TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Северна Кореја се повлече од пактот за контрола на нуклеарното оружје

Вест - 11.01.2003

СЕУЛ, 11 јануари (Ројтерс) - Северна Кореја вчера предизвика реакции на загриженост секаде во светот со најавата дека ќе се повлече од договорот за глобална контрола на нуклеарното оружје, а некои земји побараа интервенција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Северна Кореја се повлече од договорот за неширење нуклеарно оружје

А1 - 10.01.2003

Северна Кореја денеска соопшти дека се повлекува од Меѓународниот договор за неширење на нуклеарно оружје, истовремено додавајќи дека нема намера да развива таков вид технологија. Со соопштението што го објавија севернокорејските медиуми се наведува дека Северна Кореја од денеска го напушта ...

Северна Кореја цела година купувала ураниум и плутониум

Дневник - 10.01.2003

ЦИА ТВРДИ Според американската разузнавачка агенција ЦИА, Корејците имаат доволно плутониум за најмалку една атомска бомба Северна Кореја изминатава година интензивно барала големи количества нуклеарен материјал, како и хемиско и биолошко оружје, тврди американската Централна разузнавачка агенција ...

САД го отфрлија мировниот план на Сеул за Северна Кореја

А1 - 09.01.2003

САД го отфрлија планот на Сеул за решавање на кризата со Северна Кореја, со кој се предвидуваше обновување на американските испораки на мазут за Пјонгјанг и писмени гаранции на Вашингтон за безбедност на Северна Кореја, под услов Пјонгјанг да се откаже од нукеларната програма.

САД сакаат преговори со Северна Кореја, но без отстапки

Вест - 09.01.2003

Вашингтон, 9 јануари - САД се подготвени да преговараат со властите во Северна Кореја, но притоа нема да направат никакви отстапки со кои би го убедиле Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма, соопшти вчера американскиот Стејт департмент.

Пјонгјанг ги обвинува САД дека сакаат војна

Утрински - 09.01.2003

Само неколку часови откако Вашингтон ја смени тактиката спрема Сверна Кореја СЕУЛ - Северна Кореја вчера ги обвини САД дека ја зголемуваат опасноста од војна на Корејскиот Полуостров, само неколку часови откако Вашингтон ја смени тактиката и најави подготвеност да разговара за нивната нуклеарна ...

САД подготвени да преговараат со Северна Кореја

А1 - 08.01.2003

САД се подготвени да преговараат со властите во Северна Кореја, но притоа нема да направат никакви отстапки со кои би го убедиле Пјонгјанг да се откаже од својата нуклеарна програма, соопшти американскиот Стејт департмент. Во соопштението, објавено по завршувањето на дводневните разговори кои во ...

Северна Кореја доби една недела да ги прими инспекторите за оружје на ОН

Вест - 08.01.2003

ЛОНДОН, 8 јануари (Ројтерс) - Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации вчера објави дека Северна Кореја има само неколку недели за да ги прими назад инспекторите што ги избрка минатата недела. "На Северна Кореја јасно и дадовме до знаење дека предупредувањето не е без рок.

Најавените санкции ќе значат војна

Утрински - 08.01.2003

Остро предупредување од Пјонгјанг до САД Пјонгјанг - Северна Кореа им порача денеска на Соединетите Американски Држави дека економските санкции би значеле војна и дека е подобро Вашингтон да седне на преговарачка маса. Државната новинска агенција на Северна Кореа "КЦНА" објави дека минатомесечното ...

За Северна Кореја санкциите на САД значат војна

А1 - 07.01.2003

Северна Кореја им порача денеска на САД дека економските санкции би значеле војна и дека е подобро Вашингтон да седне на преговарачка маса. Државната новинска агенција на Северна Кореа „КЦНА“ објави дека минатомесечното запленување на бродот што превезуваше проектили за Јемен може да се смета за ...

Уште една шанса за Пјонгјанг да ја напушти нукеларната програма

А1 - 06.01.2003

Агенцијата за атомска енергија на ОН ќе и даде уште една шанса на Северна Кореја да ја напушти својата нуклеарна програма и да ги прифати инспекторите пред целиот проблем да се најде на разгледување пред Советот за безбедност.

Русија ќе помогне во нукеларната криза со Северна Кореја

Вест - 06.01.2003

СЕУЛ, 6 јануари (АП) - Јужна Кореја изјави дека Русија се обврзала дека ќе го употреби своето влијание кај Северна Кореја за да го откочи застојот во односите помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон. Исто така, Сеул ќе испрати свој специјален пратеник за кризата во Вашингтон и Токио оваа недела.