TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Букурешт интензивно се подготвува за самитот

А1 - 09.03.2008

Букурешт интензивно се подготвува да ги пречека учесниците на самитот на НАТО. Како што пренесуваат романските гласила, американскиот претседател Џорџ Буш во Букурешт доаѓа со придружба од околу илјада лица. Германската делегација ќе ја сочинуваат 100, британската 80, а шпанската 60 лица.

Апатурај: Вратата на НАТО е отворена за сите три земји

А1 - 09.03.2008

„Ставот на НАТО е дека нашата врата е отворена, ние имаме акционен план за прием на нови земји членки“, изјави во интервјуто за А1 Џејмс Апатурај, портпарол на НАТО. Ако рецепт за стабилност на регионот е влезот на Македонија во НАТО, дали ќе ја жртвувате Македонија и стабилноста на Балканот само ...

83% од граѓаните против промена на името за НАТО

А1 - 09.03.2008

Големо мнозинство од граѓаните на Република Македонија, дури 83%, не се согласуваат државата да го промени своето уставно име за да стане дел од НАТО. Ова го покажуваат резултатите од испитување на јавното мислење што го спроведе Центарот за истражување и креирање политики.

Анкета: Промена на името или влез во НАТО?

Канал5 - 09.03.2008

83 проценти од македонските граѓаните не се согласуваат земјава да го промени името за да влезе во НАТО. На ова прашање – дали се согласувате Македонија да го промени името за да влезе во НАТО, 95 проценти од етничките Македонци одговориле дека се против.

Подготовки за самитот на НАТО во Букурешт

Макфакс - 09.03.2008

Букурешт Подготовките за Самитот на НАТО во Букурешт се одвиваат забрзано на неполн месец до настанот на кој ќе учествуваат околу три илјади официјални претставници и околу 3.500 претставници на медиумите. На Самитот ќе присуствуваат 55 шефови на држави и влади од 26 држави-членки на НАТО и 23 ...

Грција не се надева на решение пред самитот на НАТО

Макфакс - 09.03.2008

Љубљана Официјална Атина не се надева дека ќе биде најдено решение со Македонија за разликите околу името до самитот на НАТО, од 2 до 4 април во Букурешт. Веста попладнево ја пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на анонимни европски дипломати.

Анти-НАТО протест

Макфакс - 09.03.2008

Скопје Мирен протест против зачленувањето на Македонија во НАТО е закажан за попладне во центарот на Скопје. Протестот, кој е предвидено да се одржи пред Домот на АРМ и плоштадот „Македонија“, го организираат групата активисти што стојат зад мировната иницијатива „Против НАТО! Против Македонија во ...

Македонија се уште се надева на решение

Макфакс - 09.03.2008

Брдо Македонија се уште се надева на решение по прашањето за името со Грција пред Самитот на Алијансата наредната недела каде очекува покана за прием во НАТО. Ова денеска во Брдо кај Крањ, го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, кој изрази вакви надежи, и покрај во последен ...

Хрватските НВО бараат референдум за влез во НАТО

Макфакс - 09.03.2008

Загреб Повеќе од 50 невладини организации во Хрватска денеска покренаа петиција со која повикуваат на одржување референдум за прием на државата во НАТО. Хрватската Влада се надева дека ќе добие повик за прием на НАТО на Самитот на Алијансата наредната недела во Букурешт.

Можна средба Милошоски - Бакојани

Макфакс - 09.03.2008

Скопје Средба меѓу шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани би можела да се одржи денеска во Брдо кај Крањ. Како што јави синоќа телевизијата А1, повикувајќи се на дипломатски извори, не се исклучува можноста денеска на маргините на ...

Воените аташеа за прием на Македонија во НАТО

А1 - 08.03.2008

Во време кога Македонија се соочува со можна блокада од Грција за прием во НАТО, за воените претставници на Алијансата нема дилема - Македонија заслужува членство. „Целината од земји членки на НАТО се задоволни од она што го има направено вашата земја и не гледам причина некоја од земјите да би се ...

Грција го поддржува европскиот пат на Турција

А1 - 08.03.2008

Грција го поддржува европскиот пат на Турција, изјави денеска шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани по средбите со државното раководство во Анкара. Според Бакојани, официјална Атина ја поддржува европската перспектива на Турција, која притоа мора да ги исполни поставените задачи од ...

Милошоски: Внимателно со можноста за грчко вето

Вест - 08.03.2008

СОСТАНОКОТ НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА НАТО ИСПРАТИ ТРИ ПОРАКИ Првата порака е дека НАТО на проширувањето со земјите од Јадранската повелба пристапува како кон стратегиски приоритет. Втората порака е дека е очигледно оти огромно мнозинство земји во НАТО ценат дека Македонија е подготвена ...

Атина задоволна од состанокот во Брисел

Утрински - 08.03.2008

„Та неа“ пишува дека Атина му ја затвори вратата на Скопје за НАТО Атина - Озлогласеното вето на Грција на поканата на Скопје за членство во НАТО најпосле го наложи министерот за надворешни работи, Дора Бакојани, но не и премиерот Костас Караманлис, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Бакојани: Поголеми права за грчкото малцинство во Албанија

Канал5 - 08.03.2008

Поголеми права за грчкото малцинство во Албанија, со јасен и ни малку дипломатски тон и порача на Тирана шефицата на грчката дипломатија Бакојани, како услов за зачленување на Албанија во НАТО. Според Бакојани, чија изјава ја пренела албанската агенција „Балкан веб“, не станува збор за закана за ...

