TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Од понеделник прскање против комарци од земја

Вест - 14.06.2008

Градските власти најавуваат дека в понеделник ќе продолжат со акцијата за прскање против комарци, која беше прекината поради лошото време. Авиопрскањето беше извршено минатиот викенд, а сега против комарци ќе се прска од земја.

Ќе се прска против комарци од земја

Утрински - 14.06.2008

В понеделник ќе започне прскањето против комарци од земја, најавуваат градските власти. Иако тоа требаше да се изведе минатиот викенд, поради неповолните временски услови, акцијата се одложи. Надлежните информираат дека прскањето ќе се врши во раните утрински часови пет дена едноподруго.

Одложено прскањето против комарци од земја

Вест - 10.06.2008

Градските власти вчера, поради лошите временски услови, го одложија прскањето против комарци од земја. Надлежните во Градот велат дека дезинсекцијата од земја ќе се изврши штом се подобри времето и дека таа ќе трае пет дена. Предвидено е да биде опфатена целата територија на Скопје со две возила.

Дождот го одложи уништувањето на комарците

Утрински - 10.06.2008

Со авиозапрашувањето заклучно со вчера, беа опфатени 5.000 хектари Градот Скопје ја реализира првата фаза од авиозапрашувањето против комарци и заклучно со вчерашниот ден опфати 5.000 хектари. Поради влажното време и дождот, прскањето од земја е одложено кога ќе има услови за тоа.

Одложено прскањето против комарци од земја

Време - 10.06.2008

ПОРАДИ ЛОШОТО ВРЕМЕ Градските власти во неделата, во раните утрински часови, ја извршија најавената аеросолна дезинсекција. Прскањето против комарци од земја не беше изведено поради лошите временски услови , а ќе се реализира кога ќе престанат дождовите.

Од петок прскање од земја

Вечер Прес - 10.06.2008

Првата фаза од аеросолна дезинсекција е извршена в недела, а според надлежните во Градскиот завод за здравствена заштита, поради врнежи од дожд прскањето од земја би требало да стартува дури од петок кога се очекува стабилизирање на временските услови.