TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Oслободени двајца Јапонци во Ирак

А1 - 17.04.2004

Двајца јапонски државјани киднапирани во Ирак, денеска се ослободени во Багдад, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи. Портпаролот на јапонското Министерство за надворешни работи Џиро Окијама изјави дека двајцата јапонски цивили, кои беа киднапирани во средата, се предадени во џамија ...

Полјаците биле затекнати

Време - 17.04.2004

БОРБИ ВО ИРАК Еден Кинез и тројца Јапонци, на кои Ирачаните им се закануваа дека живи ќе ги изгорат, вчера безбедно го напуштија Ирак. Но, АФП јави дека ирачките терористи зеле нов заложник - Данец, на возраст од 30 до 35 години. Данскиот бизнисмен бил киднапиран во близина на Багдад.

Ќе видите како умира Италијанец

Време - 17.04.2004

ИТАЛИЈА ВО ШОК ПО УБИСТВОТО НА ЕДЕН ОД ЧЕТВОРИЦАТА ЗАЛОЖНИЦИ Стефан Талевски (Специјално за „Време“ од Болоња) Италијанската јавност е шокирана и загрижена по завчерашното убиство на еден од четворицата заробени Италијанци во Ирак.

Американците ќе преговараат со лидерите на Фалуџа

Вест - 17.04.2004

ФАЛУЏА, 17 април, (АП) - Американски воени и цивилни претставници планираа вчера да се состанат со лидерите од Фалуџа, соопштија американски претставници и ова е прво сознание за директни преговори меѓу Американците и претставниците на градот, од почетокот на опсадата пред 12 дена.

Заробен дански бизнисмен во Ирак

Утрински - 17.04.2004

Киднапирање КОПЕНХАГЕН - Постои голема веројатност дека еден Данец е заробен во Ирак, соопшти вчера данското Министерство за надворешни работи. Министерството не даде други детали ниту пак го идентификуваше лицето. "Голема е веројатноста дека едно лице од данска националност е заробено во Ирак", се ...

Сe стегајамкатаоколу Садр

Дневник - 17.04.2004

ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО ИРАК Полјаците бараат од САД да се воздржат од напад врз Наџаф за да не предизвикаат голем шиитски бунт Американските сили направија тесен обрач околу Наџаф и планираат акција за апсење или убиство на шиитскиот верски лидер Моктада ал Садр, кој ги организираше досега најжестоките ...

15 Ирачани загинаа во Фалуџа

А1 - 16.04.2004

„Петнаесет Ирачани загинаа синоќа, а најмалку 20 се повредени во судирите меѓу американските сили и бунтовниците“, изјави ирачки лекар од локалната болница. Според очевидци, американските борбени авиони погодиле повеќе цели во градот, а едно американско борбено возило е уништено.

Италијански заложник убиен пред камери

Време - 16.04.2004

ДРАМА ВО ИРАК Еден од четворицата италијански заложници киднапирани во Ирак бил убиен, а снимка од грозниот чин била испратена до телевизиската станица Ал Џезира. Телевизијата одби да ја емитува снимката поради крвавите сцени, но испратила примероци до италијанската Влада, која потврди дека јасно ...

Ирачките милитанти убија киднапиран Италијанец за пример

Вест - 16.04.2004

БАГДАД, 16 април, (АП) - Ирански претставник вчера заминал за Наџаф во мисија да најде решение за спорот меѓу САД и шиитскиот свештеник што претставува интервенција на држава за која Вашингтон не сакаше да се меша БАГДАД, 16 април, (АП) - Ирански претставник вчера заминал за Наџаф во мисија да ...

Киднаперите убија еден од четворицата италијански заложници

Утрински - 16.04.2004

Италија згрозена од развојот на драмата со киднапираните во Ирак Ал Џезира има снимка од егзекуцијата на Фабрицио Кватрочи Еден од четворицата италијански заложници кои беа киднапирани во Ирак е убиен, соопшти италијанскиот министер за надворешни работи.

Самураите не отстапуваат

Дневник - 16.04.2004

АНАЛИЗА НА ЗАЧЕСТЕНИТЕ КИДНАПИРАЊА ВО ИРАК Анкетите покажуваат дека 53 проценти од испитаниците мислат дека јапонските трупи не би требало да се вратат дома Демонстрантите можат да викаат, а роднините на киднапираните да молат, но единствената можна опција на јапонскиот премиер Џуничиро Коиѕуми е ...

"Ќе ви покажам како гине Италијанец"

Дневник - 16.04.2004

ИРАЧКИ ТЕРОРИСТИ ЕГЗЕКУТИРАА ЗАЛОЖНИК Ирачки терористи вчера егзекутираа еден италијански заложник и се заканија дека ќе ги убијат и другите двајца, но Рим одговори дека тие терористички акти нема да го натераат да ги повлече трупите од Ирак, јави Ројтерс. - Фабрицио Кватроки загина како херој.

