TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За претепаните гиманзијалци од Неготино по 2.000 денари од Сорос за лекување

Вест - 02.02.2002

ПРЕС НА УНИЈАТА НА СРЕДНОШКОЛЦИ НА МАКЕДОНИЈА Во немилите настани во неготинската гимназија, што се случија пред четири дена повредени се дваесетина средношколци, од кои еден завршил на клиниката за кардиологија во Скопје, соопштија претставниците од Унијата на средношколци на Македонија на ...

Луди и будали

Вест - 02.02.2002

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Љубчо, држи го џамчето отворено 1 Не знам што е толку смешно тоа што министерот за образование Ненад Новковски во гимназијата во Неготино се криел во клозет? Министерот отишол да спасува заложници. Значи, тие од неговото присуство имале голема нужда.

Бајатова паднала не затоа што тепала деца, туку зашто дозволила политички митинзи

Вест - 02.02.2002

СПОРЕД КООРДИНАТОРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА Националната комисија случајот со тепањето на децата во Гимназијата "Св. Кирил и Методиј" го оценила како класична злоупотреба на децата од возрасните, посебно политичарите и професорите во училиштето "Професорите паднаа на испит, а ...

Кривични пријави против 17 тепачи

Утрински - 02.02.2002

За тепањето на учениците во гимназијата „Свети Кирил и Методиј" Против седумнаесет насилници-учесници во тепањето во средата на повеќе ученици во неготинската гимназија ?Свети Кирил и Методиј" ќе бидат поднесени полициски кривични пријави.

Министерството се заканува дека ќе ја затвори неготинската гимназија

Утрински - 02.02.2002

Доколку не се создадат услови за нормална работа по инцидентот во Неготино Според Ѓорѓи Илиевски, не е дозволено ученици да ја држат директорката Бајатовска "заробена" и да и пеат "коледарски" песни Професорите од неготинската гимназија паднаа на испит, нивното поведение е на нула.

Тасев: Ниту еден ученик не удривме

Утрински - 02.02.2002

ДЕМАНТ КАВАДАРЦИ - Јордан Тасев, дипломиран правник, потпретседател на кавадаречкиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ и прв човек на ХЕЦ ?Тиквеш", инаку, брат на сменетата директорка Орданка Бајатовска, на прес-конференцијата со новинарите даде свое видување на настаните во неготинската гимназија, кога тој ...

Настава под будно око на полицијата

Утрински - 02.02.2002

По немилите настани во неготинската гимназија НЕГОТИНО - Во Средното училиште ?Св. Кирил и Методиј" во Неготино, вчера и во двете смени наставниот процес се одвиваше без особени проблеми. Додека в.д. директорката беше на настава (Бајатовска не е дојдена на училиште два дена) разговаравме со ...

Новковски предложен за "командант" на средношколците

Утрински - 02.02.2002

СРЕДНОШКОЛЦИ Унијата на средношколците на Македонија има големо членство од околу 90.000 ученици. Нам ни е потребен човек со командантски способности. За таа цел ќе доставиме понуда -барање до министерот Ненад Новковски да ни биде командант, бидејќи нам ни е потребен таков човек со докажани ...

Или ќе си одат исполитизираните професори, или ќе удрам клуч на гимназијата

Дневник - 02.02.2002

НОВКОВСКИ ГО "РЕШАВА" НЕГОТИНСКИОТ СЛУЧАЈ Унијата на средношколците на Македонија му понуди на министерот Новковски пристапница, па дури и командантско место во новата "Терористичка унија на средношколците" Ако не се спроведат отказните решенија на Бајатовска, неготинската гимназија ќе биде ...

Новковски за средношколците е Командант Ножо

А1 - 01.02.2002

Терористичката унија на средношколци го повика министерот за образование Ненад Новковски да биде предводник на новоформираната организација. Пристапницата на Новковски ќе му биде испратена по пошта, а неговото војничко име ќе биде командант Ножо.

