TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Жителите на Трпејца го спречија уривањето на дивоградбите

А1 - 12.06.2004

Акцијата за уривањето на дивоградбите во Охридска Трпејца денеска беше прекината откако група на жители од селото со кајчиња во езерото ги избркаа извршителите на урбанистичката полиција од езерскиот брег каде требаше да се урива уште една од 50-тината бесправни објекти од листата за рушење.

Охридскиот градоначалник против државата

Вест - 12.06.2004

НОВИ ОПСТРУКЦИИ НА АКЦИЈАТА ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ДОЛЖ ТРПЕЈЦА Државниот градежен инспекторат реагира на контрадикторностите и опструкциите од градоначалникот на Охрид Никола Наумов кој до лани барал да се урнат нелегалните објекти, а откако е почната акцијата пост Градоначалникот на Охрид ...

Инспекторатот го обвинува градоначалникот на Охрид

Утрински - 12.06.2004

Откако почна уривањето во Трпејца охрид - Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам го обвинува градоначалникот на Охрид, Никола Наумов, дека манипулира со јавноста, особено со жителите на Трпејца, на кои лажно им ветува дека ќе ја спречи акцијата за расчистување на крајбрежниот појас на ...

Охридскиот градоначалник глуми спасител, а бараше уривање во Трпејца

Дневник - 12.06.2004

ДРЖАВНИОТ ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОРАТ ОБВИНУВА Градоначалникот на Охрид, Никола Наумов, уште во минатото лето барал да почне уривањето на дивите објекти на охридското крајбрежје, тврди Државниот градежен инспекторат. Таму велат дека Наумов е "контрадикторен и дека со лажни ветувања сака да се претстави ...

Сопствениците на дивоградбите се закануваат дека ќе си одат во Албанија

А1 - 11.06.2004

Преку мирен протест насочен против рушењето на дивоградбите во Трпејца револтираните жители на ова туристичко село, собрани на езерскиот брег каде и денес се уриваа бесправните објекти, од државните институции побараа веднаш да запре акцијата за уривање затоа што во спротивност тие ќе се иселат од ...

Јакимовски: Локалната самоуправа е виновна за хаосот

Утрински - 11.06.2004

Се бара запирање на уривањето на дивоградбите ОХРИД - Акцијата на Државниот градежен инспекторат за уривање на дивоградбите во Трпејца продолжува, а расте и притисокот за нејзино запирање. Сопствениците на дивоизградени викендички на сопствено земјиште и градоначалникот Никола Наумов вчера побараа ...

Градоначалникот на Охрид бара стопирање на уривањето на дивоградбите

А1 - 10.06.2004

Градоначалникот на Охрид побара запирање на акцијата за уривање на дивоградбите до завршувањето на туристичката сезона, и завршување на процесите кои ги покренаа сопствениците на дивите објекти. „Туристичката сезона е почната, а многу жители на таа населба живеат и економски се поддржани од ...

Инспекторите се мачат да ја ничкосаат вилата на Ѓорчев

Време - 10.06.2004

УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ТРПЕЈЦА Дивоградбите на брегот на Охридско Езеро кај прекрасната Трпејца и вчера беа уривани од градежната инспекција. Петнаесетина работници веќе втор ден ја уриваат вилата на дедото на поранешниот министер за земјоделство Марјан Ѓорчев.

Падна вилата на Ѓорчев

Дневник - 09.06.2004

трпеЈца Градежните инспектори вчера ја уриваа вилата на дедото на поранешниот министер Марјан Ѓорчев, Ристо Димитров, во охридското село Трпејца. Како што дознаваме, дедото на Ѓорчев повел спор пред Врховниот суд и барал рушењето да се запре.

Во Трпејца се урива хациендата " Ѓорчев"

Вест - 09.06.2004

ГРАДЕЖНАТА ИНСПЕКЦИЈА И ВЧЕРАОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ ГО ЧИСТЕШЕ ОД ДИВОГРАДБИ Дивоградбата на блиското семејство на ексминистерот и пратеник Марјан Ѓорчев е изградена во строго заштитената зона на Националниот парк "Галичица" каде што е забранета секаква градба Градежната инспекција вчера, доцна ...