Букурешт ќе биде добар самит за регионот

Утрински - 08.03.2008

5 ПРАШАЊА 5 ОДГОВОРИ Доколку стави вето на плановите на НАТО, одговорноста ќе падне врз Грција, вели министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски Димитар Чулев Господине министре, каков е Вашиот впечаток по завчерашниот министерски состанок на НАТО во Брисел, на кој се очекуваше нешто ...

Добри комшивки

Вест - 08.03.2008

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Поради чувствителноста на Грција, цело НАТО треба да изгуби разум 1 Одвај чекам Грција да стави вето. Да им го гледам сеирот и на Американците и на сите други демократски држави кои се колнат во владеење на правото.

За стратегијата на НАТО не одлучува една земја

Време - 08.03.2008

ИНТЕРВЈУ: АНТОНИО МИЛОШОСКИ, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Георги Барбаровски - Господине Милошоски, каква е процената на Владата за исходот од средбата на Советот на министри на НАТО во Брисел - како поминавме? - Според официјалните изјави, средбата на министрите на НАТО помина според очекувањата.

Нов рок од Брисел

Утрински - 08.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Слободанка Јовановска Министрите за надворешни работи на НАТО и' дадоа нов рок на Македонија да го реши спорот околу името со Грција, како услов да добие покана за членство во НАТО во Букурешт. Она за што сите порачуваа дека треба да се стори ургентно до министерскиот состанок сега се ...

Напредокот е неоспорен, особено во воената област

Време - 08.03.2008

СПОРЕД ВОЕНИТЕ АТАШЕА Иако на завчерашниот министерски состанокот на НАТО не беше донесена никаква одлука, сепак од него е испратен силе позитивен сигнал дека Македонија е подготвена за прием во Алијансата, оценуваат воени претставници на НАТО.

Ветото опасно и за Грција

Време - 08.03.2008

РЕАКЦИИ ПО МИНИСТЕРСКИОТ СОВЕТ НА НАТО Грција е под силен притисок на САД и на земјите-членки на НАТО да дозволи Македонија да биде примена во Алијансата, со ветување дека разговорите ќе продолжат и дека ќе има решени за името. Главниот притисок очекувано доаѓа од Американците.

С’ е можно, па дури и покана за во НАТО

Дневник - 08.03.2008

Периодот до самитот во Букурешт ќе биде исполнет со многу активности на релацијата Скопје-Нимиц-Атина, како и Скопје-Брисел, најавува министерот Милошоски Сите опции се отворени, коментираат дипломати за „Дневник“ по министерскиот состанок на НАТО завчера во Брисел, на кој Грција се закани дека ќе ...

Бакојани нема да се сретне со Милошоски

Макфакс - 08.03.2008

Скопје Средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, најверојатно,нема да има, на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ, што започнува денеска во Словенија. Ова за Макфакс денеска го изјавија владини извори во Скопје, кои побараа да останат анонимни.

Грчка поддршка за Турција во ЕУ

Макфакс - 08.03.2008

Анкара Грција го поддржува европскиот пат на Турција, изјави денеска шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани по средбите со државното раководство во Анкара. Според Бакојани, официјална Атина ја поддржува европската перспектива на Турција, која притоа мора да ги исполни поставените задачи од ...

Бакојани: Решение за името прифатливо за двете страни

Макфакс - 08.03.2008

Атина Решение за името прифатливо за двете страни, ќе овозможи добрососедски односи, се вели во пораката што денеска до македонскиот народ ја упати шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. „Сакам да испратам уште еднаш, од парламентарната говорница, јасна порака на луѓето во Скопје и да им ...

Македонија и Грција нема да го решат спорот за името до самитот во Букурешт

Макфакс - 08.03.2008

Скопје Скептичен сум дека Македонија и Грција ќе изнајдат компромисно решение за спорот со името до самитот на НАТО во Букурешт. Ова, во интервјуто за Дојче Веле, го изјави Хајнц Јирген Акст, професор по општествени науки на Универзитетот Дуизбург-Есен и раководител на институтот за политички науки.

Анкета - Половина од граѓаните подготвени да прифатат промена на името

Макфакс - 08.03.2008

Скопје Половина од граѓаните на Македонија се подготвени да прифати извесна промена на државното име за меѓународна употреба, ако тоа стане неизбежно и е последниот услов за членство во НАТО и ЕУ. Ова се наведува во телефонската анкетата на агенцијата „Рејтинг“ од Скопје, во која учествувале 1045 ...

Стартува ТВ НАТО

Макфакс - 08.03.2008

Брисел Северно-атлантската алијанса сака да ја подобри својата слика во јавноста поради што деновиве ја започнува својата телевизија. ТВ НАТО, за која поголем дел од потребните средства ќе ги обезбеди Данска, најпрвин ќе се емитуваат преку Интернет односно сајтот на НАТО, а подоцна најверојатно и ...

Македонија е подготвена за компромис со Грција

Вечер Прес - 08.03.2008

Единствениот начин Грција да се откаже од намерата да стави вето на поканата за НАТО на Македонијам е во наредните 20 дена Скопје да се откаже од својата решителност и да се сврти кон решавање на прашањето за иметоо, пишуваат грчките медиуми Македонија е подготвена за компромис со Грција, порача ...

„Индепендент“: Членките на НАТО ја притискаат Грција за Македонија

А1 - 07.03.2008

Земјите-членки на НАТО на својот министерски состанок во Брисел го зголемија притисокот врз Грција, барајќи од неа да дозволи проширување на организацијата со три нови членки, како и да не го блокира влегувањето на Македонија во Северноатлантската алијанса, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Најавите за вето главна тема на грчките весници

А1 - 07.03.2008

Средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, вчера во Брисел, на која шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани го потврди ставот дека Грција ќе го примени правото на вето во однос на членството на Македонија во Алијансата е една од главните теми во денешните изданија на ...