Новковски се криел пред клозетите

Вест - 01.02.2002

САНИТАРНА ИНСПЕКЦИЈА ВО НЕГОТИНСКАТА ГИМНАЗИЈА Јас во Неготино бев на мисија на извлекување заложници", изјави Новковски. Неготинци се крајно разочарани од министерот Новковски и велат дека неговото однесување не прилега на функцијата што ја извршува Министерот за образование и наука Ненад ...

По оставката на директорката, треба да замине и Новковски

Утрински - 01.02.2002

По последните случувања во неготинската гимназија "Св. Кирил и Методиј" Реакциите на средношколците, политичките подмладоци, невладините и организациите за заштита на децата не стивнаа ни вчера по завчерашните настани во неготинската гимназија "Св.

Прашање е дали воопшто имало повредени деца

Утрински - 01.02.2002

Ненад Новковски, министер за образование Во болницата во Неготино во вторникот немаше никаква документација дека некое дете било претепано Дали директорката на неготинската гимназија Јорданка Бајатовска е сменета или допрва тоа ќе го направите? -Директорката најнапред ќе треба да ги спроведе ...

На местото на Бајатовска назначена нејзината помошничка

Утрински - 01.02.2002

ТЕПАЊЕ Жаклина Ѓорѓевиќ Донка Маркова, професор по математика во Државното средно училиште "Св. Кирил и Методиј" во Неготино е назначена за в.д. директорка на гимназијата. Тоа лично и го соопштил министерот за образование и наука, Ненад Новковски.

Новковски избегал преку скршен прозорец

Утрински - 01.02.2002

Плашејќи се од насобраните родители, професори и ученици Министерот за образование и наука, Ненад Новковски, за време на завчерашните настани во гимназијата покажа вистински акробатски вештини. Плашејќи се од насобраните родители, професори и ученици со помош на полицијата, успеа да се сокрие во ...

Треба да се обелоденат имињата на рекетарите

Утрински - 01.02.2002

ВМРО-ВИСТИНСКА Скопје - ВМРО-Вистинска македонска реформска опција го осудува претепувањето на децата во Државното средно училиште "Кирил и Методиј" во Неготино по налог на директорката Орданка Бајатова, бара нејзино казнување согласно со европската регулатива, како и смена на министерот за ...

Бајатовска прво ќе расчисти со "партиските" професори, па ќе си оди

Дневник - 01.02.2002

НОВИ ЗАПЛЕТИ ВО НЕГОТИНСКАТА ГИМНАЗИЈА Министерот Новковски бара лекарски наоди што ќе потврдат дека гимназијалците биле тепани Министерот за образование, Ненад Новковски, не ја разрешил директорката на неготинската гимназија, Орданка Бајатовска, иако пред неколку илјади револтирани неготинци, ...

Новковски ја шутна Бајатовска

А1 - 31.01.2002

По вчерашниот бурен ден во неготинската гимназија, денеска работите се враќаат во нормала. Бајатовска е разрешена, министерот Новковски со бегство се спаси од гневот на родителите и учениците, а гимназијалците се вратија во своите клупи.

Директорката честела за успешно натепаните ученици

Вест - 31.01.2002

РЕКЕТАРИ СО ЌОТЕК ДИСЦИПЛИНИРАА 17 УЧЕНИЦИ ВО НЕГОТИНО Проблематичната директорка повикала тепачи од Кавадарци да ги дисциплинира своите ученици, при што седумнаесетмина се повредени во предел на лицето и стомакот, а четворица средношколци завршиле во болни "Додека ние професорите ги носевме ...

Новковски: Учениците се како терористите на ОНА

Вест - 31.01.2002

Министерот не слушнал за тепани ученици , туку за директорка- заложничка Министерот за образование Ненад Новковски вчера застана на страната на директорката на неготинското средно училиште, која завчера, во обид да го спречи протестот на учениците кои барале нејзина оставка, употребила рекетари за ...

Новковски ги изедначи учениците со терористите на ОНА!

Утрински - 31.01.2002

МИНИСТЕР Во овој случај ни се повторија настаните од минатата година. Како што лани ОНА ги злоупотреби децата, ги однесе в шума за да се борат со пушки, исто така, некои нивни хомолози во редовите на соодветни македонски организации поттикнаа група од 50 ученици да направат тешки кривични дела.

