TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ердоган нов премиер на Турција

Утрински - 13.03.2003

Неколку дена по победата на вонредните избори АНКАРА - Лидерот на владејачката партија на Турција, Реџеп Таип Ердоган, е именуван за премиер, неколку дена по победата на вонредните избори, со што го расчисти теренот за ново гласање за распоредување на американските единици.

Ердоган ита кон премиерската функција

Капитал - 13.03.2003

Неформалниот лидер на Партијата на правдата и развојот стана пратеникЕрдоган ита кон премиерската функцијаСега е само прашање на време кога Ердоган ќе биде номиниран и назначен за премиер и кога, ако го има, би се одржало повтореното гласање во Парламентот за американска инвазија врз Ирак од турска ...

Ердоган доби мандат за нова влада

А1 - 11.03.2003

Лидерот на владеачката партија во Турција Тајуп Ердоган потврди попладнево дека шефот на државата го назначил за премиер и побарал од него да формира нов владин кабинет. „Претседателот Абдула Сезар ми довери задача да формирам нова влада на Турција“, изјави лидерот на Партијата на развојот и ...

Турскиот премиер Ѓул се повлекува, патот слободен за Ердоган

Вест - 11.03.2003

АНКАРА, 11 март (Ројтерс) - Турскиот премиер Абдула Ѓул вчера изјави дека ќе се повлече од функцијата за да му го отстапи местото на лидерот на владејачката партија на турција Тајип Ердоган кој во текот на оваа недела треба да даде заклетва како нов член на парламентот.

Ѓул се повлекува во корист на Ердоган

Утрински - 11.03.2003

Наскоро смена на премиерската позиција во Турција АНКАРА - Турскиот премиер Абдула Ѓул изјави вчера дека ќе се повлече од неговата позиција за да му отстапи пат на партискиот лидер Таип Ердоган, кој треба да даде заклетва како парламентарен пратеник во оваа недела.

Ердоган конечно ќе стане премиер на Турција

Дневник - 11.03.2003

ТУРСКА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА Лидерот на турската владејачка Партија на правдата и развојот, Реџеп Таип Ердоган, завчера беше избран за пратеник, со што го исполни условот за да стане и премиер на Турција, јави МИА. ППР убедливо победи на изборите одржани во ноември 2002 година, но нејзиниот водач не ...

Реџеп Ердоган иден премиер на Турција

А1 - 10.03.2003

Лидерот на владеачката турска Партија на правдата и напредокот Реџеп Таип Ердоган, деновиве се очекува да стане нов премиер на Турција, откако вчера победи на повторените парламентарни избори во Сиирт на југоистокот на Турција.

Ердоган на чекор до премиерското место

Утрински - 10.03.2003

Претстои брза промена на чело на владата во Турција ШИИРТ - Таип Ердоган, лидер на турската владејачка партија, вчера го повтори својот став дека ќе се бори за место во парламентот кое ќе му го отвори патот да стане премиер и да го оконча периодот на несигурна "двојна власт" во земјата.