TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПМНЕ ќе ги достави договорите за пазарите до надлежните институции

А1 - 12.12.2004

Антикорупциската комисија на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги достави договорите потпишани меѓу Министерството за финансии и „Скопски Пазар“, како и другите фирми кои направиле такви договори до Јавното правобранителство, соопшти денеска на прес-конференција Ѓорѓи Наумов, претседател на комисијата за ...

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ДОСТАВИ ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРОДАЖБАТА НА СКОПСКИТЕ ПАЗАРИ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Канал5 - 12.12.2004

Антикорупциската комисија на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги достави договорите потпишани меѓу Министерството за финансии и “Скопски Пазар”, како и другите фирми кои направиле такви договори до Јавното правобранителство, соопшти денеска на прес-конференција Ѓорѓ Антикорупциската комисија на ВМРО-ДПМНЕ утре ...

Власта го лаже јавниот правобранител

Вест - 11.12.2004

СКАНДАЛОЗНА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕТО НА СКОПСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР Правобранителката Зоја Лега-Станојевска, која "Вест" ја прозва да каже зошто не го заштитила државниот интерес при продажбата на државното земјиште под Зелен пазар, изјави дека располага само со документи до Јавниот правобранител Зоја ...

Поповски: Земјиштето на Зелен пазар е продадено легално

Утрински - 11.12.2004

Министерот за финансии ги демантира нападите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА ?Продажбата на земјиштето на Зелен пазар по цена од 600 денари за квадратен метар на компнијата ?Скопски пазар" е извршена сосема легално и во согласност со владина Уредба, чија законитост и уставност ја ...

И тие што обвинуваат купувале плацови за "бадијала"

Дневник - 11.12.2004

НИКОЛА ПОПОВСКИ Приватизацијата на изграденото државно земјиште е сосема легално. Уредбата на Владата според која се врши отуѓувањето, а која ја оспорува ВМРО-ДПМНЕ, е објавена повеќе од 50 пати во сите дневни весници, рече вчера министерот за финансии Никола Поповски.

Газдата сакал пазар под тезга

Дневник - 11.12.2004

ништо од НАЈГОЛЕМИОТ ПАЗАР Пазарот во скопската населба Ново Лисиче, планиран да биде најголем во земјава, не е изграден, зашто на неродениот Петко почнале да му кројат капа, односно газда. Општината Кисела Вода лани во август го смени Детаљниот урбанистички план за да го избрише сегашното мало ...

Јавниот правобранител го преспал крчмењето на државниот имот

Вест - 10.12.2004

ВЛАСТА ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА УРЕДБАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ Според важечкиот урбанистички план "Голем ринг", продадената локација на Зелен пазар во центарот на Скопје се води како времена локација и како неизградено земјиште, а не како градежно изградено земјиште, ка Зелен пазар, според ...

За „Скопски пазар“ да одговара министерот Поповски

Време - 10.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ Министерот за финансии Никола Поповски треба да сноси одговорност, бидејќи тој дал овластувања на лица да ги продадат земјиштата на АД „Скопски пазар“ по багателни цени, истакна на вчерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за Бит-пазар и Зелен пазар

Утрински - 10.12.2004

ПРЕС "Она што го прави Агрон Буџаку со сите скандали е вистинска ситница во однос на она што го прави Владата со продажбата на Зелениот пазар и Бит-пазар", изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на вчерашната прес-конференција.

Владата направи "зелен" пазар

Дневник - 10.12.2004

"СКОПСКИ ПАЗАР" за бадиЈала ГИ КУПИ НАЈГОЛЕМИТЕ ПАЗАРИ Изградено земјиште може да купат само сопствениците што го имаат на трајно користење, објаснуваат надлежните За багателна цена "Скопски пазар" стана газда на најголемите пазари во главниот град.

МОНОПОЛСКАТА УПРАВА КЕ УТВРДУВА ДАЛИ СКОПСКИ ПАЗАР ГО ЗЛОУПОТРЕБУВА МОНОПОЛОТ

Канал5 - 10.12.2004

Компанијата Скопски пазар во 2003та година остварила вкупен приход од околу 1 милијарда и 30 милиони денари или околу 17 милиони евра.Додека за помалку од 200 илјади евра истата компанија ги купила скори сите сите пазари во Скопје.

