TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Денеска е големиот празник Водици - Богојавление

А1 - 19.01.2002

Денеска е големиот празник Водици - Богојавление, денот кога Исус Христос бил крстен во светата река Јордан од Свети Јован Крстител. На овој ден, според библијата, Бог се јавил во светото тројство - Отецот, Синот и Светиот дух. Богојавление е празник со долга православна традиција кај нас.

Фрлање на крстот од мостот "Обединети нации" во Скопје

Утрински - 19.01.2002

Денеска во 11 часот по повод празникот Водици По повод традиционалниот верски празник Водици, денеска во 11 часот на мостот ?Обединетите нации°, според обичаите, ќе се фрла крстот во водите на Вардар. Оваа манифестација е организирана од локални одбори на одредени политички партии и од неколку ...

Архиепископот г.г. Стефан напладне ќе го фрла крстот од Камени мост

Дневник - 19.01.2002

ПО ПОВОД БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ Се верува дека на полноќ на Водици небото се отвора и се јавува Бог. Тогаш верниците се молат, со надеж дека ќе им се исполнат желбите за добро здравје и благосостојба По повод верскиот празник Водици, денеска точно напладне на Камени мост во Скопје ќе се одржи ...

Карпош се закара со црквата од Ѓорче

Вест - 17.01.2002

ВОДИЦИ ТУРНАТ ВО ВОДИТЕ НА ПОЛИТИКАНСТВОТО Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека црквата, наместо крстот да го фрла како досега кај железниот мост во Хром, ја урива досегашната традиција на месното население и Водици ќе го празнува на територи Општина Карпош и се лути на црквата "Св.

Ѓорчепетровци нека го фрлаат крстот кај нив, а не од "Обединети нации"

Дневник - 17.01.2002

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА КАРПОШ ПОРАЧУВА Граѓаните од населбата Ѓорче Петров в сабота за верскиот празник Водици крстот ќе го фрлаат од два моста - од Железниот мост во Хром и од Мостот Обединети нации, во населбата Влае, со што ја нарушуваат долгогодишната традиција, бидејќи собирот се ...

Стотици верници ќе се фрлаат во студените води по светиот крст

Дневник - 16.01.2002

ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ Поради лошите хидролошки услови, многу од реките во кои порано се фрлале крстови годинава се пресушени, затоа осветените крстови најмногу ќе се фрлаат во базени Во организација на Македонската православна црква, по повод верскиот празник Водици, на 19 јануари ќе се одржи ...