TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Охрид се подготвува за Хозе Карерас

Дневник - 10.06.2005

ЦРВЕНКОВСКИ КАЈ ДИРЕКТОРОТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО Знаејќи како се работи кај нас, ме радува Вашиот оптимизам да ги завршите сите подготовки за 30 дена, рече претседателот Бранко Црвенковски на вчерашната средба со министерот за култура Благој Стефановски и со директорот на Охридско лето, Зоран Стрезовски.

Охрид подготвено ќе го пречека Карерас

Време - 10.06.2005

ОРГАНИЗАТОРОТ НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ ВЕТУВА Ангелина Димоска „Се надевам дека реконструкцијата на Античкиот театар ќе заврши во предвидениот рок, имајќи предвид како се одвиваат работите кај нас, и дека подготвено ќе ја пречекаме големата оперска ѕвезда, која ќе го отвори годинашното издание на ...

Античкиот театар подготвен за Хозе Карерас

Утрински - 10.06.2005

Бранко Црвенковски во Охрид во пресрет на фестивалот Црвенковски поканил премиери и претседатели од регионот за концертот на Карерас ОХРИД - Организаторот на најпрестижната културна манифестација во Македонија - фестивалот Охридско лето, Министерството за култура и Локалната самоуправа вчера на ...

Бранко ги преслуша организаторите на концерот на Карерас

Вест - 10.06.2005

Претседателот на државата Бранко Црвенковски кој завчера во Струга потврди дека Струшките вечери на поезијата се враќаат во овој град,а денес во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Србија и Црна Гора Борислав Тадиќ,вчера го посети Античкиот театар.Шефот на државата од најодговорните луѓе ...

Античкиот амфитеатар во Охрид ќе биде подготвен за Охридско лето

А1 - 09.06.2005

Античкиот амфитеатар во Охрид ќе биде целосно подготвен за свеченото отворање на манифестацијата Охридско лето кога на 12 јули ќе гостува светски познатиот тенор Хозе Карерас. До 25 јуни ќе се расчисти просторот околу амфитеатарот, а потоа ќе се изгради и сцената.

Ќе го слушаме ли Карерас?

Вечер Прес - 09.06.2005

- Шокиран сум од фактот што организаторот на Охридско лето покривањето на креативниот аудио дел од концертот на Карерас му го додели на МРТВ, заедно со луѓето кои го правеа "успешниот" настап на Горан Бреговиќ на плоштадот "Македонија" за Нова година.

Гуштеров откупил тераса за да го слуша Карерас

Дневник - 08.06.2005

КОГА НЕМА БИЛЕТИ Бизнисменот Ристо Гуштеров ja закупил терасата на третиот кат на ресторанот "Гладијатор" во Охрид во непосредна близина над античкиот театар, за оттаму да го следи концертот на светски познатиот оперски пејач Хозе Карерас, кој на 12 јули ќе го отвори "Охридско лето".