TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Битолчани си го бараат радиото

Време - 20.11.2008

Битолчани се револтирани од затворањето на локалното радио што четири децении ги информираше за локалните проблеми и успеси. - Секојдневно слушавме вести на радио. Сега куќата ни е празна без информации. Срамота е ова што се случува и треба да им се помогне на луѓето кои работат таму, а со тоа и на сите битолчани. Деновиве не можеме да чуеме ниту една информација од Битола - вели една битолчанка.

Замолкна и Радио Битола

Дневник - 18.11.2008

Трансформација на Радио Битола не е завршена, иако ја почнале меѓу првите радиостаници. Со огорченост и со солзи последните петмина новинари во Радио Битола вчера ја прекина информативната програма по 58-годишно емитување. Тие искажаа револт кон државните институции, кои две години не пројавиле интерес да го решат статусот на најстарото локално радио во Македонија.

Радио Битола ја прекина програмата

Утрински - 18.11.2008

Радио Битола ја прекина програмата. БИТОЛА - По речиси шест децении, Радио Битола од вчера ја прекина информативната програма. Причина за овој потег е недефинираниот статус на медиумот кој и по две години од трансформацијата никако да добие завршница.

Згаснува најстарата локална радиостаница во државава

Н.Македонија - 18.11.2008

Молк му се заканува на најстарото локално радио во Македонија, Радио Битола. Медиумот што ја пишува својата историја 58 години, од вчера ја прекина својата информативна програма. Радио Битола веќе две години работи со нерешен статус, а процесот на трансформација со кој беа опфатени 29 локални радиостаници во Македонија никако да заврши.

Дали „Радио Битола“ ќе престане да постои?

А1 - 17.11.2008

Со краток прекин на програмата и исклучување на информативните програмски содржини, денеска новинарите на „Радио Битола“ го искажаа својот јавен протест кон институциите на Владата. Најстарото локално радио во државата со шестдецениска традиција, две години е фрлено во вакуум на небулозната приватизација која е блокирана.

Радио Битола го прекинува емитувањето на информативната програма

Канал5 - 17.11.2008

Најстарата локална радио станица во државата Радио Битола донесе одлука да ја прекине информативната програма, заради како што велат неиздржливата ситуација во која се нашле откако со Законот за радиодифузна дејност локалните станици треба да се трансформираат во трговски радиодифузни друштва, но тука во најголем дел од радијата ваквиот процес не е завршен.

Радио Битола го прекина емитувањето вести

Сител - 17.11.2008

- Незавршената трансформација на Радио Битола и преголемите финансиски задолжувања не принудија на ваков чекор. Долго и без причина се оддолжува процесот и проблемот иако по позитивната одлука од второстепената владина комисија од 15 јануари оваа година, Министерството за економија требаше да склучи договор за конечна трансформација, изјави на средбата со новинарите, директорот и главен уредник ...