Македонија и Грција, соседи и партнери

Вест - 07.03.2008

ВТОР ДЕЛ ОД МЕДИУМСКАТА КАМПАЊА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО Владата денеска во странските весници ќе го објави и вториот оглас "Македонија и Грција, соседи и партнери" за промовирање на кандидатурата на Македонија за членство во НАТО во рамките на медиумската кампања "Македонија го заслужува НАТО".

„Та Неа“: Атина му ја затвори вратата на Скопје за НАТО

Канал5 - 07.03.2008

Озлогласеното вето на Грција на поканата на Скопје за членство во НАТО најпосле го наложи министерот за надворешни работи Дора Бакојани, но не и премиерот Костас Караманлис, пишува денеска грчкиот весник „Та Неа“. Атина, 7 март (МИА) - Озлогласеното вето на Грција на поканата на Скопје за членство ...

Грчкото вето е пораз за сите

Утрински - 07.03.2008

Си велам... Ерол Ризаов Со грчкото вето во Букурешт, НАТО и Америка ќе ја покажат сета бесмисленост на една силна Алијанса Грчкото вето во Букурешт, ако дојде до тоа, е пораз за сите. А најголем за Македонија, за НАТО и за Грција.

„Индепендент“: Членките на НАТО притискаат врз Грција да не го блокира приемот на Македонија

Канал5 - 07.03.2008

Земјите-членки на НАТО на својот министерски состанок во Брисел го зголемија притисокот врз Грција, барајќи од неа да дозволи проширување на организацијата со три нови членки, како и да не го блокира влегувањето на Македонија во Северноатланската алијанса, пишува британскиот весник „Индепендент“.

НАТО во војна за Македонија

Време - 07.03.2008

НЕМА ДОГОВОР ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО Биљана Секуловска, наш специјален известувач од Брисел Советот на министри за надворешни работи на НАТО не успеа вчера да постигне консензус за прашањето дали Македонија, Хрватска и Албанија во април ќе добијат покани за членство во НАТО.

Ветото поизвесно од поканата

Дневник - 07.03.2008

Најголемиот број шефови на дипломатии потврдија дека сакаат да испратат покани за Албанија, Хрватска и за Македонија Македонија ги исполнува сите критериуми за зачленување во НАТО, но врз земјата се зголеми притисокот за решавање на спорот за името.

Јадранското трио против грчкото дуо

Вест - 07.03.2008

МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА НАТО ПОТПИШАА ТРИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ БЕЗ ИМИЊА НА ЗЕМЈИТЕ Со овие документи е даден знак дека трите балкански земји - Македонија, Албанија и Хрватска се подготвени на Самитот на НАТО во Букурешт да добијат покани за членство Три документи за пристапување ...

Владата ја засилува кампањата во странство за НАТО

Утрински - 07.03.2008

Рекламирањето на државава ќе трае во наредните денови. Допрва ќе се утврдува колку пари ќе чини Деспина Трајковска Со објава на реклами во лондонски „Тајмс“ насловени „Република Македонија го заслужува членството во НАТО“ и „Македонија и Грција - соседи и партнери“, Владата од вчера ја засили ...

Владата со реклами се бори за членство

Време - 07.03.2008

МЕДИУМСКА ОФАНЗИВА Македонската влада деновиве откупи рекламен простор во тиражни светски медиуми во кои се објавени огласи „Македонија го заслужува НАТО“ и „Македонија и Грција - соседи и партнери“, со кои се аргументира зошто Македонија треба да биде примена во НАТО.

Името мора да се реши до Букурешт

Утрински - 07.03.2008

И Шефер почна да не' вика Скопје место Македонија. Ивајло Калфин го оправда барањето на Атина Македонија и Грција треба да го решат спорот околу името и мислам дека со добра волја можат да го остварат тоа, изјави Рајс Од нашиот дописник Слободанка Јовановска БРИСЕЛ - Грчката шефица на дипломатијата ...

НАТО има своја телевизија

Макфакс - 07.03.2008

Брисел На почетокот на април НАТО ќе започне со емитување на сопствен телевизиски канал. Свечената церемонија за отворањето на телевизискиот канал ќе се случи во рамките на самитот на НАТО кој треба да се одржи од 2 до 4 април во Букурешт.

Грција ги загрозува плановите на НАТО

Макфакс - 07.03.2008

Лондон Приемот на Македонија во НАТО е доведен во прашање заради отпорот на Грција, која стравува дека „Република Македонија“ има територијални претензии кон истоимената грчка покраина. Ова денеска го пишуваат угледните британски весници „Фајненшл Тајмс (ФТ)“ и „Индипендент“, пренесува Макфакс.

Грците излегуваат со вето, САД и Турција остро против!

Вечер Прес - 07.03.2008

Не донесовме одлука за проширување за ниту една земја, но искрено очекуваме тоа да го направиме до Самитот на претседатели и шефови на влади членки на НАТО, рече Шефер Неизвесноста останува до Самитот на НАТО, следниот месец во Букурешт.

Кампања „Македонија заслужува членство во НАТО“

А1 - 06.03.2008

Денеска сите водечки светски весници на две страни ќе осамнат со написи „Македонија го заслужува членството во НАТО“ и „Македонија и Грција сојузници во Алијансата“. Станува збор за нова кампања на македонската Влада, со која ќе се промовираат македонските вредности и позиции во однос на НАТО ...

Тешки беа преговорите во Њујорк

А1 - 06.03.2008

Со новинарот Горан Момировски, кој престојуваше во Њујорк, Солун и Атина, локации на кои се разговараше за спорот Грција-Македонија, разговараме за неговите импресии од настаните. Горан, пред малку имаше вест дека Хрватска, Словенија, Италија повторно билатерален спор или некаква сличност, исто ...

