TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Универзална сала ќе се модернизира

Време - 11.09.2008

Владата ќе инвестира во реконструкција на Универзалната сала во Скопје, најави премиерот Никола Груевски на презентацијата на идејниот проект. Салата ќе добие нов модерен изглед и функционалност по современи стандарди.

Универзална сала ќе се реконструира од јануари

Вест - 11.09.2008

Од јануари ќе почне да се реконструира Универзалната сала. Средствата за реновирање на најголемата концертна сала во главниот град во висина од 3 милиони евра ќе ги обезбеди Владата. Во петок ќе се распише меѓународниот тендер.

Обновата на Универзална сала ќе стартува околу Нова година

Утрински - 11.09.2008

За време на работата салата ќе биде функционална, по потреба делови од неа ќе бидат затворани Премиерот Никола Груевски и директорот на Универзална сала, Душко Поповски, вчера ги потврдија најавите дека единствената концертна сала во Скопје наскоро ќе се реконструира и догради со помош на Владата.

Универзалната сала ќе добие ново руво

Н.Македонија - 11.09.2008

Четириесет години старата Универзална сала ќе добие нов модерен изглед и функционалност според сите потребни стандарди. Владата се јавува како главен инвеститор во овој проект, кој се очекува да биде завршен до крајот на 2009 година.

Универзална ќе се обновува со владини пари

Дневник - 10.09.2008

Универзална сала в година ќе биде претворена во големо градилиште. Салата, која две децении се распаѓаше, а во која никој не вложуваше, целосно ќе се реконструира со три милиони евра, кои ќе ги издвои Владата.

Владата ќе ја реконструира Универзална сала

Вечер Прес - 10.09.2008

Универзална сала ќе се ќе се претвори во модерен, културен и конгресен центар. Реконструкцијата и доградбата ќе чинат најмалку три милиони евра, пари кои ќе ги обезбеди Владата, преку Министерството за култура.

И универзална сала ќе се обновува со владини пари

Утрински - 09.09.2008

Директорот Поповски вели дека министерката за култура ветила финансирање на проектот за реконструкција и доградување на салата Деспина Трајковска По тригодишни најави за реконструкција и доградување на Универзална сала, се чини, проектот, конечно, ќе се реализира.