TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кјетил Андре Омот и Оле Ејнар Бјорндален го одбележаа осмиот натпреварувачки ден на ЗОИ

А1 - 16.02.2002

Точно половина од 19-тите Зимски Олимписки Игри. Кјетил Андре Омот потврди дека е најсестраниот алпинец во светот со победата во супервелеслалом, по онаа во алпска комбинација. Оле Ејнар Бјорндален пак, влезе во олимписката историја како прв биатлонец во историјата со три златни медали на едни ...

Бјорндален и Омот и донесоа нови трофеи на Норвешка

Утрински - 15.02.2002

Поделени медалите во уште две дисциплини на ЗОИ во Солт Лејк Сити Благодарение на нив Норвешка изби на чело на табелата на најуспешни нации во досегашниот тек на ЗОИ Покрај Аман, двоен шампион во Солт Лејк Сити стана и Норвежанецот Оле Ејнар Бјорндален, кој имаше најдобро време во бијатлонската ...

Второ злато за Аман и Бјорндален, Омот ги искористи грешките на Милер

Вест - 15.02.2002

19. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО СОЛТ ЛЕЈК СИТИ Солт Лејк Сити. - Швајцарскиот ски скокач Симон Аман и бијатлонскиот ас Оле Ајнар Бјорндален го освоија вториот златен медал на 19. Зимски олимписки игри кои се одржуваат во Солт Лејк Сити.

Норвешкиот крал на скии стаса до 16. олимписка круна

Дневник - 15.02.2002

19. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО СОЛТ ЛЕЈК СИТИ (8-24 ФЕВРУАРИ) Норвешкиот крал на скии стаса до 16. олимписка круна Норвешкиот скијач Четил Андре Омот победи во алпската комбинација (спуст и слалом) на шестиот ден од натпреварите на 19.

Резултати од петиот натпреварувачки ден на ЗОИ во Солт Лејк Сити

А1 - 13.02.2002

Швајцарецот Симон Аман е скокачката сензација на Зимските Олимписки Игри во Солт Лејк Сити. 20 годишниот швајцарец Симон Аман го освои златниот медал и на натпреварот на големата 120 метарска скокалница, само три дена по триумфот на 90-метарската.

Два авиона заталкале во "забранетиот олимписки круг"

Дневник - 12.02.2002

ЗАСИЛЕНА БЕЗБЕДНОСТ ВО СОЛТ ЛЕЈК СИТИ Вооружени патролни авиони "Ф-16" во петокот пресретнале "два летечки натрапници", авиони што по грешка навлегле во забранетата зона за летови над олимписките борилишта во Солт Лејк Сити, јави Ројтерс.

Осамна третиот олимписки ден во Солт Лејк Сити

А1 - 11.02.2002

Осамна и третиот олимписки ден во Солт Лејк Сити. Италијанецот Армин Цогелер триумфира во санкање и ја прекина златната серија на трикратниот олимписки првак, Германецот Георг Хакл. Германката Клаудија Пехштајн го освои златниот медал во трката на 3.000 метри брзо лизгање со нов светски рекорд од 3 ...

Препродавање билети само со дозвола

Утрински - 11.02.2002

ОЛИМПИСКИ ВЕСТИ Градските татковци во Солт Лејк Сити и покрај тоа што ветија дека ќе бидат добри со препродавачите на билети не си стојат на зборот. Во саботата Џон Ситнер, главен планер во Организациониот комитет, отишол во градот каде што се наоѓа берзата на билети и им се развикал на присутните ...

Претседателот Џорџ Буш ги отвори Игрите

Дневник - 11.02.2002

Капитенот на хокејскиот тим на САД, Мајк Ерузионе, и неговите соиграчи од 1980 година, го запалија олимпискиот оган, кој 16 дена ќе гори во Солт Лејк Сити, градот-домаќин на 19. Зимски олимписки игри (ЗОИ). Игрите почнаа во петокот вечер според американско време, односно сабота рано наутро според ...