TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Лисиците" остануваат до јуни под лидерство на Италија

Утрински - 20.02.2002

Заедничка прес-конференција на меѓународните претставници во Македонија "Македонија се наоѓа на чекор од целосно имплементирање на мировниот договор и наскоро ќе добие признание од меѓународната заедница во вид на донаторска конференција.

И НАТО ќе ги обезбедува гласачките кутии

Вест - 20.02.2002

КОСОВСКА ИЗБОРНА СЛИКА И ВО МАКЕДОНИЈА Ако мониторите на ОБСЕ и на Европската унија бидат присутни на гласачките места, тогаш таму ќе бидат и "лисиците", зашто нивниот мандат е да ги штитат нив Војниците на НАТО, најверојатно, ќе присуствуваат на гласачките места заедно со претставниците на ОБСЕ и ...

Ризикот од пролетна офанзива е сведен на минимум

Дневник - 20.02.2002

ПОРТПАРОЛОТ НА НАТО КАТЕГОРИЧНО ТВРДИ Таквите гласини не придонесуваат за градење доверба и за желбите на донаторите да дадат пари, вели Ретклиф Македонија е на чекор од целосно спроведување на рамковниот договор и наскоро ќе добие признание од меѓународната заедница во вид на донаторска ...

Германија го задржува лидерското место на „Лисиците“

А1 - 19.02.2002

НАТО го продолжи мандатот на мисијата „Клибарна лисица“ во Македонија за уште три месеци, односно до 26-ти јуни, како одговор на официјалното македонско барање мисијата на Алијансата да биде продолжена за уште три, односно шест месеци.

Робертсон му пишува на Трајковски

А1 - 19.02.2002

За синоќешната одлука на НАТО за ново 3-месечно продолжување на мисијата „Килибарна Лисица“ во Македонија, генералниот секертар на Алијансата, Џорџ Робертсон денеска и формално со писмо го извести претседателот Борис Трајковски, како што вети при последната посета на Скопје.

НАТО без конечна одлука за "лисиците"

Утрински - 19.02.2002

Десет дена по официјалното барање од премиерот Љупчо Георгиевски Слободанка Јовановска Одговорот за продолжување на мандатот на силите на НАТО во Македонија, што Џорџ Робертсон толку транспарентно најави дека ќе му го испрати на претседателот Борис Трајковски, и вчера, десетина дена по барањето, не ...

Германија и во наредните три месеци на чело на "лисиците"

Утрински - 19.02.2002

Според најавите од Брисел Брисел - Германија ќе биде одговорна за Мисијата на НАТО во Македонија "Килибарна лисица" и во наредните три месеци, дознава Макфакс, од високи извори на Алијансата во Брисел. Во Берлин вчера требаше да приврши процедурата за официјализирање на продолжувањето на ...

За "лисиците" дилеми, за Ле Роа нов мандат

Дневник - 19.02.2002

СИНОЌА ВО НАТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ ОДЛУКАТА До доцна синоќа во НАТО беше во тек процедурата на молчење за донесување на одлуката за продолжување на мандатот на "Килибарните лисици" во нашата земја. Мандатот ќе биде продолжен за три месеци по 26 март, со можност за нови три месеци и по јуни годинава.

Германија и во наредните три месеци на чело на „Лисиците“

А1 - 18.02.2002

Германија ќе биде одговорна за мисијата на НАТО во Македонија, „Килибарна лисица“ и во наредните три месеци, се дознава од високи извори на Алијансата во Брисел. Во Берлин денеска привршува процедурата за официјализирање на продолжувањето на германската команда на „Лисиците“, по што генералниот ...