TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штрајкот со глад во НПК прекинат, се чека разврска

Утрински - 03.04.2004

Ќе се најде ли решение за отпуштените работници Отпуштените работници од Националната платежна картичка вчера го ставија во мирување неколкудневниот штрајк со глад, на кој се одлучија поради тоа што ги загубија своите работни места од ова акционерско друштво.

Поповски: Политичката одлука за НПК е многу погрешна

Вест - 03.04.2004

Министерот за финансии Никола Поповски не сака да го коментира штрајкот на ексвработените во Националната платежна картичка. "Уставно право на луѓето е да штрајкуваат. Во врска со избраниот простор и начинот на кој тоа е направено најверојатно ќе има судска разврска.

Вработените го прекинаа штрајкот

Време - 03.04.2004

НПК Отпуштените работници од Националната платежна картичка вчера го прекинаа штрајкот со глад, со образложение дека биле изложени на притисоци од сопствениците на НПК, потврдија вработените. Заканата била дека ќе им бидат исклучени електричната енергија и водата доколку не ги напуштат просториите.

Прекинат штрајкот во НПК

А1 - 02.04.2004

По 4 дена штрајкување со глад, отпуштените работнички од националаната картичка попладнето го прекинаа штрајкот и доброволно ги напуштија просториите во кои работеа со години. „Сакаме достоинствено да си заминеме затоа што сите ние сме мајки со деца и со обврски и не сакаме некој со сила да не ...

Штрајкувачите од НПК добија ултиматум до денеска да се иселат

Утрински - 02.04.2004

Се заострува спорот меѓу сопствениците на НПК и вработените прогласени за технолошки вишок НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА ?Најдоцна до денеска отпуштените работници треба да го напуштат објектот на АД Национална платежна картичка, бидејќи ние повеќе не им должиме ништо".

Прекинат штрајкот во НПК

Канал5 - 02.04.2004

Отпуштените работници од Националната платежна картичка го прекинаа тридневниот штрајк со глад во просториите на фирмата, бидејќи, како што велат, во тек се претседателски избори и сите се ангажирани околу кампањата. Отпуштените работници истакн Отпуштените работници од Националната платежна ...

Директорот ќе ги исели вработените

Време - 02.04.2004

НАЦИОНАЛНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА Директорот на националната платежна картичка (НПК), Стефан Караѓозов, денеска ќе се обиде да ги натера вработените да ги напуштат канцелариите, за кои смета дека се бесправно запоседнати, со образложение дека нема никакви обврски кон нив.

Вратите на НПК заклучени

А1 - 01.04.2004

Вратите на платежната картичка од денеска се заклучени по наредба на раководството. Со тоа, работниците кои внатре ја минаа втората ноќ штрајкувајќи со глад, се блокирани во просториите на НПК. По наредба на директорот на каричката, кој штрајкот го прогласи за незаконски и насилен, утре со полиција ...

Штрајкувачите со глад се плашат од газдите на НПК

Дневник - 01.04.2004

протест Газдите на Национална платежна картичка сакаат со полиција да не исфрлат од нашите простории, тврдат 40 избркани работници, кои од завчера штрајкуваат со глад во просториите на НПК. Тие бараат вработување во државни институции, како што им ветил министерот за финансии Никола Поповски, како ...

Обезбедувањето им го ограничи движењето на штрајкувачите

Време - 01.04.2004

ШТРАЈК СО ГЛАД НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО НПК На четириесетина вработени во Националната платежна картичка (НПК), кои почнаа штрајк со глад, вчера им беше ограничено движењето низ просториите на НПК во Народна банка, потврдија дел вработени во НПК.

Продолжува штрајкот со глад на 50-те отпуштени работници од НПК

Утрински - 01.04.2004

Случајот Национална платежна картичка и натаму ја бранува јавноста НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Штрајкот со глад на отпуштените педесетина работници од Националната платежна картичка продолжи и во текот на вчерашниот ден. Вработените целата претходна ноќ ја поминале во просториите на НПК.

Втор ден штрајк со глад во НПК

А1 - 31.03.2004

40-тината отпуштени работници од НПК ја поминаа првата ноќ во просториите на картичката, штрајкувајќи со глад. Тие ги обвинуваат Бугарските сопственици дека преку обезбедувањето им вршат голем притисок да ги напуштат просториите. „Изнемоштени сме веќе, синоќа сите пиеја лекови.

Антикорупциската комисија сугерира кривично гонење за случајот НПК

Утрински - 31.03.2004

СЛУЧАЈ Во врска со случајот НПК, вчера Антикорупциската комисија констатира низа неправилности во постапката за основање на АД НПК, неговото натамошно сопственичко трансформирање, како и во текот на неговата работа. Врз основа на ова, Комисијата изготвила иницијатива за кривично гонење, кое ќе биде ...

Според Антикорупциската комисија НПК е формирана незаконски

А1 - 30.03.2004

Националната платежна картичка е формирана незаконски, оцени денеска антикорупциската комисија и подготви иницијатива за кривично гонење за злоупотреба што ќе ја испрати до јавното обвинителство. Според комисијата, во јули 2001- та кога била формирана картичката биле прекршени законите за платен ...

Oтпуштените работници од НПК штрајкуваат со глад

А1 - 30.03.2004

Oтпуштените работници од Националната платежна картичка од денеска штрајкуваат со глад. Тие остануваат во просториите на НПК деноноќно се додека владата не ги исполни нивните барања, а судовите не се се изјаснат дали ќе ги поништат на отказните решенија што им ги поделија бугарските директори.

Груевски: Комисијата не посочува конкретни имиња во случајот НПК

А1 - 30.03.2004

Комисијата не посочува конкретни имиња во случајот НПК, но тогашниот министер за финансии, креаторот на НПК Никола Груевски експресно реагираше. „Нагласувам дека овие тврдења се неосновани и се обична измислица во функција на политичката кампања на СДМ.

50-тината вработени од Националната платежна картичка, од 16 часот стапија во штрајк со глад

Канал5 - 30.03.2004

50-тината вработени од Националната платежна картичка, од 16 часот стапија во штрајк со глад. Штрајкот ќе се одвива во просториите на НПК, каде вработените планираат да ја поминат и ноќта. Главната причина за ваквиот радикален чекор на вработените е н 50-тината вработени од Националната платежна ...