TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Бистри води" во Москва

Вечер Прес - 20.05.2006

Групата за изворно пеење и свирење "Бистри води", што е дел од ансамблот "Танец" на 24 мај ќе настапи на големиот гала концерт, кој по повод Денот на големите просветители св. Кирил и Методиј го организира Руската Федерација.

Васко Форти на "Дискавери"

Вечер Прес - 19.05.2006

Васко Форти ќе ја претставува Македонија на интернационалниот фестивал на забавна музика "Дискавери", кој ќе се одржи на 20 и 21 мај во Варна - Бугарија. Васко ќе биде единствен претставник од Македонија на фестивалот на кој ќе учествуваат 15 земји.

Русите го "газеа" НАТО

Вечер Прес - 19.05.2006

Официјални претставници на НАТО и Русија почнаа кампања за подобрување на имиџот на Алијансата меѓу руското население. За таа цел, тие вчера отворија фотографска изложба, која беше прекината на 15 минути, откако тројца демонстранти кои скандираа Смрт на НАТО, изгазија букет рози и ги искинаа ...

Авионот на МАТ имал "блиска средба" со молњи

Вечер Прес - 19.05.2006

Светлана БЛАЖЕВСКА Новиот авион на МАТ "канадиер џет 900" кој компанијата неодамна го купи од канадскиот производител "Бомбардие" минатата недела враќајќи се од Рим влегол во облак со молњи. Од "блиската средба" со молњите, како што се дознава, дошло до појава на искри и пилотите помислиле дека ...

"Бебето" се разголе

Вечер Прес - 19.05.2006

Во споредба со Имелда Маркос и нејзината колекција на чевли, Северина се чувствувала како мало бебе. Зашто имала само 300 пара чевли. А како се чувствува разголена, веројатно, и не е тешко да се претпостави!? Девојката која постојано е во центарот на вниманието и на секој начин се обидува да ...

"Лејла" соединува

Вечер Прес - 19.05.2006

"Лејла", песната на босанскохерцеговскиот претставник Хари Варешановиќ, соединува луѓе. "Ние сме доказ дека музиката ги поврзува луѓето, рекла Лејла Бабовиќ, шефицата на делегацијата предводена од Варешановиќ. "Хари Мата Хари е од Босна и Херцеговина, нашиот композитор Жељко Јоксимовиќ е од Србија ...

ЦРВЕН ТЕПИХ И "СТАРИ ФАВОРИТИ"

Вечер Прес - 19.05.2006

Откако заврши помпезноста на црвениот тепих и хистеричната атмосфера, по која следуваше премиерата на "Кодот на Да Винчи", можеме да зборуваме за филмовите во Кан, најголемиот филмски фестивал во Европа, дел од "фестивалската тројка" заедно со Берлин и Венеција.

Арамија "испразнил" 19 илјади евра

Вечер Прес - 18.05.2006

Ноќта помеѓу понеделникот и вторникот во скопската населба "Ѓорче Петров", арамија провалил во хангар за производство на алуминиумски профили и од канцеларија украл 19 илјади евра. Повикувајќи се на официјални информации добиени од МВР, кражбата се случила во хангар, кој е лоциран на улицата "1409" ...

Просветарите ќе се "опарат" од понеделник

Вечер Прес - 18.05.2006

Платите на вработените во образованието и културата доцнеле поради новиот начин на пресметка на платите. Тие со договореното покачување ќе почнат да се исплатуваат од понеделник, откако Министерството за образование ќе ги добие новите списоци.

Зелени ескадрили врз "Ентерпрајз"!

Вечер Прес - 18.05.2006

Американскиот носач на авиони "Ентерпрајз" , вчера при влезот во сплитското пристаниште беше пречекан со "канонади" од авиони од харија, што му ги испратија активистите на Зелена Далмација, кои на овој начин го изразија својот протест против нивното присуство во јадранските води.

Случајот "Нинџа" - лебедова песна за Верушевски ?

Вечер Прес - 17.05.2006

Експресната постапка за предметот кој се однесува на грабнувањето на кумановецот Миодраг М., односно експресно изречената пресуда повторно ја актуелизира проценката за судските процеси под притисок на полицијата или власта, од која и да е таа.

Натовци на "шопинг" со пиштоли

Вечер Прес - 17.05.2006

Тројца униформирани војници на НАТО со пиштоли, завчера попладне продефилираа меѓу толпата на улица "Македонија" движејќи се накај плоштадот "Македонија". Во моментот кога се се случуваше пред очите на луѓето и апаратот на фоторепортерот, на самата улица кафе пиеа и се шетаа повеќе од 100 луѓе, од ...

Отишле на одмор, газдата ги "заборавил"

Вечер Прес - 17.05.2006

Му поверувале на газдата и, по напорната работа, некаде пред велигденските празници, заминале на еднонеделен одмор. Оттогаш, што се вели, очи не му виделе. За време на првомајските празници тој си ги собрал машините и Конфекцијата, која во Кочани работела само шест месеци, ја преселил во ...

Том Круз "растура"

Вечер Прес - 17.05.2006

Најновиот филмски хит "Невозможна мисија 3", со Том Круз во главната улога, ги "растури" киноблагајните изминатите два викенди. Иако третото продолжение во Сад и Канада предизвика помалку интересирање од првите два делови, сепак, во САД само за првиот викенд заработи 47,7 милиони долари.

