TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Катанец официјално потврди дека ја прифаќа понудата

А1 - 11.02.2006

Сречко Катанец денеска и официјално потврди дека ја прифаќа понудата на ФФМ да ја предводи нашата фудбалска репрезентација во квалификацискиот циклус за ЕП 2008. По вчерашното позитивно мислење на комисијата за избор на селектор, останува ангажманот на словенецот в четврток да го потврди управниот ...

"За" за Катанец

Вест - 11.02.2006

Комисијата за избор на селектор одлучи: Предлогот, Словенецот Сречко Катанец во нередниве две години да биде на чело на нашата фудбалска репрезентација, е прифатен од Комисијата за избор на селектор при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Идниот петок промоција на Катанец за селектор

А1 - 10.02.2006

Останува само уште и официјалната промоција на Среќко Катенаец како нов селектор на нашата фудбалска репрезентација. Тоа треба да се случи идниот петок кога словенецот ќе ги обелодени своите помошници, но и фудбалерите што ќе го повика за претстојниот дуел со Бугарија.

Катанец прифати!

Време - 10.02.2006

ФУДБАЛ Златко Крстевски Среќко Катанец, новиот македонски фудбалски селектор, ќе биде промовиран наредниот петок, на 17 февруари, на специјална прес-конференција. Ова било договорено вчера на состанокот помеѓу Катанец и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи-Ристески.

Ракување за двегодишна соработка

Вест - 10.02.2006

СРЕЧКО КАТАНЕЦ И ФФМ СЕ ДОГОВОРИЈА Со завчерашното ракување за соработка меѓу претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, и словенечкиот фудбалски стручњак Сречко Катанец се потврди неговото преземање на селекторската функција на нашата фудбалска репрезентација.

Промоција на Катанец на 16 февруари

Утрински - 10.02.2006

Завршија преговорите меѓу ФФМ и словенечкиот тренер Емил Китановски По завршувањето на дводневниот работен состанок помеѓу челниците на фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и најсериозниот кандидат за преземање на селекторската функција во македонскиот национален тим Словенецот Среќко ...

Соработници ќе избира од домашната понуда

Дневник - 10.02.2006

Фудбал - КАТАНЕЦ Ќе СЕ ВРАти НА ПРОМОЦИЈА Словенецот Сречко Катанец во идната недела ќе се врати во Скопје на промоција во нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. Управниот одбор на ФФМ ќе заседава в четврток, а свечената церемонија ќе биде в петок.

Катанец на "кормилото" за 120.000 евра плус премии

Вечер Прес - 10.02.2006

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија и словенечкиот стратег Сречко Катанец го завршија скопскиот дел од преговорите околу неговото преземање на селекторската функција. И двете страни одбија да дадат конкретен одговор за резултатите од разговорите, покажувајќи крајна ...

Катанец потпишува на 18 февруари

А1 - 09.02.2006

Словенецот Среќко Катанец на 18 февруари и официјално ќе биде промовиран за нов селектор на Македонската фудбалска репрезентација. Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Лазар Митревски за денешно љубљанско „Дело“ потврди дека Катанец ја прифатил селекторската должност, ...

Катанец дојде во Скопје на финални преговори

Време - 09.02.2006

Словенечкиот стратег Среќко Катанец вчера пристигна во Скопје на финалсни преговори со челниците на ФФМ околу преземањето на селекторската функција за во наредните две години. - Вашите луѓе дојдоа кај мене, сега јас сум тука. таков беше договорот.

Бобан Бабунски ќе му помага и на Катанец?

Време - 09.02.2006

ДОСЕГАШНИОТ В. Д СЕЛЕКТОР ЌЕ БИДЕ ВО НОВИОТ СТРУЧЕН ШТАБ НА А-ТИМОТ Златко Крстевски Бобан Бабунски, досегашниот вршител на должноста селектор и еден од помошниците на Србоцрногорецот Слободан Сантрач, веројатно, пак ќе биде во стручниот штаб на националниот А-тим, дознава „Време“.

Катанец во извидничка мисија

Вест - 09.02.2006

НОВИОТ ФУДБАЛСКИ СЕЛЕКТОР ВЧЕРА ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ - Вашата делегација беше во Љубљана, еве ме мене сега во Скопје. Имавме успешни преговори таму, но ќе треба да се договорат уште неколку финеси за да биде се конечно. Овие финеси можат да бидат и големи, но јас сум оптимист дека се ќе биде во ред ...

Катанец е одличен, ама не го кревајте во облаци

Време - 09.02.2006

ФУДБАЛ Никола Ѓуровски - Среќко Катанец е одличен селектор, кој, апсолутно, си ја знае својата работа, меѓутоа не му дозволувајте да се крене во облаци. Човекот има(ше) проблем со својот карактер, по успесите што ги направи(вме) со репрезентацијата на Словенија, тотално се промени и затоа нашата ...

Катанец: Ситници не делат до конечен договор

Утрински - 09.02.2006

Словенечкиот тренерски стручњак вчера попладне допатува во Скопје Емил Китановски Најсериозниот кандидат за пополнување на испразнетото селекторско место во македонската фудбалска репрезентација Словенецот Среќко Катанец вчера попладне пристигна во Скопје, на финални преговори со актуелното ...

Репрезентативец на две национални селекции

Утрински - 09.02.2006

Среќко Катанец кандидат за селектор на македонската фудбалска репрезентација Мидораг МицковиЌ Среќко Катанец, фудбалер, тренер и селектор со богата и успешна кариера, зад која останаа многу одиграни натпревари во дресот на Олимпија, Динамо, Партизан, Штутгарт, италијанската Сампдорија, имиграно за ...

