TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

29-ти роденден на Општина Карпош

Вест - 29.11.2005

Општина Карпош вчера ја прослави 29-годишнината од формирањето на Општината. По тој повод во Општината се одржа свечена академија, на која беа презентирани новите грб и знаме. На роденденската забава присуствуваше и градоначалникот на збратимената општина Нов Белград, Жељко Ожеговиќ.

Ѓорче Петров ќе учи од грчките општини

Време - 29.11.2005

ПО САЕМОТ ВО СОЛУН Општините во соседна Грција се подобро организирани, со поголеми буџети, повеќе надлежности и имаат одлична соработка со приватниот сектор, вели Сокол Митровски, градоначалник на општината Ѓорче Петров, по враќањето од традиционалниот саем на општини што минатата недела се одржа ...

Општина Карпош прослави 29 години постоење

Утрински - 29.11.2005

Свечена академија по повод јубилејот По повод јубилејот, градоначалникот Андреј Петров официјално ги претстави грбот и знамето на Општината Со свечена академија Општина Карпош вчера ја одбележа 29-годишнината од своето постоење.

Изградена во космополитски дух

Дневник - 29.11.2005

ДОСИЕ: ОПШТИНА КАРПОШ Постарите скопјани се уште се сеќаваат на времето пред триесетина години кога трчале преку нивите и ливадите на чие место денеска се издигаат домовите на жителите на општината Карпош. Изградена десетина години по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Карпош денес влегува ...

Модерна и млада со 29 лета

Вечер Прес - 29.11.2005

"Општина Карпош со забрзан од, чекори напред и се стреми да прерасне во модерна, европска, урбанизирана средина со сите задоволства за современо живеење. Времето навистина брзо поминува, годините се нижат, а општината, како и секој жив организам, бара постојано ангажирање-одржување на веќе ...

Ѓорчепеторвци данок плаќаат на Општина Карпош

Вест - 28.11.2005

Жителите на Општина Ѓорче Петров, од невнимание даноци плаќале на жиро сметката на Општина Карпош.Тие наместо да го користат идентификацискиот број на општина Ѓорче Петров 178, го користеле бројот 179 кој всушност е број на Општина Карпош.

Се расчисти дива депонија крај Вардар

Утрински - 28.11.2005

Општина Ѓорче Петров во соработка со МЖСПП Општината Ѓорче Петров во соработка со Министерството за животна средина и градежното претпријатие "Маврово° ја расчисти дива депонија покрај реката Вардар, во близина на фудбалското игралиште на Македонија Ѓ. П.

Карпош слави 29. роденден

Дневник - 28.11.2005

ГОДИШНИНА Со свечена академија што ќе почне во 11 часот Општината Карпош денеска ќе ја прослави 29-годишнината од формирањето. На прославата ќе бидат промовирани новиот грб и знамето на Општината. Првиот изработен грб ќе му биде врачен на градоначалникот на збратимената општина Нов Белград, Жељко ...

Општински весник на Ѓорче Петров

Вечер Прес - 28.11.2005

Жителите на Ѓорче Петров до крајот на годинава ќе добијат општински весник, кој ќе го издава локалната самоуправа во соработка со стопанствениците од општината. - Весникот ќе биде со промотивен карактер, со информации за стопанството, културата и за активностите и проектите на локалната власт.