TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Ја охрабрувате опозицијата во насилството“

Време - 24.11.2007

ПДП МУ ПИША НА ФУЕРЕ Писмо со критики до евроамбасадорот Ерван Фуере поради јавните критики за собранискиот настап на Мендух Тачи, лидерот на ДПА, кога тој ги нарече четници пратениците на СДСМ и на ЛДП, испрати вчера Партијата за демократски просперитет.

Солана го брани Фуере во новата бламажа на Македонија во Брисел

Утрински - 24.11.2007

ДПА отвора приватна војна со ЕУ, втурнувајќи ја цела Македонија во неа Хавиер Солана Од нашиот дописник СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Брисел - По Европската комисија, вчера и од Кабинетот на еврофункционерот Хавиер Солана реагираа на четничкиот вокабулар на Мендух Тачи, што значи дека лидерот на ДПА отвори ...

ПДП му забележува на Фуере дека ја поддржува опозицијата

Утрински - 24.11.2007

Партијата за демократски просперитет вчера упати отворено писмо до амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, во кое му забележува дека веќе подолг период им дава поддршка на опозициските партии, било од албанскиот или од македонскиот политички блок.

Харикири на македонската политика

Утрински - 24.11.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Премиерот Груевски веројатно издишал со олеснување кога ја слушнал веста од Брисел дека Европската унија нема да го коментира Мендух Тачи. Можеби и помислил дека и тој е на иста линија со ЕУ, бидејќи и самиот одби да го коментира својот коалициски партнер Тачи.

Шлаканица за дипломатот

Вечер Прес - 24.11.2007

Пишува: Владимир ТУЛЕВСКИ Во Бунарџик ќе се удираат темели на уште една фабрика со 700 работни места. Опаа, бато! По се изгледа ќе почне да не огрева сонце. Доста гледаме како стечајци кампуваат со месеци пред Собранието, а никој не ги ферма, како новопрогласени технолошки вишоци протестираат пред ...

ЕУ: Енергијата да се фокусира кон приоритетите

Вест - 23.11.2007

ПО ЗАКАНУВАЧКАТА ПОРАКА НА ТАЧИ ЗА ЕУ-АМБАСАДОРОТ ФУЕРЕ Европската унија му порача на Мендух Тачи, но и на останатите политички чинители во земјава енергијата да ја фокусираат кон целосно остварување на приоритетите. Оваа изјава доаѓа по острите искази на претседателот на Демократската партија на ...

Тачи да ја насочи енергијата во вистински правец

Време - 23.11.2007

ФУЕРЕ МУ ОДГОВАРА НА ЛИДЕРОТ НА ДПА Енергијата треба да се користи во вистински правец, му одговори евроамбасадорот Ерван Фуере на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој неодамна му порача да си ја гледа својата работа и да не шета на неформални средби само со опозицијата.

Боцевски: Eвроинтеграцијата e врвен приоритет на Македонија и не зависи од дневно-политичките дебати

Канал5 - 23.11.2007

Владата не се оградува од навредите на лидерот на ДПА Менудх Тачи до евроамбасадорот Ерван Фуере. Еве го одговорот на владиниот портпарол на прашањето дали изјавата на Тачи во која тој му порача на Фуере да си ја гледа работата и да не оди на средби – кукавички гнезда организирани од Црвенковски е ...

Фуере слепо ги брани криминалните структури

Време - 23.11.2007

СПОРЕД ПДП Ерван Фуере слепо ги брани криминалците и лицата што се обидуваат да ја дестабилизираат Македонија, обвини вчера Абдулали Вејсели, лидер на владејачката ПДП. Тој најави дека ПДП денеска и писмено ќе побара од Европската комисија и Европската Унија да интервенираат кај евроамбасадорот ...

Брисел не влегува во кавга со лидерот на ДПА

Утрински - 23.11.2007

Брисел - Портпаролката на еврокомесарот за проширување Кристина Наѓ не сакаше вчера да навлегува во директна полемика со лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој нетрпеливоста кон амбасадорот Ерван Фуере почна да ја покажува не само на политички, туку и на личен план и од Скопје таа почна да се пренесува и ...

Навредите не се приоритет на Македонија

Дневник - 23.11.2007

Ако премиерот не го демантира Тачи, ќе сметаме дека Груевски зборува преку него како дел од сценариото да ја скара Македонија со целиот свет, оцени СДСМ Енергијата треба целосно да се насочи кон приоритетите посочени во Извештајот на Европската комисија, е реакцијата на канцеларијата на ЕУ во ...

Македонија сама се изолира од ЕУ

Утрински - 23.11.2007

Амбасадата на ЕУ во Скопје културно, но студено го коментира нападот на Тачи врз Фуере На вчерашното отворање на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците беа присутни и Мендух Тачи, Ерван Фуере и Џилијaн Миловановиќ. Немаше ни ракувања, дури ни блиска средба.

