраа денеска во лондонските цркви за да им оддадат почит на жртвите на терористичките напади во британската престолнина, и да одбележат 60 години од крајот на Втората светска војна. Верниците, претежно ветерани на војната, се собраа во црквата Вестминстер ...

Најмалку едно лице повредено, три помали експлозии во Лондон

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Три помали експлозивни направи експлодирале денеска на три станици на лондонското метро, само две недели по терористичките напади во Лондон, соопшти полицијата. Според истите извори, во експлозиите најмалку едно лице е повредено на станицата на подземната железница Ворен стрит.

Низа “инциденти“ во центарот на Лондон

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Низа инциденти се случија денеска во центарот на Лондон, јави британската ТВ станица скај њус, додавајќи дека една станица на подземната железница била евакуирана. Истиот извор наведе дека на местото на инцидентите пристигнале возила со спасувачки екипи.

Балкански муслимани одговорни за нападите во Лондон?!

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Балкански муслимани, односно терористи платеници најмени од “Ал Каеда“, се можни извршители на минатонеделните терористички напади во Лондон, смета угледниот британски весник “Индипендент“. Весникот, како што пренесува Макфакс, пишува дека британската полиција дошла до ваквиот заклучок врз ...

Тројца приведени на лондонскиот аеродром

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Три лица се уапсени на лондонскиот аеродром Хитроу согласно законот за борба против тероризмот, соопшти попладнево претставник на Скотланд Јард Брајан Падик. “Трите лица се приведени, но се уште не знаеме дали се поврзани со терористичките напади во центарот на Лондон“, ја пренесуваат ...

Две лица се задржани од полицијата во врска со денешните експлозии

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Две лица биле задржани од лондонската полиција во врска со денешните четири нови експлозии во транспортниот систем. Ова попладнево го јави ББЦ, не наведувајќи други детали. Пред неколку часа истата станица јави дека во близина на Даунинг стрит полицијата уапсила еден маж.

Скотланд јард - 52 загинати во атентатите во Лондон

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Најновиот биланс за терористичките напади во Лондон, што попладнево го соопшти британската полиција, се 52 загинати, јавија агенциите. Претходно, официјалните податоци говореа за 49 загинати во четирите експлозии што во четвртокот се случија во лондонското метро и еден автобус.

Евакуирани три станици на лондонското метро

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Три станици во лондонското метро се евакуирани поради мала експлозија што се случила во тунелот, јавува “Скај њуз“. Според истиот извор, инциденти биле регистрирани во близина на станиците “Ворен стрит“, “Степердс Буш“ и “Овалната станица“.

Експлозија на автобус во источен Лондон

Макфакс - 01.07.2005

Лондон Автобус во источен Лондон денеска експлодирал, јави попладнето британската ТВ станица Скај њус. Според западните агенции кои се повикуваат на полициски извори на местото на експлозијата се упатиле спасувачки екипи. Скај њус претходно јави за низа инциденти што се случија во центарот на ...