TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Габер бара да биде разрешен

Вест - 22.09.2007

АКО МНР ОСТАНЕ НА КАЗНАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО АВСТРАЛИЈА Амбасадорот во Канбера, со писмо испратено до министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, побарал казната која ја заработил да биде преиспитана. Габер бара да биде поведена постапка за негово разрешување ако МНР остане на ...

Казнетиот Габер бара разрешување

Вечер Прес - 22.09.2007

Амбасадорот Габер во писмото кое вчера го испратил во МНР објаснил дека не се согласува со проценката на Комисијата и очекува нејзино преразгледување, ако повторно се донесе истата одлука, бара да се покрене и постапка за негово разрешување Македонскиот амбасадор во Канбера, Виктор Габер, бара ...

Оставки и незадоволство

Време - 21.09.2007

ПРВИ РЕАКЦИИ ОД КАЗНЕТИТЕ АМБАСАДОРИ Елизабета С. Илиевска Виктор Габер, македонскиот амбасадор во Австралија, незадоволен од казната за амбасадорите за нивната работа ќе поднесе оставка. Завчера Игор Илиевски, државниот секретар на Министерство за надворешни работи, изјави дека четворица ...

„Неработниците“ во дипломатските редови

Утрински - 21.09.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Казна и награда - основата на бихејвиоризмот во психологијата гледаме дека почна да се применува во македонската дипломатија. Пред една година македонската Влада донесе одлука со која нејзините дипломатски претставници ќе мора повеќе да се ангажираат во економско ...

Казнетите дипломати се затечени и изненадени

А1 - 20.09.2007

Затечени и изненадени се дипломатите што Владата парично ги казни од плата поради економска пасивност. Казна заработија Виктор Габер, Љупчо Тозија, Атанас Вангелов и Добринка Тасковска. А1 се обиде да добие став од нив. Тозија од Рим и Вангелов од Будимпешта не беа достапни за коментар.

За „мрзливите“ амбасадори потенок плик

Дневник - 20.09.2007

Амбасадорите во Будимпешта, Хаг, Канбера и во Рим се казнети со намалување на платата за 10 отсто во период од три месеци, а дипломатите во Истанбул, Љубљана и во Москва со зголемен фонд за репрезентација Министерството за надворешни работи реши да ги казни амбасадорите што покажале слаб резултат ...

Казнети четворица, а наградени тројца амбасадори

Време - 20.09.2007

МНР ГИ МОТИВИРА АМБАСАДОРИТЕ ЗА ЛОВ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ За да ги мотивира, Владата казнила пет дипломати, од кои четворица амбасадори и еден ополномоштен вршител на должност затоа што не оствариле доволно резултати на полето на привлекувањето странски инвестиции.

МНР дели казни за амбасадорите поради лоша „економска дипломатија“

Утрински - 20.09.2007

На списокот на казнети амбасадори се Габер, Вангелов, Тасковска, Тозија и Даница Ружин Целта на казните е амбасадорите да се стимулираат за поголем ангажман: Виктор Габер ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Министерството за надворешни работи почна да казнува македонски амбасадори, но и да ги наградува амбасадите ...

МНР казни петмина амбасадори

Вест - 20.09.2007

ЗА ПОЕФИКАСНА ЕКОНОМСКА ДИПЛОМАТИЈА Министерството за надворешни работи на Република Македонија им изрекло казни на петмина амбасадори поради слабата ангажираност во економската дипломатија. Минатата година Владата даде инструкции сите амбасадори да остваруваат по најмалку 10 контакти во месецот со ...

Четворица амбасадори казнети поради економска пасивност

А1 - 19.09.2007

Четворица амбасадори на Македонија парично се казнети поради пасивност во економското работење. Во наредните три месеци за 10% помали плати ќе добиваат амбасадорите во Канбера, Рим, Будимпешта и Хаг. Се работи за дипломатите Виктор Габер, Љупчо Тозија, Атанас Вангелов и Добринка Тасковска.

Секој 10-ти професионалец во МНР треба да стане амбасадор

Време - 19.09.2007

ВЛАДАТА МОЛЧИ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Елизабета С. Илиевска Владата се уште е без коментар на предлогот на претседателот на државата Бранко Црвенковски за потпишување бланко-листа на предлози од амбасадори што треба да седнат во испразнетите дипломатско-конзуларните претставништва во светот.