TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-НП бара одговорност од Селмани и Димов

А1 - 15.01.2006

ВМРО-Народна партија е зачудена од пасивниот однос на јавното обвинителство во однос на последниот извештај на Државниот завод за ревизија, особено во делот на здравството, рече денеска на прес-конференција Спиро Ристовски, член на извршниот комитет на партијата.

Три "Р"

Вест - 14.01.2006

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Децата се за сликање, министерките се за дарување 1 Убаво што ВМРО-ДПМНЕ откри дека министерот за здравство Владо Димов со државни пари им купувал накит на министерките. Ама ќе им верував дека навистина се сериозни ако не направеа карневал од тоа.

Димов да поднесе оставка

Време - 14.01.2006

ОК ВМРО-ДПМНЕ, ТЕТОВО Оставка од Владо Димов, министерот за здравство, побара и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој со државни пари се правел кавалер пред своите колешки од Владата и од Министерството. - Наместо парите што се собрани од граѓаните преку даноци и такси да бидат ...

Брошевите на Владо Димов и долговите за вода

Вечер Прес - 14.01.2006

Почетокот на новата година, уште еднаш ја потврди констатацијата дека Република Македонија е држава на апсурди. Кај нас стана апсолутно нормално, во услови на длабока економска, и во таа смисла, катастрофална општо-човечка и морална криза, луѓето, кои се избрани во наше име да управуваат со ...

Кавалер на свој трошок

Време - 13.01.2006

МЕРИ ЈОРДАНОВСКА Министерот Димов, кој во последно време повеќе се прослави со делење подароци отколку со здравствени реформи, по две недели размислување реши од свој џеб да ги плати парите за накитот што им го подари на колешките.

Министерот Димов од свој џеб даде пари за накитот

Време - 13.01.2006

ДВЕ НЕДЕЛИ ПО СКАНДАЛОЗНИОТ ШОПИНГ Министерот за здравство Владо Димов вчера уплатил 55.000 денари од свој џеб во буџетот, кои претходно ги потроши за да им купи новогодишни подароци на своите колешки. - Парите се уплатени. Не од друга причина, туку за да не се одвлекува вниманието на јавноста од ...

Димов ги врати 55-те илјади денари потрошени за новогодишни подароци

Утрински - 13.01.2006

По острите реакции на опозицијата за трошење државни пари за подароци на министерките Министерот за здравство Владо Димов вчера ги врати државните пари што ги потроши за новогодишни подароци за вицепремиерката Радмила Шеќеринска, министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска и за министерката ...

"Хоризонт" бара разрешување на министерот Димов

Дневник - 13.01.2006

МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР ВО КРИВА ПАЛАНКА Хуманитарното здружение "Хоризонт" од Крива Паланка бара разрешување од функциите на министерот за здравство Владо Димов и на директорот на тамошниот Медицински центар, Љупчо Петковски, поради тоа што работеле против интересите на граѓаните.

Бозата на Димов остана неиспиена

Дневник - 13.01.2006

МИНИСТЕРОТ ГО ПЛАТИЛ НАКИТОТ Министерот за здравство Владо Димов вчера не успеа да ги најде и да ги почести со боза младите од ВМРО-ДПМНЕ што собираат потписи за негова смена. Подмладокот на опозициската партија од завчера пред аптеките во Македонија организира петиција со која бара оставка од ...

Димов ги врати парите за новогодишните подароци

Вечер Прес - 13.01.2006

Министерот Владо Димов вчера на сметката на Министерството за здравство уплатил сопствени средства со кои ги надоместил парите што беа потрошени за купување на новогодишни подароци за трите дами во Владата и за дел од своите соработнички. "Она што го ветив, го исполнив.

Кривопаланчани највија протест

А1 - 12.01.2006

Кривопаланчани повторно ќе протестираат, ако се затворат половина оддели од единствената болница во градот. Министерот Димов веќе почна да ја спроведува рационализацијата, под изговор дека болницата нема доволно пациенти, ниту пак пари.

Илинка, Мери и Рада, вратете го накитот!

Вест - 12.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ СО ПОТПИСИ ЌЕ ГИ ВРАЌА СКАПИТЕ ПОДАРОЦИ ОД ДИМОВ ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од министерките Илинка Митрева, Мери Млааденовска-Ѓорѓиевска и Радмила Шеќеринска да го вратат накитот со кристали "сваровски" што им го подарил министерот за здравство, Владо Димов.