Грција: Самитот на НАТО не е краен рок за решение

А1 - 06.03.2008

Самитот на НАТО не е крајниот рок до кога треба да се реши спорот за името меѓу Грција и Македонија. Ова е најновата официјална позиција на јужниот сосед, којашто синоќа ја презентираше заменик портпаролот на грчката влада, Евангелос Антонарас, одговарајќи му на шефот на македонската дипломатија ...

Шефер - нема одлука, Бакојани - не за Македонија

А1 - 06.03.2008

Грција одлучно рече „не“ на Македонија да биде поканета на самитот. Денеска на состанокот на Министрите за надворешни, она што и Грција и НАТО го бараат е решение за името до самитот, еднакво како што и шефицата на грчката дипломатија Бакојани, за А1 изјави: „без решение нема покана имаме се уште ...

Ружин: Нема одлука но, нема ни вето

А1 - 06.03.2008

Македонскиот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, за А1 изјави дека нема конечна одлука за прием на земјите, но нема ниту формално вето од страна на Грција. Останува доволно време да се најде солуција, вели Ружин. Господине Ружин како би го оцениле денешниот состанок во Брисел на земјите членки на НАТО? ...

Бакојани: Грција не може да поддржи членство на Македонија во НАТО

Канал5 - 06.03.2008

Грција не може да го поддржи присоединувањето на Мaкедонија кон НАТО, изјави грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани. Брисел, 6 март (МИА) - Грција не може да го поддржи присоединувањето на Мaкедонија кон НАТО, изјави грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани.

Сите освен Грција сакаат проширување на НАТО

Вест - 06.03.2008

ВО БРИСЕЛ СОСТАНОК НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ НА ЧЛЕНКИТЕ НА АЛИЈАНСАТА Во Брисел денеска ќе заседава Советот на министри за надворешни работи на членките на НАТО кој ќе го оценува напредокот на Македонија и на Албанија и Хрватска и дали тие се подготвени за влез во Алијансата.

Во Брисел почна разгледувањето на кандидатурите на Јадранската група за членство во НАТО

Канал5 - 06.03.2008

Министрите за надворешни работи на државите-членки на НАТО денеска на заеднички состанок во Брисел ги разгледуваат кандидатрурите на земјите од Јадранската група - Македонија, Хрватска и Албанија за членство во Алијансата. Кандидатурите на трите држави, како што најави генералниот секретар на НАТО ...

Критериумите за НАТО немаат основа за вето

Време - 06.03.2008

ТАНЕР КАРАКАШ, АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Горазд Чомовски - Господине амбасадор, неполн месец остана до самитот на НАТО во Букурешт. Како ги оценувате шансите на Македонија за прием во Алијансата? - Турција е земја што ја прифаќа политиката на НАТО на „отворени врати“ за нови ...

Молк во НАТО околу поканите за прием

Утрински - 06.03.2008

Нема заклучоци, нема документи, нема одлуки вели портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи Брисел - Нема заклучоци, нема документи, нема одлуки.Вака, накратко, портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи, го најави денешниот министерски состанок на НАТО во Брисел, кој се очекува како решавачки за трите земји- ...

Се крои покана со половина уста

Време - 06.03.2008

СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ НА НАТО ЗАСЕДАВА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ Советот на министри за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на денешниот состанок ќе разговара за можноста за упатување покани за пристапување кон Алијансата на земјите од Јадранската група и ќе го подготват т.н.

Шефер: НАТО нема да се произнесе за прашањето за името на Македонија до самитот во Букурешт

Канал5 - 06.03.2008

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО на денешниот состанок во Брисел не донесоа конкретни заклучоци во врска со проширувањето на Алијансата со трите земји од Јадранската група - Македонија, Албанија и Хрватска. Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер информира дека на средбата ...

Грција не може да подржи прием на соседот во НАТО без решение за името

Канал5 - 06.03.2008

Сите земји членки го поддржуваат проширувањето на Алијансата кон трите земји кандидати. Денешниот формат на состанокот беше неформален и има за цел да го подготви теренот за букурешкиот самит, заклучоци денеска нема, ниту пак земјите членки постигнаа конечна одлука за поканите.

НАТО денеска го подготвува теренот за Букурешт

Дневник - 06.03.2008

На денешниот состанок министрите за надворешни работи на НАТО нема да одлучат дали Македонија ќе добие покана за зачленување во алијансата на самитот во Букурешт во април. Состанокот на министрите е од неформална природа, што значи дека тие нема да донесуваат одлуки, ниту да усвојуваат заклучоци.

Шефер: Ситуацијата на Косово е кревка, но Алијансата е охрабрена од тоа што нема насилства

Канал5 - 06.03.2008

Ситуацијата на Косово е кревка, но Алијансата е охрабрена од тоа што нема насилства, изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер на заседанието на министрите за надворешни работи на државите членки на Алијансата. Од синоќа и Исланд и претседавачот со Европската Унија, Словенија го признаа ...

„Та неа“: Бакојани во Брисел ќе направи проба за ставање вето на приемот на Скопје во НАТО

Канал5 - 06.03.2008

Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани на денешната средба во Брисел со своите колеги од државите членки на НАТО ќе направи проба за ставање вето за приемот на Скопје во Алијансата, пишува грчкиот весник „Та неа“. Атина, 6 март (МИА) - Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани на ...

Кампања „Македонија заслужува во НАТО“ во светски познати весници

Канал5 - 06.03.2008

Во весниците „Фајненшл тајмс“, „Интернешнл хералд трибјун“, „Њујорк тајмс“,„Ле Монд“, „Тајмс“, „Ди велт“, „Ди телеграф“ и „Лехо“, во наредните денови ќе бидат објавени огласи за промовирање на кандидатурата на Македонија за членство во НАТО во рамките на кампањата „Македонија го заслужува НАТО“ ...