Русија ги повлекува своите граѓани од Ирак

А1 - 15.04.2004

Русија денеска треба да почне со евакуација на нејзините, како и граѓаните на другите членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), кои се вработени во руските компании во Ирак „Планирани се седум специјални летови од Москва за Багдад и Кувајт, со кои ќе бидат транспортирани 553 државјани на ...

Убиен еден од 4-те киднапирани Италијанци

А1 - 15.04.2004

Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини синоќа потврди дека е убиен еден од четворицата Италијанци киднапирани во Ирак. Фратини изјави дека амбасадорот на Италија во Катар видел снимка на арапската телевизија Ал Џезира и ја потврдил веста дека е убиен Фабрицио Кватрочи.

Американците го блокираа светиот град Наџаф

Вест - 15.04.2004

НАЏАФ, 15 април, (Ројтерс) - Американските сили ја зајакнаа контролата над еден од најсветите градови во Ирак, а шиитските свештеници за кои ветија дека ќе ги убијат или заробат понудија мир за да се спречи крвопро НАЏАФ, 15 април, (Ројтерс) - Американските сили ја зајакнаа контролата над еден од ...

Буш: Ако не успееме во Ирак, непријателите на Америка ќе регрутираат нова генерација убијци

Време - 15.04.2004

Изминативе недели беа тешки за нашата земја. Сојузничките сили беа соочени со сериозни насилства во некои делови на Ирак. Викендов, во болницата „Форт Худ“, им врачив „пурпурни срца“ на некои од нашите ранети војници и ја имав честа да им се заблагодарам од името на сите Американци.

„Не пукајте“

Време - 15.04.2004

НЕМИРИ ВО ИРАК Ирачки герилци викендов го киднапирале францускиот новинар Александар Јорданов, по потекло од Бугарија. Јорданов работи за француската агенција КАПА. Тој бил грабнат близу Багдад заедно со камерманот Иван Серие.

Пронајдени телата на четворицата исчезнати Американци

Утрински - 15.04.2004

Ирак Четири масакрирани тела се пронајдени западно од Багдад, според информацијата од официјалниот претставник на американскиот Стејт департмент. Телата сў уште не се идентификувани, но постојат информации дека најверојатно тие се американски контрактори кои исчезнаа откако нивниот конвој минатата ...

Понудена евакуација за 800 работници на руските фирми

Утрински - 15.04.2004

Кремљ праќа седум специјални авиони за враќање на своите граѓани од Ирак Колку руски специјалисти ќе останат во Ирак зависи од тоа какви гаранции ќе им даде домаќинот на руските компании кои сега ги поправаат тамошните термоцентрали ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Раководството во Кремљ ...

Во заложништво 40 лица од 12 земји

Утрински - 15.04.2004

Заложници БАГДАД - Од странските работници во Ирак е побарано да ја напуштат земјата бидејќи владите и приватните компании преземаат мерки поради сў поголемата небезбедност и бранот киднапирања. Цивилниот портпарол на коалицијата, Ден Сенор, јави дека 40 лица од 12 земји моментално се во ...

САД ќе упатат дополнителен број трупи во Ирак

Утрински - 15.04.2004

Џорџ Буш одговараше пред нацијата за Ирак и за нападите од 11 септември Садр се забарикадира во близина на еден храм и вети дека ќе ја продолжи "народната револуција" ВАШИНГТОН - Без да наведе зошто и покрај сў поголемиот број жртви претседателот Буш изјави дека кон Ирак ќе се упатат дополнителен ...

На руските фирми не им се оставаат милионските проекти

Дневник - 15.04.2004

И ПОКРАЈ БУНТОВИТЕ И КИДНАПИРАЊАТА Москва испрати авиони за евакуација на околу 553 Руси и 263 државјани на поранешните советски републики од територијата на Ирак, во кој се вжештува војната, а секојдневно се киднапираат по десетина странски државјани, јави Ројтерс.

Сојузиците го стегаат обрачот околу бунтовничките Наџаф и Фалуџа

Дневник - 15.04.2004

ИРАЧКИОТ БУНТ Е ПОД КОНТРОЛА Околу 2.500 американски војници, заедно со шпански и полски трупи, поставиле обрач околу Наџаф за да го ограничат пристапот кон градот, а испратиле и патроли на теренот Американските сили вчера го стегнаа обрачот околу светиот шиитски град Наџаф, во кој е утврден ...

Грабнат француски новинарсо бугарско потекло

Дневник - 15.04.2004

Четворицата киднапирани Италијанци завчера беа прикажани во заложништво на катарската телевизија "Ал џезира", јави Ројтерс. Исламистичките киднапери се заканиле дека ќе ги убијат четворицата заложници од приватна фирма за обезбедување ако Италија не ги повлече своите војници од Ирак.

