TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Силен ветар превртел игралиште и повредил братче и сестриче

Вест - 04.08.2007

ВО ДЕТСКИОТ ГРАД ВО СТРУМИЦА Завчера, во детскиот град во Струмица, биле повредени братче и сестриче кога силен ветар го откорнал фудбалското игралиште, кое се превртело. При тоа момчето летнало десетина метри, а девојчето било поклопено.

Деца повредени на игралиште

Дневник - 04.08.2007

Дванаесетгодишниот Стојан С. и неговата осумгодишна сестра Бранкица од Струмица се тешко повредени додека играле на игралиште завчера, околу 20 часот, во Детскиот град во Струмица. Според МВР, поради силниот ветар игралиштето се превртело, по што децата биле исфрлени од него.

Повредени две деца на гумено игралиште

Утрински - 04.08.2007

Дванаесетгодишниот Стојан С. и неговата осумгодишна сестричка Бранкица завчера околу 20 часот заедно со нивната мајка дошле во „Детскиот град“ за да си поиграат на гуменото игралиште. Во еден момент силно дувнал ветер и бидејќи игралиштето не било зацврстено се подигнало и ги превртело двете дечиња.

Спортско игралиште во Визбегово

Дневник - 03.08.2007

Деновиве почна изградбата на спортско игралиште во Визбегово, во дворот на училиштето „Свети Климент Охридски“, известуваат локалните власти од Бутел. - На овој простор имаше некаков спортски терен, но тој беше со нестандардни димензии и опрема.

Ново спортско игралиште во Визбегово

Вест - 03.08.2007

Општина Бутел почна изградба на ново спортско игралиште во дворот на училишната зграда на ОУ "Св. Климент Охридски" во Визбегово. Од Општината велат дека игралиштето ќе биде приспособливо за сите мали спортови, со нова прописна подлога и со сите неопходни реквизити.