TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Коктелот помина без правична застапеност

Време - 15.08.2008

Салата „Милениум“ во скопскиот хотел „Холидеј ин“ во средата вечерта беше претесна да ги прими раководството на Демократската унија за интеграција, поранешните борци на ОНА, симпатизерите и другите поканети во чест на седумгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Владиниот прием за Рамковниот без државниот врв

Утрински - 15.08.2008

Во преполната сала, во која буквално не се дишеше бидејќи не функционираше климатизацијата, доминараа членови и симпатизери на ДУИ Државни функционери имаше многу малку на приемот што го организираше Владата, Ахмети презадоволен Целиот државен врв завчера вечерта отсуствуваше од коктелот во хотелот ...

Прием по повод седумгодишнината од Рамковен

А1 - 14.08.2008

Во скопскиот хотел „Холидеј ин“, прв пат, под покровителство на Владата, во која сега е ДУИ, партијата што единствена не го потпиша, а секоја година го слави овој ден, се одржува свечен прием по повод седумгодишнината од договорот.

Рамковниот во второ

Време - 14.08.2008

Охридскиот рамковен договор е клуч за интеграција на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, тој ја стабилизира државата, ги намали фрустрациите и беше катализатор за создавање доверба меѓу различните етникуми.

Сите на коктел

Време - 14.08.2008

Прием во чест на седумгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, синоќа во „Холидеј ин“ организираше владиниот Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор.

Рамковниот е патоказ за иднината на Македонија

Утрински - 14.08.2008

Договорот од Охрид е успешен проект и карта за влез на Македонија во Европа Рамковниот договор се покажа како успешен проект во Македонија и неговата целосна реализација треба да заврши што поскоро за да може државата да се посвети на разрешување на другите проблеми пред кои е исправена.

Охридскиот договор остана патоказ за иднината

Дневник - 14.08.2008

Рамковниот договор го оправда своето постоење, но и покрај зајакнувањето на фискалниот потенцијал на општините,Македонија и понатаму е најцентрализирана држава во Европа, оцени професор Руфи Османи На трибината покрај експертите присуствуваа и неколку министри од Владата, но само од ДУИ, а ниту ...

Охридскиот договор е приказна што трае

Н.Македонија - 14.08.2008

Со завршување на нормативниот дел и донесување на законите од Охридскиот договор не се исцрпува неговата агенда. Овој договор е процес што треба да се гради како вредност и да придонесе кон создавањето клима на граѓанска култура.

Охридскиот договор е мост за обединување

Дневник - 14.08.2008

Охридскиот договор е мост што ги обединува сите етнички заедници, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прексиноќешната прослава на седумгодишнината од потпишувањето на документот што стави крај на конфликтот во 2001 година.

Седум години од потпишувањето на Рамковниот договор

А1 - 13.08.2008

На денот на седумгодишнината од Охридскиот договор, ДУИ порача дека докрај ќе го реализира. Рамковниот не е само носење на закони, туку нивно целосно имплементирање во пракса.

Наследството на Охридскиот договор

BBC - 13.08.2008

Рамковниот договор со кој се оконча воениот судир во Македонија од 2001 година го издржа тестот на времето и ја трансформира земјата во успешно мултикултурно општество.

Шкрипи, ама вози

Време - 13.08.2008

Игор Чавески Рамковниот договор во голема мера ја исполни задачата за која беше потпишан, а тоа е постигнување траен мир, правична застапеност на етничките заедници во институциите на системот и обезбедување на соживот меѓу сите етнички заедници во земјава.

Седум години Рамковен договор

Вест - 13.08.2008

Денес, 13 август, се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.

Владата првпат го слави Рамковниот

Утрински - 13.08.2008

ДУИ не го крие задоволството од ваквиот пресврт - Владата да биде покровител на приемот Оливера Војновска Свеченоста по повод годишнината од Рамковниот документ годинава првпат ќе биде во организација на Владата, која денеска во 19,30 часот приредува коктел во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

ТРИБИНА - ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР ОСНОВА ЗА ПЕРСПЕКТИВНА ДРЖАВА

Телма - 13.08.2008

Охридскиот договор придонесе за прекин на воениот конфликт, тој е основа за стабилност, за развој на граѓанско општество и клуч за евро-атланска интеграција. Ова се дел од заклучоците на трибината организирана од Институтот за политички и интеркултурни студии (ИПИКС).