Десет бугарски војници сакаат дома

Дневник - 15.04.2004

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО СОФИЈА Десетина војници од бугарскиот баталјон од 450 војници кај Кербала во јужен Ирак побарале да си одат дома, јави Ројтерс. Бугарскиот контингент деновиве е постојана цел на напади на милицијата лојална на шиитскиот водач Моктада ал Садр.

Убиен италијански заложник во Ирак

Канал5 - 15.04.2004

Италија потврди дека во Ирак е убиен еден од четворицата безбедносни чувари, грабнати во понеделникот. Министерот за надворешни работи Франко Фратини изјави дека италијанскиот амбасадор во Катар ја видел видео-снимката од убиството која била испрат Италија потврди дека во Ирак е убиен еден од ...

Бунтовниците во Ирак држат околу 40 заложници

А1 - 14.04.2004

Ирачките бунтовници држат околу 40 заложници, а деветмина Ирачани загинаа во судирите со американските маринци во Фалуџа и покрај тоа што официјално е прогласено примирје, соопшти претставник на коалиционите сили во Ирак. Еден американски војник загина, а еден војник и цивил се повредени вчера во ...

Секој втор убиен во Фалуџа имал пушка

Време - 14.04.2004

Во седумдневните борби за градот Фалуџа, кој е центар на ирачкиот сунитски отпор против САД, биле убиени повеќе од 600 жители, од кои најмалку половина биле невооружени цивили. Во американските напади врз градот биле ранети 1.250 борци и жители.

Киднапирања на странци стануваат секојдневие на Ирак

Вест - 14.04.2004

БАГДАД, 14 април - Сите руски и украински вработени во фирмата "Итеренергосервис" кои прексиноќа беа киднапирани во Багдад се ослободени, соопшти вчера руското Министерство за енергетика. Се работи за осум ли БАГДАД, 14 април - Сите руски и украински вработени во фирмата "Итеренергосервис" кои ...

Бугарите бегаат од Ирак, со генералот на чело

Време - 14.04.2004

Бугарскиот генерал Калчо Танев, задолжен за планирањето на активностите на бугарскиот баталјон во Ирак, поднел оставка на својата функција. Генералот за бугарските медиуми изјави дека оставката ја поднесува од лични причини, но се шпекулира за судир меѓу Танев и министерот за одбрана Николаи ...

Стара Европа и фаќа сеир на Америка

Време - 14.04.2004

РЕАКЦИИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ПЕЧАТ Француските медиуми им се ситат на САД за проблемите со окупацијата на Ирак и воедно предвидуваат хаос во Вашингтон ако Американците набргу не добијат помош. Левоориентираниот весник „Либерасион“ во написот „Ирак: коалицијата киднапирана“, пишува за ограничените напори ...

Пуштени Русите и Кинезите, фатени Американци

Време - 14.04.2004

БОРБИ ВО ИРАК Американската армија соопшти дека ирачки герилци држат девет американски државјани како заложници. Меѓу нив има двајца војници, а другите седуммина се цивили, ангажирани во повоената обнова на Ирак. Сите грабнати цивили работеле за компанијата „Келог, Браун и Рут“, која се грижи за ...

Уапсен помошникот на шиитскиот свештеник Садр

Утрински - 14.04.2004

По жестоките напади врз коалициските сили изминатата недела во Ирак Мисија на дополнителните американски сили во Наџаф и во Карбала е да го убијат или заробат Садр и да ги уништат неговите сили БАГДАД - Помошник на радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр вчера беше уапсен од американските ...

Во Багдад "по грешка" заробени тројца Руси и петмина Украинци

Утрински - 14.04.2004

Странските работници во Ирак се почесто се цел на киднапирања од страна на ирачките бунтовници Москва размислува да повлече околу илјада своите работници од Ирак ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Ирачките фанатици кои во понеделникот вечерта во Багдад киднапираа осум работници на руската ...

Русите и Французите се пакуваат

Дневник - 14.04.2004

ПОРАДИ БРАНОТ КИДНАПИРАЊА ВО ИРАК Руските компании најавија дека ќе ги повлечат своите работници од Ирак откако тројца Руси и пет Украинци кои завчера во Багдад беа киднапирани, вчера беа ослободени, јави Ројтерс. Ослободените работници на "Интеренергосервис", кои градат енергетска централа кај ...

Убиени 3, исчезнати 9 Американци во Ирак

А1 - 13.04.2004

Централната команда на Вооружените сили на САД синоќа го потврди убиството на уште тројца американски војници во Ирак во изминатите неколку дена. Во соопштението се наведува дека еден од војниците во неделата им подлегнал на повредите здобиени претходниот ден во експлозија на бомба во Багдад.