ЧАВКИТЕ ЈА "СОБРАА" ПЧЕНКАТА

Вечер Прес - 17.05.2006

Во Кочани ги исекоа тополите кај ЦК "Бели мугри" за да се спасат од чавките кои го "окупираа" централното градско подрачје и со своето гракање им го нарушуваа мирот на граѓаните, но проблемот се пресели на полето. Трајан Манасиев тврди дека чавките веќе ја "обрале" неговата нива засеана со пченка.

"Монтенегро" ги откажа летовите

Вечер Прес - 16.05.2006

Црногорската авиокомпанија "Монтенегро ерлајнз" откажа вкупно 34 летови, предвидени за 19, 20, 21 и 22 мај. За тие четири дена се откажани летовите за Белград, Цирих, Тиват и Подгорица, велат во управата на аеродромот "Никола Тесла" во Белград.

Александра Костенјук блесна во "Пентхаус"

Вечер Прес - 16.05.2006

Машкото списание "Пентхаус" и посвети четири страници на руската шахистка Александра Костенјук, која ја нарекуваат уште и Ана Курникова на шахот. На објавените фотографии таа е секси, но не е сосема разголена. "Мечтаам да играм со Гари Каспаров" - признава шампионката на Русија за 2005 година во ...

"Зелен пакет" за еко-едукација

Вечер Прес - 16.05.2006

Подигање на свеста и едукација за заштитата на животната средина кај најмладите е целта на проектот "Зелен пакет". Наменет е за ученици од петто до осмо одделение, а еколошкото образование ќе почне да се реализира во училиштата од септември 2008 година.

40% СКАСТРЕН: ФствлТ "Брќа МнАки", колку толку...

Вечер Прес - 16.05.2006

"Буџетот на Интернационалниот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки" е скратен за 40 проценти од Министерството за култура. Од градот Битола, иако беше најавено дека годинашната поддршка двојно ќе се зголеми, се уште немаме официјален одговор. Но нема да се случи да не се одржи Фестивалот.

"Кембел супа" за 11,8 милиони долари

Вечер Прес - 16.05.2006

Слика на американскиот поп-арт уметник, Енди Ворхол (1928-1987), на која е прикажана конзерва од супа е продадена на аукција во Њујорк за 11,8 милиони долари. Таа цена претставува рекорд за некоја слика од познатата серија "Кембел супа", соопшти аукциската куќа Кристи.

Државата да "замижи" пред валканиот капитал !

Вечер Прес - 16.05.2006

За време на транзицијата, минативе 15 години, од земјава во странски банки изнесени се неколку стотици милиони долари незаконски стекнати пари, а речиси исто толку се уште се во земјата, но имаат формално нелегализиран статус, тврдат познавачите.

Сет топка за "шпедитерите"

Вечер Прес - 16.05.2006

Салата во Градскиот парк, вечерва, повторно ќе биде мегдан во кој екипите на актуелниот шампион Ф.Работнички и Вардар О. ја продолжуваат трката во финалната серија од разигрувањето за титулата. "Шпедитерите" се во предност бидејќи, по саботната победа во Куманово, повторно поведоа (2-1) и сега се ...

"ТРИ" и Шербеџија вистински бум

Вечер Прес - 15.05.2006

Осумнаесеттата најголема книжевна фешта кај нас, денеска ги затвора портите на Скопскиот саем. И по ова издание на Меѓународниот саем на книга и либрографика, издавачите ќе речат дека се задоволни, но дека можело и подобро. Во прилог на ова е (проценката) за намалената посетеност, а аналогно на тоа ...

Кои "обавештајни" служби се "необавештени"?

Вечер Прес - 15.05.2006

Вооружени групи од Косово пред секои избори, шверц со цигари, случај "Ел Масри", Кондово... Македонските безбедносни служби должат многу одговори... Дали затаија разузнавачите во земјава или и тие се дел од играта? Учките повторно патролираат на македонска територија, велат информациите од теренот, ...

"Моби-пренос" од словачката Влада

Вечер Прес - 15.05.2006

Чешки новинар се обидел да ја прислушува седницата на словачката Влада со помош на мобилен телефон, кој бил оставен во салата за седници, јавија словачките медиуми. Како што пренесува МИА, телефонот бил оставен на масата каде што седи премиерот Микулаш Ѕуринда и бил подесен да снима.

"Ако пуштите вода, ќе падне крв!"

Вечер Прес - 15.05.2006

Малку недостигаше земјоделците од Горни Подлог и од Мојанци, Кочанско, да си ги извадат очите. Прашањето од животно значење беше: "Ќе садиме ориз или 'суви' култури?". Барајќи го одговорот, наместо за сеидба, последните денови од истекот на оптималните рокови тие ги посветија на блокади и меѓусебни ...

"Грик хотел" го купи "Метропол"

Вечер Прес - 15.05.2006

Белградскиот хотел "Метропол" деновиве доби нов сопственик - реномираниот синџир на хотели "Грик хотел". Новиот газда, Гркот Јанис Дацалотонакис за хотелот платил 27 милиони евра, што е речиси 11,5 милиони повеќе од почетната цена. Тој навести големо реновирање на хотелот и нови вложувања во Србија.

"Касарна" станува спортски центар

Вечер Прес - 15.05.2006

Гевгелискиот комплекс "Касарна" ќе се пренамени за спортско-рекреативни цели. Министерството за одбрана на РМ одлучи центарот да и го отстапи на локалната самоуправа во Гевгелија на привремено користење за период од 30 години, без надомест.