Македонските музички уметници годинава ќе добијат нова, трета сцена во зградата на МОБ, која ќе биде наменета за претстави и за концерти од камерен карактер.
Со едночинката "Валпургиска ноќ", како предигра на балетската претстава "Шехерезада", вечерва во 20 часот ќе започне сезоната во Македонската опера и балет. Либретото на претставата е на Александар Бену, кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија, а ќе диригира Саша Николовски - Ѓумар.
Балетската сезона во МОБ ќе се отвори вечерва со „Шехерезада“ пред која како увертира Бобан Ковачевски и Наташа Николова ќе настапат во „Валпургиска ноќ“...
Македонската опера и балет во новата сезона ќе располага со комплетно функционална сцена. - По 25 години ги менуваме софтверот и техниката. Работи целиот систем од 45 чиги, од кои до скоро беа употребливи само 10, како и ротацијата на сцените и лифтовите - вели Оливер Арсовски, директор на МОБ.
Со „Шехерезада“ стартува новата балетска сезона Со изведба на претстава „Шехерезада“ од Николај Римски Корсаков, утревечер во 20 часот почнува новата сезона на Македонскиот балет.
Прв пат по дваесетина години се реновираше сцената на Македонската Опера и Балет, проект што чини 40 милиони денари, а го финансираше Министерството за култура.
Со операта "Риголето" на 12 октомври ќе започне сезоната на Македонската опера. На вчерашната прес-конференција беше објавен и комплетниот репертоар на МОБ до крајот на годинава.