Шефер: Охрабрени сме што на Косово нема насилства

Макфакс - 06.03.2008

Брисел - Иако ситуацијата на Косово е кревка постои охрабрување бидејќи по прогласената независност нема меѓуетничко насилство, масовно заминување на бегалци, ниту организирани напади. Ова на денешното заседане на НАТО во Брисел го изјави Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер.

Грција ретерира-самитот на НАТО не е краен рок за решение за името

Макфакс - 06.03.2008

Атина Самитот на НАТО во Букурешт не е крајниот рок до кога треба да се реши спорот за името меѓу Грција и Македонија. Ова, како што јавува скопската телевизија А1, е најновата официјална позиција на Грција, која што синоќа ја презентираше заменик портпаролот на грчката влада, Евангелос Антонарас, ...

Бакојани: Грција не може да се согласи со членство на Скопје во НАТО

Макфакс - 06.03.2008

Брисел - Грција не може да се согласи со членство на Скопје во НАТО, изјави денеска грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Изјавата, како што пренесува Макфакс, Бакојани ја дала во Брисел каде учествува на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО.

Германија се заложи за прием на Јадранската група во НАТО

Макфакс - 06.03.2008

Брисел Германија се залага сите три земји на Јадранската група, Македонија, Хрватска и Албанија да добијат покана за НАТО, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер. „Се надевам дека ќе ги повикаме сите три држави“, рече Штајнмаер непосредно пред почетокот на денешниот состанок ...

„Македонија заслужува во НАТО“ објавено во светски весници

Макфакс - 06.03.2008

Лондон Македонската влада денеска објави платен оглас во неколку светски весници во кој ја информира меѓународната јавност дека заслужува прием во НАТО, без да го промени името. Кампањата под назив „Македонија заслужува членство во НАТО“ и „Македонија и Грција сојузници во Алијансата“ има за цел да ...

Шефер – Нема одлуки за проширување на НАТО

Макфакс - 06.03.2008

Брисел Не беа донесени одлуки за проширувањето, рече генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Шефер, по денешниот министерски состанок во Брисел. Генералниот секретар се надева дека НАТО ќе се зголеми на самиот во Букурешт. Шефер рече и дека кај Алијансата нема „замор“од проширувањето.

Министерски состанок на НАТО за проширувањето

Макфакс - 06.03.2008

Брисел Проширување на Алијансата на претстојниот самит во Букурешт на почетокот на април е меѓу главните теми на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Државите од Јадранската група Македонија, Хрватска и Албанија очекуваат дека на самитот во Букурешт ќе ја добијат поканата ...

Бакојани – Предлогот далеку од целите на Грција

Макфакс - 06.03.2008

Атина Новиот предлог на Метју Нимиц е далеку од целите на Грција, изјави грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Министерката ја даде изјавата по седница на владина комисија на која ги информираше колегите за предлогот за името на Македонија од специјалниот посредник на ОН.

Вашингтон повтори дека е за решение за името пред Букурешт

Макфакс - 06.03.2008

Вашингтон Белата куќа го потврди ставот дека решение за разликите околу името на Македонија треба да се најде пред самитот на НАТО во Букурешт. Прес-секретарот на Белата куќа, Дејна Перино рече дека доколку е потребно решението може да биде донесено и на самитот на Алијансата, што ќе се одржи од 2 ...

Демонстрации против САД, ЕУ и НАТО денеска во Атина

Макфакс - 06.03.2008

Атина Демонстрации против Соединатите Американски Држави (САД), Европската унија (ЕУ) и НАТО најавени се за денеска во Атина, јавија грчките медиуми. Митингот е организиран од таканаречени леви формации, меѓу кои е и Комунистичката партија на Грција.

Ружин: Блиску сме до членство, без промена на идентитетот

Вечер Прес - 06.03.2008

Македонија ќе добие покана за членство, затоа што од правно-политички апсект ги исполни сите стандарди што се неопходни за една држава аспирант да добие покана за членство, изјави вчер македонскиот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, во интервју за Радио Дојче Веле.

Неизвесност околу можното грчко вето за НАТО

А1 - 05.03.2008

На само ден пред Министерскиот совет во Брисел, се уште е неизвесно каква ќе биде конечната одлука на Грција околу идното проширување на НАТО, односно евентуалното „не“ за прием на Македонија во Алијансата. Дел од странските дипломати во Скопје со различни оценки, од оптимисти до песимисти.

Јадранската група побара заедничка покана од НАТО

А1 - 05.03.2008

Земјите од Јадранската група отсекогаш гледале на членството во НАТО не само како средство за подобрување на својата сегашна безбедност туку како цел што води кон нивен долгорочен развој, кон консолидирање на демократските вредности и непрекината отвореност на општествата кон регионот и пошироко.

Македонија повторно во експеримент

Време - 05.03.2008

СУСПЕНЗИСКАТА ПОКАНА - ПРЕСЕДАН ЗА ПРИЕМ ВО НАТО Игор Чавески Термин „суспензиска покана“ за членство не постои, едногласни се македонските експерти по најавите на неколку членки на НАТО Македонија да добие таква покана за членство, поради можноста Грција да стави вето.

Грчки министер против вето

Дневник - 05.03.2008

Министер во Владата на Костас Караманлис изјави дека е против вето за влезот на Македонија во НАТО.- Ветото за зачленувањето на Скопје во НАТО е против интересите на Грција и на соседната земја - изјавил министерот за поморска трговија Јорго Вулгаракис.

