TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Удар по удар во ДПА

Утрински - 26.02.2009

Исклучувањето и разрешувањето од сите функции во партијата на потпретседателот на ДПА, Бесим Догани, само потврдува дека партијата не успеа да се стабилизира по ударот и колапсот што го доживеа со заминувањето ...

Догани: Сам си заминав од ДПА

Дневник - 26.02.2009

Поради несогласувањата, кои траеја долг период, ја напуштив партијата и поднесов оставка на сите функции пет дена пред претседателот Мендух Тачи да „одлучи“ да ме исклучи од ДПА, ни изјави Бесим Догани ...

Догани ќе биде независен пратеник

Алсат-М - 26.02.2009

Поранешниот пратеник на ДПА, Бесим Догани вели дека ќе делува како независен пратеник од Гостивар. Тој ги образложи причините поради кои се одлучи да ја напушти партијата.

Ќе се прибере ли Догани во Нова демократија?

А1 - 25.02.2009

Лидерот на Нова демократија, Имер Селмани не ја отфрли можноста да формира пратеничка група, откако вчера од ДПА беше исклучен пратеникот Бесим Догани. „Сите пратеници од сите политички партии се добредојдени.

Неофицијално: Бесим Догани ќе премине во редовите на Нова Демократија

Канал5 - 25.02.2009

Се поизвесно е дека Нова Демократија на Имер Селмани ќе биде побројна за уште еден пратеник. Неофицијално, довчерашниот потпретседател на ДПА, Бесим Догани ќе премине во редовите на Нова Демократија.

Селмани не коментира за Догани, но вели дека секој е добредојден во НД

Алсат-М - 25.02.2009

Претседателот на Нова Демократија Имер Селмани денеска на средба со американскиот амбасадор филип Рикер. Селмани не сакаше да го коментира исклучувањето на Бесим Догани од ДПА, но порача дека сите што ја ...

Тачи го исклучи Догани од ДПА

Дневник - 25.02.2009

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера го исклучи од партијата потпретседателот Бесим Догани по барање на гостиварскиот разгранок. По Даут Реџепи Лека, Догани е втор од претседателството што за нецели два месеца доби црвен картон од партијата.

Тачи го исклучи Бесим Догани од ДПА

Утрински - 25.02.2009

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, го исклучи потпретседателот на партијата, Бесим Догани. Ова вчера го пренесе партискиот портпарол Адријатик Имери, според кого ваквата одлука Тачи ја донел по барање на гостиварскиот разгранок.

Нд добива шанси за пратеничка група

Телма - 25.02.2009

Д алиборка Демјанска Претседателот на Нова демократија, Имер Селмани, не ја отфрла можноста, пратеникот Бесим Догани, кој вчера беше исклучен од ДПА, да премине во неговата партија.

Бесим Догани во редовите на Нова Демократија?

Алфа - 25.02.2009

Само ден по вчерашната одлука на Мендух Тачи по Даут Реџепи Лека од партијата да го исклучи и Бесим Догани се разоткриваат вистинските причини за овој чекор на лидерот на ДПА.

Бесим Догани се пијанчел - исклучен од ДПА

А1 - 24.02.2009

Пратеникот на ДПА Бесим Догани е исклучен од партијата. Одлуката ја донел лично лидерот Мендух Тачи за да го заштител угледот на ДПА. Претставници на гостиварскиот разгранок од кој доаѓа Догани, се жалеле дека тој се однесувал недолично.

ДПА го исклучи пратеникот Бесим Догани

Алсат-М - 24.02.2009

„По барање на огранокот на ДПА од Гостивар и граѓаните на Гостивар претстедателот на ДПА Мендух Тачи го исклучи од партијата пратеникот Бесим Догани“. Ова денеска го изјави портпаролот на ДПА Адријатик Имери.

Мендух Тачи го исклучи потпретседателот на партијата, Бесим Догани

Канал5 - 24.02.2009

Попладнево лидерот на ДПА, Мендух Тачи го исклучи потпретседателот на партијата, Бесим Догани. Портпаролот на ДПА објасни дека Тачи тоа го сторил поради недолично однесување на Догани, пијанство и пукање нешто што не може да се толерира.

Бесим Догани исклучен од ДПА

Сител - 24.02.2009

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи, по барање на гостиварскиот огранок, го исклучил од партијата потпретседателот Бесим Догани.

Бесим Догани исклучен од ДПА

Вечер Прес - 24.02.2009

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, вчера, го исклучи од партијата потпретседателот и пратеник Бесим Догани. Исклучувањето е по барање на Гостиварскиот огранок, од каде го информирале Тачи дека Догани изминатиов период на неколку пати го нарушил имиџот на ...