TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Реакции за прославата во Прохор Пчињски

Канал5 - 03.08.2003

Во Македонија мене ми се случува она што во Србија му се случува на Пахомије, изјавил Јован Вранишковски на прес конференцијата што вчера се одржала во манастирот Прохор Пчињски. Владиката Пахомије во Србија е обвинет за педофилија.

Српските црковници не ги отворија портите на „Прохор Пчински“

А1 - 02.08.2003

Македонската делегација на чело со претседателот на Собранието Никола Поповски и министрите за надворешни работи Илинка Митрева и за култура Благоја Стефановски денеска наместо во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, за првпат откако се чествува историскиот датум на Првото заседание на АСНОМ, положи ...

Скандалот кај „Прохор Пчински“ во фокусот на српските медиуми

А1 - 02.08.2003

Белградските електронски медиуми денеска детално известуваат дека македонскиот национален празник Илинден е прославен на караулата „Прохор Пчински“, наместо во просториите во истоимениот манастир. Според нивните оценки, на прославата покрај високите државни делегации од двете земји, присуствувале и ...

СМК не очекува инциденти на „Прохор Пчински“

А1 - 01.08.2003

„Не очекувам инциденти на `Прохор Пчински` и судири со националисти како што беше кога Шешељ ги извади спомен плочите“, изјави за А1 Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес. Тој смета дека македонските власти треба да го уапсат Зоран Вранишковски, а доколку утре тој е во Србија да ...

Во „Прохор Пчински“ ги нема спомен плочите од АСНОМ

А1 - 01.08.2003

Во манастирот „Прохор Пчински“ ништо не покажува дека утре ќе се слави државноста на ова историско место за Македонците. Спомен плочите од АСНОМ ги нема. Останаа само празните sидови и клинците каде требаше да се закачат овие историски обележја.

Српската власт отстапува од Спогодбата за разграничување

А1 - 01.08.2003

Поставувањето на спомен обележјата во манастирот „Прохор Пчински“ се дел од обврската што треба да ја исполни Србија кон Македонија превидена во Договорот за разграничување меѓу двете држави. Властите во Белград ова не го испочитуваа, иако преземаа обврска.

СПЦ ја условува прославата на Илинден во „Прохор Пчињски“

А1 - 01.08.2003

Српскиот епископ Иринеј денеска повтори дека Српската православна црква нема да и дозволи на македонската делегација да го одбележи Илинден во просториите на манастирот „Прохор Пчински“. Тој спомена дека одлуката може да се промени само доколку од македонската Владата „добие официјална потврда дека ...

Свилановиќ ќе му биде домаќин на Поповски во "Прохор Пчињски"?!

Утрински - 01.08.2003

По најавите дека ќе биде проблематично утрешното чествување на македонската делегација на споменикот на АСНОМ СОЊА КРАМАРСКА Вчерашниот ден пред утрешната посета на македонска државна делегација на манастирот "Прохор Пчињски" измина во интензивни консултации на нашиот амбасадор во Белград, Виктор ...

Српска делегација ќе ја дочека македонската во Прохор Пчињски

Канал5 - 01.08.2003

Македонска делегација утре дефинитивно заминува за Прохор Пчински. Илинден најверојатно ќе се чествува без вратени плочи од АСНОМ, но затоа, и покрај неизвесностите, во манастирот на дочек ќе дојде официјална српска делегација.

СПЦ ја негира македонската државност

Утрински - 01.08.2003

Реакција на Светиот синод на МПЦ Македонската православна црква остро реагира на последното соопштение на Српската православна црква, преку кое смета дека СПЦ, конечно, ги покажала своите висински намери, преку тоа што не го негира само постоењето на МПЦ, туку и на македонската државност.

Враќање на темниот вилает на Балканот

Утрински - 01.08.2003

Изјава на министерот за култура, Благоја Стефановски "Никој нема право да ни забрани да чествуваме за празникот Илинден во манастирот "Прохор Пчињски". Ваквото однесување претставува враќање на темниот вилает на Балканот", рече министерот за култура, Благоја Стефановски, запрашан за најновите ...

Македонска и српска државна делегација заедно на "Прохор Пчињски"

Дневник - 01.08.2003

и покраЈ противењето на спц Српската влада ги поддржа намерите на Македонија да ја прослави 100-годишнината од Илинден и годишнината од АСНОМ во манастирот "Св. Прохор Пчињски" и нема разбирање за условувањата од Српската православна црква упатени до Владата во Скопје.

Со негирањето на прославата се спори македонската држава

А1 - 31.07.2003

Односот на СПЦ и нејзиното негирање на политичкиот договор за прослава на македонскиот државен празник на Прохор Пчињски е однос во кој од националистички позиции се спори позицијата на македонскиот народ, црква и држава. Таквиот однос нема битно да ги влоши меѓудржавните односи на Македонија и ...

Белградските весници ги пренесуваат заканите на Иринеј

А1 - 31.07.2003

Најважните белградски весници на првите страници ги пренесуваат вчерашните заканувачки зборови на Иринеј, дека црквата нема да дозволи македонската државна делегација да го одбележи празникот Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“.

МПЦ со повик достоинствено да се одбележи јубилејот

А1 - 31.07.2003

Уште никој не знае ќе се слави ли или не Илинден во Прохор Пчињски со плочите од АСНОМ. Иако за денеска беше најавен состанок на македонскиот амбасадор Виктор Димовски со срспскиот шеф на дипломатијата Горан Свилановиќ на кој требаше да се договори како ќе се слави во Пчињски, тоа не се случи.

