Алжир Репресијата не ја решава кризата во Алжир и до мир нема да се дојде без „политичко решение“. Ова денеска го изјави Али Белхаџ, втемелувачот на алжирскиот Исламски фронт на спасот (ФИС), ден по крвавиот двоен напад во главниот град на Алжир.
Алжир Северно африканското крило на Ал Каеда ја презеде одговорноста за двата бомбашки напади што вчера се случија во главниот град на Алжир во кој загинаа десетици цивили. Нападот го извеле двајца членови на терористичката организација, кои на интернет се прикажани на слики, на кои носат оружје.
Алжир Најмалку 47 лица загинаа во двоен бомбашки напад што изутрината се случи во Алжир, соопштија полициски извори. Експлозиите ги предизвикале два автомобили бомби, потврди министерот за внатрешни работи Нуредин Јазид Зерхуни.
Алжир Бројката на жртви во двојниот бомбашки напад што денеска се случи во Алжир се искачи на најмалку 62 загинати и повеќе од 100 ранети, соопштија болнички извори. Експлозиите ги предизвикале два автомобили бомби, потврди алжирскиот министер за внатрешни работи Нуредин Јазид Зерхуни.
Брисел Најважните европски институции денеска го осудија терористичкиот напад во Алжир во кој загинаа околу 50 лица. “Згрозена сум од овие одвратни дела против цивилите и најостро ги осудувам“, истакна евркомесарот за надворешна политика Бенита Фереро-Валднер, додавајќи дека “мисли на семејствата ...