Соборен Американски хеликоптер во Фалуџа

А1 - 13.04.2004

Американските сили денеска загубија уште еден воен хеликоптер во Ирак откако ирачки бунтовници со рачен фрлач погодија најверојатно транспортен хеликоптер, во близина на Фалуџа. Засега американската армија не го потврди инцидентот иако западни медиуми јавуваат дека и групата американски војници кои ...

Бугарија ги повлекува своите војници од Кербала

А1 - 13.04.2004

Бугарските власти разгледуваат дислоцирање на своите 480 војници од базата во ирачкиот град Кербала на друго побезбедно место. Ова го најави синоќа бугарскиот претседател Георги Прванов по средба со семејствата на бугарските војници, кои во составот на меѓународните коалициони сили, се распоредени ...

Руски државјани киднапирани во Ирак

А1 - 13.04.2004

Единаесетмина Руси, кои работеле за една енергетска компанија, се киднапирани во Багдад по престрелка меѓу киднаперите и Ирачаните кои ги чувале руските работници, јави синоќа катарската телевизија Ал Џазира, повикувајќи се на неименуван извор.

Во Ирак киднапирани 7 Кинези

Вест - 13.04.2004

ПЕКИНГ, 13 април (Ројтерс) - Терористи киднапирале седум кинески граѓани во Ирак, што е последното во низата киднапирања, и Пекинг вчера апелираше до Багдад за нивно спасување. Завчерашните грабнувања се закануваат да ја стават во сенка посетата на американскиот потпретседател, кој е еден од ...

Целиот свет заложник

Време - 13.04.2004

ВОЈНА ВО ИРАК Седум кинески работници, камионџија од САД, неидентификувани лица од Бугарија, канадски хуманитарец, тројца израелски Арапи и шпански војници се меѓу триесетината странци киднапирани на разни места во Ирак во изминативе една недела.

Бунтовниците грабнаа седум заложници-Кинези во Багдад

Утрински - 13.04.2004

Киднапирањето станува главна тактика на ирачкиот отпор против коалициските сили во Ирак Кинеските медиуми јавија дека 10 кинески компании кои работат во Ирак имаат околу 40 работници на теренот БАГДАД - Заложничката криза во Ирак се продлабочува со најновото киднапирање на седум Кинези на патот од ...

Терористите грабаат кого ќе стигнат

Дневник - 13.04.2004

БРАН КИДНАПИРАЊА на странци ВО ИРАК Седум Кинези завчера станаа најновите жртви на бранот киднапирања во Ирак, а Токио упорно одбива да потклекне на терористичкиот ултиматум да ги повлече своите сили од Ирак во замена за животите на тројцата киднапирани Јапонци, јави Ројтерс.

Дипломатска битка за Фалуџа

Дневник - 13.04.2004

СООЧЕНИ СО ЖЕСТОКИОТ БУНТ НА СИЛИТЕ НА ШИИТСКИОТ ЛИДЕР САДР Американските функционери во Ирак се обидуваат да го убедат шиитскиот лидер Моктада ал Садр да прифати примирје во регионот на Фалуџа, за кој се уште се водат жестоки битки помеѓу сојузничките сили и шиитските бунтовници, јави Ројтерс.

ИРАЧКИТЕ БУНТОВНИЦИ КИДНАПИРАА НОВИ ОСУМ ЛИЦА

Канал5 - 13.04.2004

Најмалку осум лица беа киднапирани денеска во близина на Багдад од страна на ирачките бунтовници меѓу кои се петмина Украинци и тројца Руси. Лицата работеле во фирма која вршела поправка на енергетскиот систем во Ирак. Киднапирањето сле Најмалку осум лица беа киднапирани денеска во близина на ...

Киднапирани 7 Кинези во Фалуџа

А1 - 12.04.2004

Непознати лица киднапирале седум кинески државјани во Фалуџа во централниот дел на Ирак, јавија агенциите. Кинеското министерство за надворешни работи го потврди киднапирањето и ги повика граѓаните да не патуваат во Ирак, а оние што се наоѓаат таму да бидат крајно претпазливи.

Во Ирак ослободени 12 заложници

А1 - 12.04.2004

Членот на ирачкиот владејачки Совет, Мохсен Абдел Хамид денеска изјави дека во Ирак се ослободени 12 заложници, изразувајќи надеж дека до ноќеска и со останатите заложници ќе биде сторено истото. Командантот на копнените сили на колицијата, генерал Рикардо Санчез соопшти дека двајца војници на САД ...

Прекршено неформалното примирје во Фалуџа

А1 - 12.04.2004

Ирачките бунтовници и американската војска меѓусебно се обвинуваат за кршење на неформалното примирје во Фалуџа. Во текот на ноќта во градот непрекинато се слушале експлозии и рафали од автоматско оружје. Ирачките бунтовници го контролираат центарот и западниот дел од Фалуџа.