Македонското достоинство не е под ничија јурисдикција

Дневник - 31.07.2003

Коментар - Катерина Блажевска Само ден пред прославата на Илинден, Српската православна црква го услови своето гостопримство во "Св. Прохор Пчињски" со скандалозен куп барања, кои го надминуваат дури и генеричкото значење на поимот ултиматум.

СПЦ ќе ги затвори портите на "Св. Прохор Пчињски" за славениците од Македонија?!

Дневник - 31.07.2003

НОВИ ЗАКАНИ ОД БЕЛГРАД ПРЕД ИЛИНДЕН Не одговараме на ултиматумите од СПЦ, туку се подготвуваме за прослава, велат македонските власти Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека нема да и дозволи на македонската државна делегација да го чествува Илинден во манастирот "Св.

Арифи побара од Матиќ да посредува за прославата во "Прохор Пчињски"

Утрински - 31.07.2003

Писмо до амбасадорката на СиЦГ во Македонија Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Теута Арифи, вчера упати писмо до амбасадорот на Србија и Црна Гора во Македонија, Бисерка Матиќ-Спасоевиќ, по повод состојбата со враќањето на спомен-обележјата од Првото заседание на АСНОМ ...

Иринеј бара слободен влез на српски свештеници и ослободување на Јован

Утрински - 31.07.2003

СПЦ останува на ставот да не дозволи поставување на плочите и прослава на Илинден во „Прохор Пчињски" Српската православна црква нема да и дозволи на македонската државна делегација да чествува на Илинден во манастирот "Св. Прохор Пчињски" доколку македонската Влада не престане со ?незаконски и ...

СПЦ го услови присуството на „Св. Прохор Пчињски“

А1 - 30.07.2003

Владиката Иринеј изјави дека СПЦ нема да дозволи македонската делегација да го одбелжи Илинден во манастирот Прохор Пчињски, ниту плочите да се вратат во манастирскиот комплекс. СПЦ оваа одлука може да ја промени само доколку македонската влада писмено вети, дека нема дискриминаторски да се ...

Поповски: „Ќе ја предводам делегацијата во Прохор Пчињски“

А1 - 30.07.2003

Претседателот на собранието Никола Поповски останува на ставот: „Ќе ја предводам делегацијата во Прохор Пчињски, а не сакам да ги коментирам одлуките на СПЦ“. Тој воопшто не сакаше да ги коментира ставовите на Иринеј и неговите пораки дека прослава во Пчињски нема да има.

Ситуцијата околу Прохор Пчињски максимално напната

А1 - 30.07.2003

Политиката на ултиматуми и непризнавање на СПЦ кон МПЦ и последниот понижувачки спор околу прославата на македонската државна делегација на Илинден во Прохор Пчињски, доведе до една максимално напната состојба која се заканува да ги влоши и меѓудржавните односи.

Спикерот Никола Поповски одлучи да оди во "Св. Прохор Пчињски"

Дневник - 30.07.2003

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН Ако не бидат вратени спомен-плочите, чествувањето ќе се одвива на бина, која ќе биде подигната пред манастирската чешма Претседателот на Собранието Никола Поповски одлучил да ја предводи државната делегација која на 2 август треба да положи цвеќе во манастирот "Св.

Македонска делегација ќе присуствува на Прохор Пчињски на 2. август

А1 - 29.07.2003

Претседателот на Собранието Никола Поповски денеска потврди дека ќе ја предводи државната делегација на чествување на Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, на 2 август, каде што ќе положат цвеќе, независно дали плочите ќе бидат вратени во манастирот или не.

Живковиќ ветил дека Илинден ќе се слави во "Св. Прохор Пчињски"

Утрински - 29.07.2003

ВЛАДА >„Решавањето на спорот со спомен-плочите во манастирот "Св. Прохор Пчињски" сега се наоѓа на ниво на заводите за заштита на споменици на Македонија и на Србија", изјави вчера портпаролот на македонската Влада, Сашо Чолаковски.

Скопје се надева СПЦ да попушти

Дневник - 29.07.2003

ВРАЌАЊЕ НА ПЛОЧИТЕ ВО "ПРОХОР ПЧИЊСКИ" Српската влада и Српската православна црква се уште немаат постигнато договор за поставувањето на спомен-плочите во манастирот "Св. Прохор Пчињски", а македонската влада се уште се повикува на ветувањето од српскиот премиер Зоран Живковиќ дека за ...

МНР тврди дека Илинден ќе се слави во „Прохор Пчињски"

Утрински - 29.07.2003

Дипломатска комуникација меѓу Белград и Скопје Комуникацијата меѓу македонската и српската влада се движи во посакуваната насока и оптимисти сме дека сто години од државноста на 2 Август во манастирот ?Прохор Пчињски" ќе биде достојно одбележана, изјави вчера за ?Утрински весник", ...

СПЦ може да тактизира за "Прохор Пчињски" најдоцна до среда

Утрински - 28.07.2003

Јован Ристов, директор на Заводот за заштита на спомениците на Македонија, за прославата на Илинден КАТИЦА ЧАНГОВА Денеска ќе се знае дали во манастирот "Прохор Пчињски" ќе бидат вратени спомен-плочите кои се сведоштво за одржувањето на заседанието на АСНОМ во 1944 година, а со тоа и дали ...

Спомен-плочите ќе се вратат во "Прохор Пчињски" кога ќе сака СПЦ

Дневник - 28.07.2003

СПОРЕД НИШКИОТ ВЛАДИКА ИРИНЕЈ Манастирскиот комплекс "Прохор Пчињски" е во надлежност на Српската православна црква и таа ќе реши кога во манастирот ќе бидат вратени трите спомен-плочи од Првото заседание на АСНОМ, изјавил нишкиот владика Иринеј по средбата со претставници на српскиот Завод за ...