Буџаку е ситница за распродажбите на Владата

Вечер Прес - 10.12.2004

"Она што го прави Агрон Буџаку со сите скандали е вистинска ситница во однос на она што го прави Владата со продажбата на пазарите во Скопје", рече Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.

ДПМНЕ: „Зелениот и Бит пазар се продадени за смешни цени“

А1 - 09.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно со овинувања кон министерот за финансии Никола Поповски за зделките случен преку ова министертво. Обвинувањето сега е дека по багателна цена ги продал двата најголеми скопски пазари. „Зелениот пазар во Скопје кој реално вреди 3 милиони евра е продаден за 23.000 евра, Бит ...

Институционализирана кражба на државно земјиште

Време - 09.12.2004

„СКОПСКИ ПАЗАР“ СЕ ОФАЈДИ ОД УРЕДБА НА ВЛАДАТА Владимир Николовски АД „Скопски пазар“ во март годинава го откупил „Зелениот пазар“ во центарот на Скопје по цена од 600 денари за еден квадратен метар. Пазарџиите за една тезга на овој пазар месечно плаќаат од 50 до 100 евра.

За надлежните нема скандал околу продажбата на плацот во Скопје

Утрински - 08.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ и институциите со спротивни тврдења околу локацијата спроти Тутунски комбинат Јавниот правобранител тврди дека станува збор за изгубено сопственичко право БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА Парцелата спроти Тутунскиот комбинат ?Скопје", која во 2003 година беше продадена по цена од 600 денари за ...

Кој се офајди што магацинот стана шесткатница?

Дневник - 08.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ ЗА СПОРНИОТ ПЛАЦ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Владата не смеела да ја продава парцелата спроти "Кјуби Македонија" според Уредбата за отуѓување земјиште бидејќи објектот што се наоѓал таму не останал со истата форма, содржина и габарит - е новото обвинување од ВМРО-ДПМНЕ за спорниот плац во ...

Скопски пазар пазарното земјиште го платил со државни обврзници

Канал5 - 08.12.2004

Освен на 4 пазари за кои вчера објави Канал 5 Скопски пазар на истиот начин станал газда и на најголемиот пазар во Земјава Бит пазар и на пазарот во центарот на Скопје попознат како Зелен пазар. Ова го потврдуваат и во министесртвото за финансии кои с Освен на 4 пазари за кои вчера објави Канал 5 ...

Министерството за финансии ги негира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 07.12.2004

Министерството за финансии денеска ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека мината година на незаконски начин продало околу илјада квадратни метри државно земјиште во центарот на Скопје за само 7 илјади евра, додека пазарната вредност била околу 2 милиони.

Плац вреден два милиони продаден за седум илјади евра

Време - 07.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ ОТКРИ УШТЕ ДВА КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛИ Плац во државна сопственост, спроти Тутунскиот комбинат, во центарот на Скопје, вреден два милиони евра, во мај 2003 година, со непосредна спогодба бил продаден за седум илјади евра, обелодени на вчерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев, портпарол на ...

Плацот од два милиона, Владата го продала за седум илјади евра

Дневник - 07.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНИ Нема спогодба во четири очи, а цените ги утврди Владата, вели Петар Гошев, кој беше министер за финансии кога се случила продажбата Министерството за финансии во јуни 2003 година со директна спогодба продало градежно изградено земјиште во центарот на Скопје за 10 евра за квадратен ...

СКОПСКИ ПАЗАР ЗА РЕЧИСИ БЕЗ ПАРИ СТАНАЛ ГАЗДА НА ПОЛОВИНА ОД ПАЗАРИТЕ ВО СКОПЈЕ

Канал5 - 07.12.2004

Од 240 до 600 денари за метар квадратен за овие смешни пари Скопски пазар станал газда на скоро половина од пазарите во Скопје. Од документите до кои дојде Канал 5 се гледа дека фирмата Скопски пазар за пазарот во Драчево кој е на површина од 5970 мет Од 240 до 600 денари за метар квадратен за овие ...

ДПМНЕ го обвинува министерството за финансии за корупциски скандал

А1 - 06.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини министерството за финансии дека минатата година со неспоредна спогодба и спротивно на законот продало градежно земјиште од околу илјада квадратни метри во близина на центарот на Скопје за багателни 10 евра по квадрат, односно за вкупна сума од само 7.000 евра.