Катанец: Дојдов да се договориме

Дневник - 09.02.2006

ФУДБАЛ - КАНДИДАТОТ ЗА СЕЛЕКТОР НА ЗАВРШНИ РАЗГОВОРИ СО ФФМ "Дојдов да се договориме". Со овој кус одговор им се заблагодари за гостопримството на скопскиот аеродром Петровец и пред хотелот "Бест вестерн" на македонските новинари Словенецот Сречко Катанец, кој пристигна на втора рунда разговори со ...

Катанец потпишува на 18 февруари

Макфакс - 09.02.2006

Љубљана Словенецот Среќко Катанец на 18 февруари и официјално ќе биде промовиран за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Лазар Митревски за денешно љубљанско “Дело“ потврди дека Катанец ја прифатил селекторската ...

ФФМ - Катанец втора рунда

Вечер Прес - 09.02.2006

Среќко Катанец вчера во 15 часот пристигна на скопскиот аеродром "Петровец", а во попладневните часови ги продолжи преговорите со раководството на ФФМ. Претседателот Хари Хаџи - Ристески и генералниот секретар Лазар Митровски со словенечкиот стручњак синоќа требаа во хотелот "Бест Вестерн" да ги ...

Катанец на средба со Хаџи Ристевски

А1 - 08.02.2006

Сречко Катанец од денеска во Скопје со Фудбалската Федерација на Македонија преговара за условите за преземање на кормилото на нашиот национален состав. Конечен договор се уште нема, Катанец избегнува да одговори дали треба само формално уште да биде промовиран како селектор.

Катанец денеска доаѓа на потпис

Време - 08.02.2006

ФУДБАЛ Златко Крстевски Словенечкиот фудбалски стратег Среќко Катанец доаѓа денеска во Скопје за да го потпише договорот за селектор на Македонија. Ова е епилогот што сите го претпоставуваа минатата недела, особено по преговорите на Катанец со раководните луѓе на ФФМ, претседателот Харалампие ...

Среќко Катанец на финални преговори во ФФМ

Утрински - 08.02.2006

Најсериозниот кандидат за селекторската фотелја денеска ќе допатува во Скопје Нашето раководство очекува позитивен одговор од Словенецот Емил Китановски Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Словенија и најсериозен кандидат за преземање на испразнетата селекторска фотелја во ...

Катанец доаѓа во Скопје за договор

Дневник - 08.02.2006

ФУДБАЛ Среќко Катанец денеска, околу 15 часот, ќе слета во Скопје да стисне рака со претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. На Словенецот во петокот му беше понудено во Љубљана да го преземе кормилото на македонската фудбалска репрезентација во квалификацискиот циклус за ЕП 2008.

Со Катанец ќе се преговара за помошниците

Вечер Прес - 08.02.2006

Среќко Катанец денеска пристигнува во Скопје на финални преговори за преземањето на селекторското место во фудбалската репрезентација на Македонија. ФФМ на словенечкиот стручњак веќе му резервираше авио-билет за летот во 13 часот и се очекува Катанец на аеродромот "Петровец" да пристигне два часа ...

Катанец пред потпишување договор со ФФМ

А1 - 07.02.2006

Македонската фудбалска јавност со нетрпение го очекува утрешниот ден кога нашата сениорска репрезентација треба да го добие новиот селектор. Вториот странец предводник на најпопуларниот национален тим Среќко Катанец е пред потпишување на договорот со ФФМ.

Сречко Катанец веќе е македонскиот селектор

Вест - 07.02.2006

ИАКО ЌЕ СЕ ЧЕКА УТРЕ ДА СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ Новиот репрезентативен учител в среда треба да допатува во Скопје. - Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, не можеше да го скрие задоволството од успешните преговори Сречко Катанец во наредните две години ќе биде селектор на нашата фудбалска ...

Промоција на Катанец

Макфакс - 07.02.2006

Скопје Словенецот Среќко Катанец претпладнево и официјално ќе биде промовиран во нов селектор на македонската фудбалска репрезентација која во следните две години ќе ја води во квалификациите за пласман на следното Европско првенство.

Катанец: Сигурно знаете и што вечеравме...

Време - 06.02.2006

„ВРЕМЕ“ И КАТАНЕЦ ОТВОРЕНО Никола Ѓуровски Среќко Катанец е на чекор до клупата на македонската фудбалска репрезентација. Поранешниот селектор на Словенија, кој успеа да ја одведе оваа земја на завршницата на ЕП 2000 и СП 2002, носи позитивни импресии од преговорите со челните луѓе на ФФМ, ...

Среќко сака да го види „штофот“ пред да прифати

Време - 06.02.2006

ФУДБАЛ Златко Крстевски Словенечкиот фудбалски стратег Среќко Катанец побарал време до среда за да размисли за понудата на Фудбалската федерација на Македонија за функцијата селектор на националниот А-тим. Првите луѓе на ФФМ, претседателот Харалампие Хаџиристески и генералниот секретар Лазар ...

Станојковиќ и Попивода - помошници на Катанец?

Дневник - 06.02.2006

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПОТВРДЕН ОДГОВОР ОД ЉУБЉАНА Вујадин Станојковиќ и Данило Попивода се фаворити за помошници на најверојатно идниот македонски фудбалски селектор Сречко Катанец, дознава "Дневник", иако Словенецот и ФФМ не се изјаснуваат по ова прашање.