Цела Трпејца настрада поради вилата на Ѓорчев

Време - 09.06.2004

СЕ УРИВА НАЈСПОРНИОТ ОБЈЕКТ НА ОХРИДСКИОТ БРЕГ Катерина Нешкова Во селото Трпејца вчера почна уривањето на еден од најголемите и најспорни објекти, во сопственост на Ристе Димитров, информираат во државниот градежен инспекторат.

Се урива хациендата на дедото на Марјан Ѓорчев

Утрински - 09.06.2004

Продолжи акцијата за уривање на дивоградбите во охридското село Трпејца Поради непристапниот терен, објектот се урива без механизација, па уривањето може да потрае и неколку дена Симон Илиевски ОХРИД - Вчера попладне почна уривањето на дивоизградената викендичка на дедото на поранешниот министер за ...

Продолжува уривање на дивоградбите во Трпејца

А1 - 08.06.2004

Акцијата на Урбанистичката полиција за уривање на нелегално изградените куќи во селото Трпејца денеска продолжи во месноста Филев камен, каде спорните објекти се изградени на само неколку метри од езерото, во заштитената зона на Националниот парк Галичица.

Ќе ги потопиме новинарите

Вест - 08.06.2004

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДИВИТЕ ГРАДБИ ВО ТРПЕЈЦА СЕ ЗАКАНУВААТ "Не ви дозволуваме ништо да снимите. Ќе ве потопиме ако пробате со кајче да стигнете до Филев камен", беа дел од заканите упатени до новинарите. Револтираните граѓани кои имаат изградено дивоградби на државен Почна долгонајавуваното уривање на ...

Багери ја тресат Трпејца

Време - 08.06.2004

ГРАДЕЖНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ЈА ПРОДОЛЖУВААТ АКЦИЈАТА Катерина Нешкова Гоце Трпковски Со уривањето на куќата на Танас Горичан, покрај иконата на свети Никола, почна акцијата на Државниот градежен инспекторат за уривање на дивоизградените објекти во охридското село Трпејца.

Денеска Ѓорчев е на ред

Дневник - 08.06.2004

ТРПЕЈЦА Под силно полициско обезбедување, градежните инспектори вчера почнаа да ги уриваат дивите вили и објекти без документација во крајезерската населба Трпејца. Дознаваме дека денеска ќе се урива куќата на дедото на поранешниот министер Марјан Ѓорчев.

Се уриваат дивоградбите во Трпејца

Утрински - 08.06.2004

Продолжи акцијата за отстранување на дивоградбите на охридското крајбрежје Сопствениците на дивоградбите ги обвинија новинарите за акцијата на инспекцијата СИМОН ИЛИЕВСКИ ОХРИД - Акцијата за уривање на дивоградбите на крајбрежјето на Охридско Езеро вчера во видливо напната атмосфера продолжи во ...

Урбаната полиција урива дивоградби во Трпејца

А1 - 07.06.2004

По 1 месец на акцијата за уривање на дивите градби на Охридското крајбрежје на Државниот градежен инспекторат таа денес продолжи во Трпејца каде на новинарските екипи дел од локалното население не им дозволи да снимаат рушењето.

Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе биде одложено за наесен?

Утрински - 07.06.2004

Сопствениците на урнатите дивоградби ја обвинуваат инспекцијата за селективност Сомневањата за одложување на акцијата се темелат на фактот што е одложено уривањето на викендички во Трпејца и во центарот на Охрид СИМОН ИЛИЕВСКИ ОХРИД - Бавното одвивање на акцијата за справување со дивоградбите на ...

Урбаната полиција урива дивоградби во Трпејца

Канал5 - 07.06.2004

Уривањето на дивоградбите и другите објекти без соодветни дозволи долж Охридското крајбрежје денеска продолжи во крајезерската населба Трпејца. Ќе се уриваат вкупно 55 објекти изградени покрај брегот на Охридското Езеро и во забранетата зона во Уривањето на дивоградбите и другите објекти без ...