Политичарите шокирани од нападот на Тачи врз Фуере

Утрински - 23.11.2007

Настапот на Тачи го осудува и опозицијата, но и коалициските партнери Грубите напади врз претставници на ЕУ само ќе ни одмогнат, вели Стојан Андов ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Во политичките кругови со неверување и шок се доживува скандалозната изјава на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој завчера му порача на ...

Фуере не му се лути на Тачи

Вечер Прес - 23.11.2007

Енергијата не треба да се троши на вакви работи, туку на реализација на обврските, велат од седиштетото на ЕУ во Скопје Пораката на лидерот на ДПА Мендух Тачи упатена до евроамбасадорот Ерван Фуере "да си ја гледа работата", наместо да коментира негови изјави, не предизвикала револт кај ...

СДСМ: Груевски да се огради од изјавите на Тачи

А1 - 22.11.2007

Опозициската СДСМ бара од премиерот Груевски да се огради од изјавите и однесувањето на коалициониот партнер Мендух Тачи. „Актуелната власт после само 15 месеци го прокоцка напорно градениот меѓународен углед на Република Македонија и фактот што Македонија беше фактор на стабилност во регионот“, ...

СДСМ побара од Груевски да се огради од вчерашната изјава на Тачи за европретставникот Фуере

Канал5 - 22.11.2007

СДСМ бара премиерот Никола Груевски да се огради од вчерашната изјава на лидерот на ДПА Мендух Тачи упатена до евроамбасадорот Ерван Фуере. Скопје, 22 ноември (МИА) - СДСМ бара премиерот Никола Груевски да се огради од вчерашната изјава на лидерот на ДПА Мендух Тачи упатена до евроамбасадорот Ерван ...

Тачи го дисциплинира Фуере

Дневник - 22.11.2007

Лидерот на ДПА Мендух Тачи му порача вчера на евроамбасадорот Ерван Фуере да не шета на состаноци и да не води дијалози организирани во кукавичји гнезда . - Ако јас би го нарекол Фуере четник или војвода и тој би бил емотивен.

Брисел со опомена по изјавата на Тачи - да да не се троши енергија на навреди и пцости

Канал5 - 22.11.2007

Уште една опомена до претседателот на владината ДПА од Брисел денеска, по вчерашните изјави на Мендух Тачи на сметка на Ерван Фуере. Уште една опомена до претседателот на владината ДПА од Брисел денеска, по вчерашните изјави на Мендух Тачи на сметка на Ерван Фуере.

Мајскиот договор е евтина финта на Црвенковски

Вечер Прес - 22.11.2007

Подобро е евроамбасадорот Ерван Фуере да си ја гледа работата отколку да го коментира моето однесување, реагираше вчера лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Завчера на дебатата "Дијалози за Македонија", што ја организараше претседателот Бранко Црвенковски, Фуере го осуди собранискиот говор на Тачи од ...

Тачи: Фуере нека си ја гледа својата работа

А1 - 21.11.2007

Лидерот на ДПА го повика евроамбасадорот Фуере да си ја гледа својата работа. Предупредувањето стаса, откако Фуере го критикуваше за недолично однесување во Парламентот. „Недозволиво е да се заборават година дена провокации од страна на СДСМ и на ДУИ, кои мене ме нарекоа „војвода“ и сега да пукне ...

Требаат реформи, а не популистички маркетинг, порачува Ерван Фуере

Утрински - 21.11.2007

Црвенковски повторно повика на мораториум на сите прашања кои не се битни за евроатлантското нтегрирање на земјата Не смее да се креира амбиент дека проблемот со името е единствена пречка за членство во НАТО СОЊА КРАМАРСКА Претседателот Црвенковски на вчерашната дебата од циклусот „Дијалози за ...

Тачи: Фуере да си ја гледа работата и да не оди по кукавички гнезда

Канал5 - 21.11.2007

Жестока критика од Тачи за Фуере по изразената разочараност од евроамбасадорот Фуере за неговиот говор во парламентот во кој лидерот на ДПА подели четнички чинови на пратениците. Жестока критика од Тачи за Фуере по изразената разочараност од евроамбасадорот Фуере за неговиот говор во парламентот во ...

Фуере: Помалку маркетинг, повеќе реформи

Дневник - 21.11.2007

ЗА ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕУ Сега ни се неопходни ефективност и ефикасност, да ја земеме листата со задачи и механички да пристапиме кон нејзино спроведување, рече претседателот Бранко Црвенковски За Македонија не постои друг пат кон ЕУ и НАТО освен со општ консензус да го исполни тоа што и' е запишано, рече ...

Колегите на Ерван Фуере разочарани од Македонија

Време - 21.11.2007

ДИЈАЛОЗИ НА ЦРВЕНКОВСКИ САМО СО ОПОЗИЦИЈА Дијалозите за Македонија што четврти пат се одржуваат по иницијатива на претседателот Бранко Црвенковски повторно поминаа без присуство на претставници од власта. Иако поканети, своето отсуство го оправдале вицепремиерката Габриела Коневска, претседателот ...