СДСМ бара историска победа на вториот Букурешт

Дневник - 05.03.2008

Обезбедување цврст и постојан домашен консензус, зајакнување на експертските потенцијали на преговарачкиот тим и итна дипломатска офанзива во претстојните решавачки четири недели пред самитот во Букурешт за добивање покана за во НАТО, побара вчера опозицискиот СДСМ.

Грчки министер против вето за Македонија

Вест - 05.03.2008

Грчки министер и член на владејачката партија Нова Демократија е против вето за влезот на Македонија во Северноатлантската алијанса. Ветото за членството на Македонија во НАТО е против интересите на Грција и Македонија, смета министерот за поморска трговија Јорго Вулгаракис.

Нимиц во финална мисија во Скопје

Утрински - 05.03.2008

Медијаторот доаѓа во Скопје еден ден пред Министерскиот состанок на НАТО Средбите меѓу македонски и грчки политичари во последниве неколку години се исклучително редок настан. Оние состаноци меѓу Антонио Милошоски и Дора Бакојани беа повеќе протоколарни, а не суштински Димитар Чулев Тамара ...

Проширувањето на НАТО – чекор кон трајна стабилност

Канал5 - 05.03.2008

Земјите од Јадранската група отсекогаш гледале на членството во НАТО не само како средство за подобрување на својата сегашна безбедност туку како цел што води кон нивни долгорочен развој, кон консолидирање на демократските вредности и непрекината отвореност на општествата кон регионот и пошироко.

Отворените политички прашања ја затвораат вратата на НАТО

Дневник - 05.03.2008

Работите на Балканот добро се одвиваат, но напредокот не е неповратен и затоа за Грција и за Македонија е од директен интерес аранжман што ќе ја олесни поканата Договор помеѓу Грција и Македонија ќе мора да се постигне пред самитот во Букурешт затоа што НАТО не е дел во спорот за името и нема да ...

Проширувањето на НАТО – чекор кон трајна стабилност

Утрински - 05.03.2008

Мислења Ивајло Калфин, Љуљзим Баша, Гордан Јандроковиќ, Антонио Милошоски Во почетокот на април НАТО има можност да се прошири со три нови земји-членки од ЈИЕ. Тие земји се Република Албанија, Република Македонија и Република Хрватска – т.н. јадранска тројка.

Самитот во Букурешт да го претвориме во победа

Време - 05.03.2008

СДСМ ПОВИКУВА НА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА Државните институции и политичките партии да се обединат и заеднички да ја излобираат поканата за членство на Македонија во НАТО, порача на вчерашната конференција за печат Радмила Шеќеринска, лидерката на СДСМ.

Можна дестабилизација ако Македонија извиси за НАТО

Вечер Прес - 05.03.2008

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО утре ќе ја донесат првичната одлука дали ќе ги поканат трите балкански земји - Македонија, Албанија и Хрватска да се приклучат кон Алијансата, имајќи ја предвид заканата на Грција дека ќе стави вето за приемот на Македонија, јави Франс прес.

„Името“ главна тема во грчките весници

А1 - 04.03.2008

Грчките весници во денешните изданија пишуваат за притисок од НАТО и САД врз Грција, да даде зелено светло за приемот на Македонија во Северноатлантската Алијанса. „Навтемборики“ пишува дека притисокот врз Грција бил јасно ставен на знаење при вчерашната посета на генералниот секретар на НАТО, Јап ...

САД: Грција да запре со заканите до Македонија

А1 - 04.03.2008

Вашингтон инсистира грчката Влада да запре со заканувачките пораки до Македонија, да ја спушти тензијата и да отвори простор во наредниве неколку недели пред самитот на НАТО, Скопје и Атина да најдат заедничко решение. Ова, според дипломатски извори, била причината поради којашто вчера по ...

Почна виткањето зглобови за компромис

Време - 04.03.2008

АМЕРИКАНСКА ОФАНЗИВА ВО СПОРОТ ЗА ИМЕТО Жарко Јорданоски НАТО и САД вчера го засилија притисокот врз Македонија и врз Грција по неуспехот на последната рунда преговори во Њујорк кај посредникот на ООН, Метју Нимиц. Во напорите да се доближат позициите на двете земји и да се спречи грчко вето на ...

Македонија ќе добие покана, сакала Грција или не

Утрински - 04.03.2008

Спорот за името не е составен дел на Акциониот план за членство, а покана ќе има за трите земји Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Македонија ќе добие покана за членство од НАТО го сакала тоа Грција или не – е последната информација од дипломатски извори во Брисел, откако преговорите ...

Грчките медиуми за спорот околу уставното име на Република Македонија

Канал5 - 04.03.2008

Прашањето околу уставното име на Република Македонија и натаму е централна тема во грчките медиуми. Грчките весници во денешните изданија пишуваат за притисок од НАТО и САД врз Грција, да даде зелено светло за приемот на Македонија во Северноатлантската алијанса.

Атина под силен притисок од НАТО и од САД

Утрински - 04.03.2008

Шефер вчера во Атина изјави дека „Грција е членка на НАТО, а земјите- аспиранти не се, и тоа е основната разлика“ Јап де Хоп Шефер, кој се сретна со Костас Караманлис Тамара Грнчароска Грција е под силен притисок од НАТО и од САД за омекнување на ставовите за употреба на вето за да го спречи ...

Aргументот на Грција за вето нема основа

Канал5 - 04.03.2008

Правото на земјите членки на НАТО со вето да го спречат приемот на земја аспирант во Алијансата е безусловно, нема критериуми по кои би се ценело дали употребата на ветото е издржана или не. Правото на вето стои во два збора од членот десет во вашингтонскиот договор, во кој пишува – земјите членки ...