Рада не знаела дека Димов ја кити со државни пари

Вест - 12.01.2006

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ЗА ПОДАРЕНИОТ НАКИТ НА КОЛЕШКИТЕ Ако сакаат да задоволам нечии суети и за да ги заштитам оние што ги добија новогодишните подароци, поради почитта што ја чувствувам кон нив, спремен сум од свој џеб да ги вратам потрошените 55.000 денари за накит, ...

Министерки, вратете го накитот

Време - 12.01.2006

ПЕТИЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера ја почна акцијата за собирање потписи за петиција со која ќе се бара трите министерки во Владата Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, Илинка Митрева и Радмила Шеќеринска да го вратат накитот што министерот за здравство Владо Димов им го подарил за Нова ...

Со 55 илјади потписи до оставка од Димов

Дневник - 12.01.2006

АКЦИЈА НА МЛАДИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ вчера почна акција за собирање потписи со кои ќе се побара вицепремиерката Радмила Шекеринска и министерките за правда и за надворешни работи Мери Младеновска-Ѓорѓиевска и Илинка Митрева да го вратат накитот што им го подарил министерот за ...

Министерот Димов ги врати средствата со кои биле купени подароците за неговите колешки

Канал5 - 12.01.2006

Министерот за здравство Владо Димов денеска изјави дека на сметката на Министерството од свои лични средства уплатил 55 илјади денари со кои беа купени новогодишни подароци за дваесеттина негови соработнички. Скопје, 12 јануари (МИА) - Министерот за здравство Владо Димов денеска изјави дека на ...

ДИМОВ ЌЕ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ?

Вечер Прес - 12.01.2006

Искористувајќи ја можноста што им ја даде министерот за здравство, ВМРО-ДПМНЕ вчера почна уште една јавна акција- со собирање потписи со кои бара од министерките Мери Младеновска - Ѓоргиевска, Илинка Митрева, како и од вицепремиерката Радмила Шекеринска, да го вратат накитот што за Нова година им ...

Министер и џентлмен

Дневник - 11.01.2006

подароци на државна сметка Се што направив е во рамките на законот. Се работи за само 50.000 денари потрошени за дваесетина подароци, што е апсолутно во рамките на пристојното и дозволеното. Вака министерот за здравство Владо Димов одговори на критиките од ВМРО-ДПМНЕ дека троши народни пари за да ...

Кавалер за во Шведска

Дневник - 11.01.2006

Соња Казиовска Оставките може да бидат пригодни, принципиелни или изнудени, но секако се полезни. Зборуваат за здраво општествено ткиво и за неконјунктурноста на јавните функции. Да се повлечеш значи да се тестираш себеси. Ова го напиша вицепремиерката Радмила Шекеринска во една од своите колумни ...

Димов купувал скап накит за Рада, Илинка и за Мери

Вест - 10.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за здравство Владо Димов да поднесе оставка или да биде разрешен од премиерот Владо Бучковски поради тоа што со фактура на Министерството за здравство купил накит во вредност од 55 илјади денари.

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерот Димов

Време - 10.01.2006

ПОРАДИ НОВОГОДИШНИТЕ ПОДАРОЦИ Министерот за здравство Владо Димов да поднесе оставка или да биде разрешен од страна на премиерот Владо Бучковски бидејќи со фактура на Министерството купил накит во вредност од 55 илјади денари, побара ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Димов

Утрински - 10.01.2006

Прес на опозициската партија Од кабинетот на министерот Димов велат дека станува збор за скромни подароци ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за здравство, Владо Димов, да поднесе оставка или да биде разрешен од премиерот Владо Бучковски затоа што непосредно пред Нова година купил накит за трите министерки ...

Димов подарувал накит купен со државни пари

Вечер Прес - 10.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Министерот за здравство Владо Димов или пак, премиерот Владо Бучковски да го разреши од функцијата, поради тоа што со фактура на Министерството купил накит во вредност од 55 илјади денари. "Здравството се наоѓа во катастрофална состојба, а министерот Димов крајно ...

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Владо Димов

А1 - 09.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара министерот за здравство Владо Димов да поднесе оставка или да биде разрешен од страна на премиерот Владо Бучковски поради тоа што со фактура на Министерството купил накит во вредност од 55 илјади денари.

ВМРО ДПМНЕ бара оставка на министерот Димов поради купување скапи подароци од народни пари

Канал5 - 09.01.2006

ВМРО ДПМНЕ побара оставка од министерот за здравство Владо Димов или премиерот Бучковски веднаш да го разреши. Неодговорно и скандалозно го оценуваат купувањето на новогодишните подароци за министерките Митрева ,Младеновска на вицепремиерката Шеќеринска и на...