Насилниците ги предводел братот на директорката Бајатовска

Утрински - 31.01.2002

МВР На 29 јануари 2002 година во ДСУ "Св. Кирил и Методиј" во Неготино дојде до поголемо нарушување на јавниот ред и мир, при што беа повредени 17 ученици, се вели во соопштението. До инцидентот дошло кога во канцеларијата на директорката Орданка Бајатовска влегле околу 40 ученици со намера да ...

Пратеничката група на СДСМ во знак на револт ја напушти седницата

Утрински - 31.01.2002

Тепањето на учениците предизвика бура реакции кај партиите и граѓаните Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчера ја напушти 88. собраниска седница во знак на револт и поддршка на учениците од неготинската гимназија "Свети Кирил и Методиј° кои завчера беа претепани од ...

Неготинци се кренаа на нозе поради тепањето на учениците

Утрински - 31.01.2002

Жестоки реакции во Неготино по завчерашното тепање на учениците на гимназијата "Св. Кирил и Методиј" Неготинци се згрозени и вознемирени од она што се случуваше пред два дена, кога група рекетари во обид да ја "спасат" директорката буквално претепаа дваесетина ученици.

Новковски ја смени Бајатовска

Дневник - 31.01.2002

ПО ТЕШКИОТ ИНЦИДЕНТ ВО НЕГОТИНСКАТА ГИМНАЗИЈА Неколку илјади неготинци синоќа ја блокираа гимназијата во која состанок одржуваше министерот Новковски Неколку илјади граѓани синоќа ја блокираа гимназијата во Неготино и побараа од министерот Новковски да ја разреши директорката Јорданка Бајатовска.

Образование претепано во поим

Дневник - 31.01.2002

Коментар - Жарко Јорданоски Што дочекавме! Рекетари со пиштоли и бејзбол-палки да ги претепуваат нашите деца во училиштата! На едно девојче му е скршена раката, многу момчиња со повредени бубрези и пукнати черепи се префрлени в болница.

Новковски избега преку задната врата

А1 - 30.01.2002

Претепани со пендраци, безбол палки, вазни, боксови. Вкупно се повредени 17 ученици од кои двајца потешко, по вчерашното брутално тепање на 15-тина рекетари кои во гимназијата пристигнале на повик на директорката Орданка Бајатовска.

Згрозеност и осуда за вчерашната драма во неготинската гимназија

А1 - 30.01.2002

Реакции, згрозеност и осуда за вчерашната драма во неготинската гимназија „Свети Кирил и Методиј“, е одлика на денов кој изминува. „Сметаме дека е крајно грозоморен чинот на физичко малтретирање на малолетници при што им се нанесуват тешки телесни повреди“, реагира средношколската унија на ...

Триесет рекетари во Неготино претепале ученици од гимназијата

Утрински - 30.01.2002

Скандалозен упад во средното училиште "Св.Кирил и Методиј" Триесетина рекетари на ВМРО-ДПМНЕ вчера насилно влегле во неготинската гимназија "Св. Кирил и Методиј" ,претепувајќи ги сите што ќе им се најдат на патот. Според неофицијалните информации на "Утрински весник", билансот од ова вандалско ...

Четириесет рекетари крвнички претепале 15 ученици

Дневник - 30.01.2002

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО НЕГОТИНСКАТА ГИМНАЗИЈА Рекетарите дошле на повик од братот на директорката Бајатова Петнаесетина ученици од средното училиште "Свети Кирил и Методиј" во Неготино се крвнички претепани вчера од 40-ина рекетари, кои дошле на повик од братот на директорката на гимназијата.

Претепани незадоволните од директорувањето на Бајатовска

А1 - 29.01.2002

Дваесетина ученици и неколку професори од неготинската гимназија денеска се претепани од бодигардите на „Комета“ од Кавадарци. Трагичниот настан се случил околу 14 часот, кога учениците почнале да протестираат поради отказните решенија на тројца нивни професори, кои директорката Орданка Бајатовска ...