Шефер: Покани само ако има консензус во НАТО

Дневник - 04.03.2008

Секоја покана ќе биде заснована на „перформансите“ на земјата-кандидатка, а добрососедските односи со актуелните членки на НАТО е „добредојден принцип“, истакна вчера Шефер по средбите со грчкиот државен врв Одлука за влез на Македонија во НАТО се' уште не е донесена, а голем плус за тоа ќе биде ...

Шефер: Разликата е во тоа што Грција е членка на НАТО

Вест - 04.03.2008

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА АЛИЈАНСАТА ПО СРЕДБАТА СО ГРЧКИОТ ВРВ ВО АТИНА Притисокот врз Македонија околу прашањето за името се засили по вчерашната посета на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер на Атина, од каде што порача: Притисокот врз Македонија околу прашањето за името се засили по ...

Кои се можните сценарија за Македонија во Букурешт?

Канал5 - 04.03.2008

За два дена, кога ќе се одржи состанокот на министри за надворешни работи на НАТО, Македонија се надева да добие попрецизни најави за нејзината долго очекувана покана за членство, но проблемот со името се чини ќе не држи во неизвесност до самиот букурешки самит на втори април.

Членството во НАТО го поддржуваат 54,2 отсто Хрвати

Утрински - 04.03.2008

Загреб - Зачленувањето на Хрватска во НАТО го поддржуваат 54,2 отсто од Хрватите, покажуваат резултати од анкетата на агенцијата „Промоција плус“, кои беа објавени вчера“. Против зачленувањето на Хрватска во НАТО се изјасниле 37 отсто од анкетираните, а 8,8 проценти немаат став за ова прашање.

Амбасадори НАТО на консултации околу приемот на Македонија

Макфакс - 04.03.2008

Скопје Амбасадорите на земјите членки на НАТО на Франција, Холандија и Данска денеска во Скопје со македонските власти ќе разговараат за ситуацијата околу приемот на земјата во НАТО. Во рамки на посетата, тројцата амбасадори ќе се сретнат со претседателот Бранко Црвенковски, со премиерот Никола ...

Дијаспората бара прием на Македонија во НАТО

Макфакс - 04.03.2008

Вашингтон НАТО да ја покани Македонија во членство на Самитот во Букурешт во април и да не ги прифати грчките обиди да го попречат македонскиот влез. Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) наведуваат дека членството на Македонија во НАТО е ...

Мнозинството Хрвати за влез во НАТО

Макфакс - 04.03.2008

Загреб Влезот во НАТО го поддржуваат околу 61 отсто од граѓаните на Хрватска, покажува последната анкета. Според истражувањето на агенцијата ГФК, против влезот на Хрватска во Алијансата се 21 отсто од нејзините граѓани. Истражувањето покажува дека 83 отсто од анкетираните сметаат дека влезот на ...

Грција оптимист за решение пред самитот на НАТО

Макфакс - 04.03.2008

Брисел Официјална Атина е „оптимист“ дека решение за разликите за името со Македонија може да се постигне пред самитот на НАТО од 2 до 4 април во Букурешт. Ова го изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски, која се одржа во четвртокот ...

Грчки министер против вето за Македонија

Макфакс - 04.03.2008

Атина Грчки министер и член на владејачката партија Нова Демократија е против вето за влезот на Македонија во Северноатлантската алијанса. Ветото за членството на Македонија во НАТО е против интересите на Грција и Македонија, смета министерот за поморска трговија Јорго Вулгаракис.

ДУИ конструктивна до покана за НАТО

Макфакс - 04.03.2008

Тетово Опозиционата Демократска унија за интеграција (ДУИ) ќе води конструктивна политика со цел Македонија да добие покана за влез во НАТО на априлскиот самит. Ова е еден од заклучоците што ДУИ ги донесе денеска на седницата на централното претседателство во партиското седиште во Мала Речица, јави ...

Грција со нови контрадикторни рокови за името

Макфакс - 04.03.2008

Атина Грција денеска повторно се закани со вето за НАТО доколку не се најде решение за разликите околу името со Македонија, оставајќи и можност разговорите да продолжат по самиот во Букурешт. Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денеска рече дека напорите за изнаоѓање решение за ...

Поддршка на приемот на Македонија во НАТО

Макфакс - 04.03.2008

Скопје Поддршка на приемот на Македонија во евроатланските интеграции дадоа неколку шефови и министри на држави-членки на НАТО, соопштено е во Скопје. Поканата за македонско членство во Алијансата ја поддржаа, меѓу другите, Франција, Италија, Романија, Холандија и Велика Британија во одговорите на ...

Шефер во прва посета на Косово по независноста

Макфакс - 04.03.2008

Приштина Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денеска првпат ќе го посети Косово откако властите во Приштина прогласија независност. Шефер ќе разговара со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, со премиерот Хашим Тачи, како и со командантот на Кфор.

Ако решение нема, вето ќе има

Вечер Прес - 04.03.2008

Прифатливо име за Грците е "Демократска Република Горна Македонија". Уставното име го прифаќаат само 9 отсто Покана за НАТО за Македонија ќе нема ако прво не се решат разликите со Грција околу прашањето за името, изјави вчера грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани по средбата во Атина ...

Потврдена можноста за суспендирана покана во НАТО

А1 - 03.03.2008

Влијателни земји членки на НАТО денеска во Брисел потврдија можност за суспендирана покана за Македонија. Алијансата има излез, Македонија да добие покана на самитот, со услов да се донесе решение за името. Сега се притиска силно официјална Атина да не дојде до дебакл на самитот, да се покаже силна ...

Шефер не ги омекна грчките ставови

А1 - 03.03.2008

Ниту внимателно одбраната порака на генералниот секретар на НАТО, Шефер, дека влезот на Македонија во НАТО е од особен интерес за нејзините членки, не ги омекна цврстите ставови на грчката Влада. Сите грчки претставници денеска во еден глас изјавија дека Македонија не може да добие покана за влез ...

