Хрватска поведе постапка за трајно укинување на визите за Србија и Црна Гора, откако ЕУ во понеделникот ги стави обете земји, заедно со Македонија, на белата шенген-листа Портпаролот на хрватската влада, Златко Мехун, изјавил дека Хрватска ...
Бугарскиот министер за надворешни работи Румјана Желева денеска испрати писмена честитка до шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски со која ја поздравува одлуката на Советот на Европа за визната либерализација за Македонија.
Укинувањето на визниот режим за Македонија од страна на Европската унија (ЕУ) ќе донесе голем број бенефиции во повеќе сектори во ресорот транспорт и врски.
Албанскиот министер за внатрешни работи Љуљзим Баша денеска изјави дека и Албанија наскоро ќе биде вклучена во безвизниот режим на ЕУ, бидејќи има исполнето голем дел од обврските.
Визната либерализација претставува создавање на поволен амбиент за непречено остварување на економските контакти на македонските бизнисмени со нивните партнери од земјите - членки на Европската унија ЕУ.
Дел од амбасадите на земјите кои се во шенген зоната по одлуката за укинување на визите за македонските граѓани истакнаа соопштенија за тоа што ќе им биде потребно на граѓаните кога ќе патуваат По укинувањето на визите за македонските ...
Се овозможува подоминантно присуство на македонските компании на европските пазари, а бенефитот од либерализацијата е и во обратна насока, бидејќи се очекува и повеќе европски компании да дојдат на македонскиот пазар, вели Бранко Азески, ...
Веста од Брисел во Македонија беше дочекана со радост, воодушевување и честитки. Македонските граѓани се радуваат затоа што конечно ќе треба да заборават на долгите и мачни процедури за вадење визи.
Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ ја донесоа конечната одлука за укинување на визниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора. Оваа долгоочекувана одлука, попладнево (30.11.2009) во Брисел, ја објави шведското претседателство ...
Историски ден, празник, датум што ќе остане запаметен. Македонските граѓани не бираат зборови за да ја опишат радоста што ја чуствуваат денеска кога се очекува да биде потврдена одлуката за укинување на визите. Шенгенскиот ѕид паѓа.
Одлуката за укинување на визниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора ќе има големо значење за натамошниот развој на односите на овие земји со Европската унија.
Повеќе стотици Скопјани во понеделник се собраа пред Собранието на Македонија за да го изразат своето задоволство од одлуката на Брисел за укинување на визите.
Денеска е голем ден за Република Македонија и одлуката на Европскиот Совет за визна либерализација е долго очекувано добредојде за нашите граѓани во европската заедница.
Визната либерализација денеска во Скопје како историски чекор за македонските граѓани ја поздравија Претседателот Ѓорѓе Иванов, Премиерот Никола Груевски, како и преставниците на организации, партии, институции.
Граѓаните на Македонија од 19 декември годинава ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на шенгенската зона. Државите членки на Европската Унија(ЕУ) решија да ги укинат визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора ...
Укинувањето на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19. декември е најдобра гаранција дека вратите од Европа се отворени за нивните граѓани.
Од 19 декември македонските граѓани со биометриски пасош ќе може да патуваат во Шенген земјите без виза. Ова денеска во Брисел го реши Советот на министрите на Европската Унија Државниот врв денешниот ден го оценија како историски.Одлуката ...
Визната либерализација на Македонците ќе им овозможи да патуваат во 25 од 27 земји членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Ирска, и во уште три европски земји - Норвешка, Швајцарија и Исланд.
Укинувањето на визниот режим за влез во земјите од шенген зоната в понеделник дочекано е со позитивни реакции без исклучок од страна на политичката, експертската и пошироката јавност во Македонија.
Македонските граѓани заслужено ќе патуваат во државите на Европската Унија без визи. По денешната одлука на Советот на министрите на ЕУ за симнување на шенгенскиот ѕид за западен Балкан можеме да здивнеме, оценуваат за Макфакс политичките ...
Советот на министри на Европската унија денеска во Брисел треба да донесе одлука за укинување на краткорочните шенгенски визи за државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора, почнувајќи од 19 декември.
Од 19 декември македонските граѓани со биометриски пасош ќе може да патуваат во Шенген земјите без виза. Ова денеска во Брисел го реши Советот на министрите на Европската Унија Советот на министри на земјите на Европска Унија денеска во ...
Советот на министри на Европската Унија денеска ја усвои одлуката со која на граѓаните на Македонија, Србија, и Црна Гора им се укинуваат визите за патување во ЕУ.
Укинувањето на визите е голема и практична придобивка која ќе овозможи зголемена мобилност, размена на идеи, унапредување на соработката во сите сфери Ова се наведува во соопштението на македонското Министерството за надворешни работи во ...
Повеќе стотици скопјани попладне во понеделник започнаа да се собираат пред Собранието на Македонија за да го изразат своето задоволство од одлуката на Брисел за укинување на визите.
Во регулативата со која Македонија се префрла од црната на белата шенген листа се вели дека "граѓаните се ослободени од обврската за вадење визи за краткорочен престој, но без можност да работат во држави членки на ЕУ".
Укинувањето на визите не е подарок што им се дава на некои земји. Македонија го доби тоа бидејќи напорно работеа сите, а посебно министерствата за надворешни и внатрешни работи.
Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ денеска ќе одлучи дали ќе ги укине визите за граѓаните на Македонија, Србија и на Црна Гора Префрлањето на трите држави од „црната“ на „белата“ шенген-листа би ...