Седум години Охрид

Форум - 13.08.2008

Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.

Охридскиот договор стаса за во школо, а уште плаче по мајката

Кирилица - 13.08.2008

Седумгодишнината од потпишувањето на рамковниот договор денеска ќе биде одбележана со свеченост во хотелот „Холидеј Ин” што ќе ја организира владиниот Сектор за спроведување на договорот.

Охридскиот договор ја отвори европската перспектива на Македонија

Кирилица - 13.08.2008

Институтот за политички и интеркултурни студии во соработка со Секретаријатот за имплементација на Охридскиот договор при владата на Република Македонија денес организира трибина на тема: „Охридски договор - искуства, предизвици и перспективи“.

Дебата за седумгодишнината од потпишувањето на Охридската спогодба

Канал5 - 13.08.2008

Рамковниот договор е успех не само поради тоа што го донесе мирот, туку поради тоа што тој обезбеди основа за стабилност и просперитет во Македонија, заклучија учесниците на трибината организирана по повод 7-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.

Прием по повод 7-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор

Канал5 - 13.08.2008

По повод 7-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, вицепремиерот од редовите на ДУИ Абдулхаким Адеми, кој раководи со Владиниот секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, вечерва од 19 часот и 30 минути приредува прием во скопскиот хотел „Холидеј ин“.

СЕДУМ ГОДИНИ ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Сител - 13.08.2008

Карта за Европа, клуч за мирот. 7 години по потпишувањето на Рамковниот договор вака дел од експертската јавност го оценува неговото значење.

Владин прием за 7-годишнината од Охридскиот договор

Кирилица - 13.08.2008

- Охридскиот договор е заедничка вредност за сите граѓани на Македонија и служи како мост што ги обединува сите етнички заедници и ја засилува довербата на граѓаните во институциите на државата. Ова е една успешна сторија за земјава и модел за решавање на меѓуетничките конфликти.

Одбележување седум години од Рамковниот договор

Макфакс - 13.08.2008

Рамковниот договор, со кој престанаа воените дејствија во Македонија, денеска одбележува седум години. Настанот ќе се одбележи вечерва во Скопје, во организација на владиниот Секретаријат за Спроведување на рамковниот договор.

Утре е 7-годишнина од Рамковниот договор

А1 - 12.08.2008

Седум години Охридски одговор. На утрешен ден, 13 август е потпишана спогодбата од четирите големи партии на Македонците и Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и тогашна ПДП. Сите овие години единствено ДУИ, кој не го потпиша, го славеше рамковното раѓање.

ДУИ крие кој ја организира прославата за Рамковниот

Дневник - 12.08.2008

ДУИ крие кој ја организира прославата за Рамковниот Вицепремиерот во Владата на Никола Груевски, Абдулаким Адеми, утре во Скопје ќе организира прием по повод седумгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година.

Рамковниот ја надгради државата, но не и политичарите

Н.Македонија - 12.08.2008

Вила „Билјана“, Охрид, 13 август 2001. Во Македонија сè уште се пука. Зад затворени врати претседателот на државата и лидерите на четирите најголеми партии, под будно око на меѓународната заедница, одлучуваат за иднината на државата.

Седум години Рамковен договор

Канал5 - 12.08.2008

Скопје, 13 август (МИА) - Денеска се навршуваат седум години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.

СЕДУМГОДИШНИНА ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Сител - 12.08.2008

Во турбулентни околности за албанскиот политички блок се дочекува 7 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Рамковниот договор се политизира

Вечер Прес - 12.08.2008

"Многу работи излегоа од рамката. Таков е примерот со Тетовскиот универзитет. Сите ние чекаме таа приказна да заврши. Броиме уште колку остана од Рамковниот, но сепак има постојано нови и нови толкувања.