TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Избран првиот бискуп - хомосексуалец

Утрински - 07.08.2003

Сад Минеаполис - Каноникот Џин Робинсон од Њу Хемпшир, кој јавно ја изнесуваше својата хомосексуална ориентација, на конвенцијата на Епископалната црква на САД, одржана во Минеаполис во сојузната американска држава Минесота, беше избран за бискуп.

За прв пат хомосексуалец избран за поглавар на Англиканската црква

Вест - 07.08.2003

Пречесниот Џин Робинсон е избран за бискуп на американската заедница во Њу Хемпшир МИНЕАПОЛИС, (АП) - Американската Епископска црква го одобри изборот на својот прв бискуп хомосексуалец, решение кое може да предизвика раздор во оваа црква и да ги влоши односите со нејзините сестрински цркви низ ...

Избран првиот бискуп хомосексуалец

А1 - 06.08.2003

Каноникот Џин Робинсон од Њу Хемпшир, кој јавно ја изнесуваше својата хомосексуална ориентација, на синоќешната конвенција на Епископалната црква на САД, одржана во Минеаполис, Минесота, беше избран за бискуп. За Робинсон гласаа 62 од вкупно 107-те членови на Бискупскиот дом на Епископалната црква, ...

Хомосексуалците мора да ја водат својата битка

Дневник - 06.08.2003

Коментар - Драги Јанковски Центарот за граѓански и човекови права најави јавна кампања против хомофобијата во земјава. Гест за поздравување, ако сме решиле да бидеме демократско општество во кое нема место за предрасуди, стереотипи и за прекршување на основните човекови права.

Македонските хомосексуалци живеат во постојан страв од јавна осуда

Дневник - 06.08.2003

ХОМОФОБИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Страв ми е, ако татко ми дознае дека сум хомосексуалец, да не ме исфрли како партал на улица. Тоа го знам зашто го слушам честопати како коментира за некој филм или прочитана вест во која се зборува за хомосексуалци.

ОН ќе им даде рамноправен статус на своите службеници хомоскесуалци

Вест - 06.08.2003

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, (Ројтерс) - Додека владее контроверзата околу тоа дали треба да се легализираат браковите од ист пол, Обединетите Нации завчера објавија дека работат да најдат начини како да им даде рамноправен статус на своите службеници со хомосексуална ориентација.

Американската црква назначи хомосексуалец за бискуп

Утрински - 05.08.2003

Крај на дилемите околу сексуалната ориентација на свештениците Англиканската црква во Америка позитивно се изјасни за назначувањето на еден хомосексуалец за бискуп. Епископскиот претставнички дом - создаден од свештенство и световни лица - одлучи со големо мнозинство дека отецот Кенон Џин Робинсон ...

Хомосексуален протест со бакнување во Бразил

Вест - 05.08.2003

САО ПАУЛО, (Ројтерс) - Стотици хомосексуалци во Бразил се споија со бакнеж во еден трговски центар во Сао Пауло во знак на протест за правата на хомосекуалците поради тоа што полицаец опоменал една хомосексуална двојка да престане да се бакнува на јавно место.