TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лош настап на нашите претставници на СП во нордиско скијање

А1 - 20.02.2005

Четворицата македонски претставници на Светското првенство во нордиско скијање денеска не ја завршија трката на двапати по 15 километри пурсуит. Златото го освои Винсент Витоз и стана првиот Французин кој бил светски шампион во нордиско скијање.

Илиески со олимписка норма

Дневник - 19.02.2005

СКИЈАЊЕ - СП Македонскиот скијач, нордиецот Игор Илиески, е единствениот од нашата репрезентација на СП во Оберздорф што дојде до првиот резултат за Б-олимписка норма, за ЗОИ 2006. Истата ќе треба да се потврди на уште четири трки. Во трката на 15 км слободно, тој на крајот заврши како 107.

Ицоски со време за под 200 ФИС-точки

Вест - 19.02.2005

НА СП ВО НОРДИСКО СКИЈАЊЕ ВО ОБЕРЗДОРФ Уште на првиот настап, македонскиот репрезентативец Ѓоко Ицоски ја оствари својата цел на СП во нордиско скијање во Оберздорф. Тој на патеката од 15 километри оствари пласман на 107. место кое му донесе 199,65 ФИС-точки.

Нашите нордијци настапија на СП во Оберсдорф

А1 - 17.02.2005

4-македонски ентузијасти ја перетставуваат државава на Светското нордиско скијачко првенство кое денеска почна во германскиот центар Оберсдорф. Уште на воведниот ден настапија, на трката на 15 километри нордиско трчање слободен стил.

Македонците денеска стартуваат на 15 км слободно

Време - 17.02.2005

НОРДИСКО СКИЈАЊЕ - СП ВО ОБЕРСДОРФ Денешната трка на 15 км слободно, на првиот натпреварувачки ден на Светското првенство во нордиско скијање во германскиот Оберсдорф, е шансата за остварување на најдобрите резултати на четворицата македонски претставници, смета селекторот Ѓоко Динески.

Нашите по олимписки норми

Вест - 16.02.2005

ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА СП ВО НОРДИСКО СКИЈАЊЕ Петчлената македонска репрезентација, вклучувајќи го и селекторот Ѓоко Динески, денеска ќе учествува на отворањето на Светското првенство во нордиско скијање во Оберздорф, Германија, а веќе утре ги очекува и првиот настап.

Динески се надева на олимписки норми

Дневник - 14.02.2005

НОРДИСКО СКИЈАЊЕ - СП ВО ОБЕРЗДОРФ Македонските нордиски скијачи Ѓорѓи Ицоски, Борче Јованоски, Игор Илиески и Иле Спасески вчера заминаа на пат за Оберздорф, Германија, каде што ќе настапат на Светското првенство, а селекторот Ѓоко Динески се надева дека ќе постигнат олимписки норми за ЗОИ 2006.