TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На власта око не и трепна од штрајкот во правосудството

Вест - 30.06.2007

ЗАВРШИ ТРИДНЕВНИОТ ПРОТЕСТ "Ако на 2.300 вработени во судската администрација и во администрацијата во обвинителствата, во судската полиција, дактилографки, курири и хигиеничарки не почне веднаш да им се исплаќаат по две илјади денари месечен паушал како надомест на мизерните плати, од септември ќе ...

Судовите и обвинителствата ќе штрајкуваат и наесен

Дневник - 30.06.2007

Тридневниот штрајк на вработените во администрацијата, техничките и службите за обезбедување на судовите и во обвинителствата вчера заврши, но тие најавуваат подолготраен и помасовен штрајк во септември ако Владата до тогаш не ги исполни нивните барања.

Од септември повторно во штрајк ?!

Вечер Прес - 30.06.2007

Од 2005 година наваму учеството на судскиот буџет во државниот е се' помало. Мора да се води сметка дека за реформирано судство ни е потребен и реформиран судски буџет. Реално платите на администрацијата во судовите е премала и мора да се размислува за покачување" - вели Маневски Во судовите три ...

Заврши штрајкот на судската администрација

А1 - 29.06.2007

Без каков било договор и резултат заврши тридневниот штрајк на администрацијата во правосудството. Сепак, синдикатот задоволен. Се покажало единство во неговото членство. Во трите дена штрајк на администрацијата во правосудството никој од извршната власт не исконтактирал со синдикатот на УПОЗ.

Административците од правосудството се' уште не добија паушал

Утрински - 29.06.2007

„Зар човек не може да се разведе во државава? Неколку часа чекам пред влезот на судот и никој не сака да ми ги разгледа документите“, бурно реагираше една странка која вчера не беше услужена поради штрајкот на администрацијата во судовите. Мислењата помеѓу граѓаните се поделени.

Судовите штрајкуваат, власта молчи

Дневник - 29.06.2007

Вработените во администрацијата, техничките и во службите за обезбедување на судовите и обвинителствата и вчера штрајкуваа барајќи покачување на платите за 30 отсто, исплата на надоместоците според Колективниот договор и работно време од 7.30 до 15.30 часот.

Власта ниту им даде надеж на судските административци дека ќе им ги зголеми платите

Канал5 - 29.06.2007

Власта ниту им даде надеж на судските административци дека ќе им ги зголеми платите ниту со аргументи објасни зошто го премолчи тридневниот штрајк во судовите и во обвинителствата во земјава. Власта ниту им даде надеж на судските административци дека ќе им ги зголеми платите ниту со аргументи ...

Адвокатите го поддржуваат штрајкот на судската администрација

Вечер Прес - 29.06.2007

Во некои судови работодавачите барале списоци со вработените кои штрајкуваат за да им биде одземен дел од платата за периодот додека се вклучени во штрајкот Освен во двата скопски суда, протестот на судската администрација во земјава вчера помина без поголеми притисоци.

Втор ден од штрајкот на судската администрација

А1 - 28.06.2007

Втор ден од штрајкот на администрацијата во судството. Во дел од судовите и натаму се врши притисок, административците да работат, велат во УПОЗ. Сепак, штрајкот се одвива без проблеми. Адвокатите и граѓаните со поддршка на вработените во судската администрација.

Притисоци врз вработените во судската администрација

Време - 28.06.2007

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО НА ШТРАЈК Повеќе од 2.300 вработени во правосудните органи и јавните обвинителства вчера почнаа тридневен генерален штрајк со барање да им се зголемат платите, да се почитува колективниот договор и да се врати поранешното работно време, од 7.30 до 15.30 часот.

Судската администрација штрајкува во ходниците

Утрински - 28.06.2007

Од судската управа тврдат дека штрајкот е незаконски, најавуваат намалување на платите за штрајкувачите Александар Пешев Вчера започна долгонајавуваниот штрајк на околу 2.300 вработени во судовите и во обвинителствата кој треба да заврши в петок.

Судовите и работеа и штрајкуваа

Дневник - 28.06.2007

Вратите на судовите не се заклучени за итните постапки, како што се притворските предмети, а другите странки не ги примаа Со години не ни ги покачуваат платите, а и претходно за секое зголемување сме морале да штрајкуваме. Судиите добија и зголемување на платите поради пораст на трошоците за живот, ...

Втор ден од штрајкот на судската администрација нема изгледи за скорешно исполнување на барањата

Канал5 - 28.06.2007

Судската администрација штрајкува втор ден за поголеми плати – власта не размислува за компромис. Министрите за правда и за финансии досега воопшто не разговарале за исполнување на барањата на 2.300 штрајкувачи во судовите и во обвинителствата во земјава.

Судската администрација и судеше на државата

Вечер Прес - 28.06.2007

Се сретнавме со мали притисоци во дел од судовите. Претседателот на скопска двојка се обидуваше да ги пушта странките во просториите на Судот, па дури и да се суди, но ние тоа не го дозволивме, така што луѓето беа враќани назад, процесите се одлагаа.

Судската администрација стапи во штрајк

А1 - 27.06.2007

Со отворени врати и слободен влез за странките кои сепак беа враќани од закажаните рочишта, судската администрација во државава стапи во штрајк. Итните и притворски предмети се работеа. Поголеми плати, исплата на надоместоците и работно време од 7 часот и 30 минути, се барањата.

Денеска штрајкуваат вработените во правосудството

Утрински - 27.06.2007

Вработените во правосудните органи и јавните обвинителства од денеска ќе штрајкуваат за зголемување на платите. Штрајкот ќе се одвива на работните места во текот на работното време во следните три дена. Од Синдикатот на вработените во управата и правосудните органи информираат дека проблемот со ...

Три дена штрајк во судовите

Дневник - 27.06.2007

Судовите и обвинителствата во наредните три дена нема да работат со странки бидејќи вработените во администрацијата, техничките и службите за обезбедување ќе штрајкуваат. Тие бараат зголемување на платите, почитување на Колективниот договор за исплатата на надоместоците од плата и враќање на ...

Судската администрација во штрајк

Канал5 - 27.06.2007

Судската администрација штрајкува за поголеми плати. Тридневниот прекин на работата што почна денеска во сите судови и обвинителства во државава не важи само за притворските предмети, како овој, за предметите со странци, тестаментите и привремените мерки.

Судовите од денес не работат

Вечер Прес - 27.06.2007

Претседателката на Основниот суд Скопје 1 Добрила Кацарска, ја искинала објавата за штрајк во Судот, а претседателот на Основниот суд во Радовиш, Ангел Диманов се обидел да манипулира со вработените дека штрајкот нема да се одржи Судовите денес нема да работат.

Судската администрација ќе штрајкува следните три дена

А1 - 26.06.2007

Без постигнат конкретен договор за зголемување на платите во правосудството. Во следните три дена ќе се одржи најавениот штрајк, судската администрација нема да работи. Дека барањата им се легитимни, прифатил и министерот Маневски, но тој бил без директен одговор за надминување на незадоволството ...

УПОЗ ја обвинува Кацарска дека врши притисок врз вработените во правосудните органи околу штрајкот

Канал5 - 26.06.2007

Претседателката на Скопска единица, Добрила Кацарска, врши притисок врз вработените во правосудните органи околу штрајкот кој утре ќе го започне УПОЗ - синдикатот на правосудните органи се жали дека Кацарска ја искинала објавата за штрајк во судот и ја прогласила за неважечка.