Поканата за во НАТО е речиси сигурна

Дневник - 03.03.2008

Според македонскиот амбасадор во НАТО Нано Ружин, постојат процедури со кои алијансата може да ја обврзе Македонија да го реши спорот пред конечното пристапување во НАТО в година Најголемиот број земји-членки на северноатлантската алијанса веруваат со голема сигурност дека покана за зачленување во ...

НАТО ќе бара од Грција да се пишмани за ветото

Време - 03.03.2008

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР, ШЕФЕР, ВО ПОСЕТА НА АТИНА Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, денеска пристигнува во Атина да го убедува грчкиот државен врв да се откаже од заканата за ставање вето за членството на Македонија во Алијансата.

Билетите за НАТО уште не се заверени

Утрински - 03.03.2008

Енигматска порака на Шефер за местото на Македонија и Грција во проблемот со името Буш и Шефер за време на средбата во Белата куќа И по средбата на американскиот претседател Џорџ Буш и генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во петокот во Вашингтон останува нејасно дали во Букурешт ќе бидат ...

Грчкото вето ќе биде криза за НАТО

Време - 03.03.2008

СТРУЧЊАЦИТЕ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ИМЕТО Македонскиот државен врв го чека враќањето на преговарачот Никола Димитров од Њујорк, по што ќе го соопшти државниот став за последната рудна преговори за името. Портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, вчера изјави дека позициите на Македонија ќе и бидат познати ...

ДУИ: Груевски ја оддалечува земјава од НАТО

Дневник - 03.03.2008

Со избегнување да се донесе законот за употребата на албанскиот јазик и со нерешавањето на статусот на бившите припадници на ОНА, премиерот Никола Груевски ја оддалечува Македонија од НАТО, изјави Џевад Адеми, член на највисокото раководство на ДУИ, за радио „Слободна Европа“.

Шатл дипломатија на НАТО и Белата куќа за името

Канал5 - 03.03.2008

Консензус за прием на земјите аспирантки за членство во НАТО на самитот во Букурешт - побара денеска Шефер во Атина од премиерот Караманлис и министерката Бакојани, во обид да ја убеди Грција да не ја блокира поканата за Македонија со вето.

Грчки медиуми: Грција под силен притисок на САД, Скопје и Атина очекуваат нова иницијатива од Нимиц

Канал5 - 03.03.2008

По неуспешните преговори во Њујорк, САД вршат огромен притисок врз Грција да се откаже од вето за приемот на Македонија во НАТО, објавуваат денеска грчките медиуми. Во тој контекс се става и денешната посета на генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер на Атина.

Груевски се сретна со Бакојани-нема прогрес

Макфакс - 03.03.2008

Брисел Нема прогрес во спорот за името, ниту флексибилност од грчката страна, изјави денеска македонскиот премиер Никола Груевски по средбата со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Првата средба меѓу Груевски и Бакојани се случи на маргините на состанокот на Европските народни партии во ...

Името централна тема на средбата Караманлис-Шефер

Макфакс - 03.03.2008

Атина Првиот човек на НАТО Јаап де Хоп Шефер денеска во Атина ќе оствари средба со грчкиот премиер Костас Караманлис, на која централна тема ќе биде грчко-македонскиот спор за името. Посетата на Шефер на Грција следи откако Караманлис во текот на преговорите за името неколку пати се закани дека ...

Бакојани - Решение за името –предуслов за НАТО

Макфакс - 03.03.2008

Атина Грција смета дека е дојдено времето за решение за разликите околу името со Македонија, порачувајќи дека предуслов за членство во НАТО е решавање на отворените прашања. „Предуслов е да нема отворени прашања меѓу земјата кандидат и земјата членка, прашања што имаат негативни влијанија на ...

Шефер – Решение за името, голем плус за покана во НАТО

Макфакс - 03.03.2008

Атина Одлука за влез на Македoнија во НАТО се уште не е донесена, а голем плус за тоа ќе биде да се најде решение за разликите за името со Грција. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер, на заедничка прес конференција со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, денеска ...

САД и НАТО да ја притиснат Грција за името

Макфакс - 03.03.2008

Вашинтон НАТО не смее да дозволи ирационалниот проблем за името што го наметнува Грција да биде пречка за влезот на Македонија во Алијансата. Ова, како што јавува Макфакс, е оценка на американскиот Центар за прогрес со седиште во Вашингтон, во извештај насловен „НАТО да не дозволи проширувањето да ...

НАТО бара од Македонија поголема конструктивност

Макфакс - 03.03.2008

Брисел Македонија да покаже поголема конструктивност кога станува збор за можното вето од страна на Грција за приемот на земјата во НАТО. Ова денеска во Брисел, од министерот за одбрана Лазар Еленовски, го побарале амбасадорите во НАТО на САД, Велика Британија, Турција и Словенија.

НАТО ја убедува Грција против вето

Макфакс - 03.03.2008

Лондон Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хооп Шефер денеска во Атина ќе се обиде да ја убеди грчката влада да не го блокира приемот на Македонија во Алијансата. Ова се наведува во коментарот на известувачот на Би Би Си од Атина најавувајќи ја денешната средба на Шефер со грчкиот премиер Костас ...

Буш со поддршка за Македонија за влез во НАТО Алијансата

Вечер Прес - 03.03.2008

Шефер се надева дека во претстојните 22 дена до самитот на НАТО во Букурешт може да се најде решение за македонско - грчкиот спор Американскиот претседател Џорџ Буш изрази надеж дека на претстојниот самит на НАТО, земјите членки на Јадранската група, Хрватска, Македонија и Албанија, ќе бидат ...