TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нејасно е како Даравелски стекнал српско државјанство

А1 - 03.07.2004

Сеуште е нејасно на кој начин Даравелски се стекнал со српско државјанство, дали тоа го сторил по редовна административна процедура, која не предвидува проверка на судскиот статус на барателот, или српската Владата заклучила дека барателот е од посебен спортски културен, бизнис или научен интерес.

Даравелски од лани имал српско државјанство

Вест - 03.07.2004

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ИНФОРМИРАНО ДЕКА ЕКСЦАРИНИКОТ Е ПУШТЕН ОД ЗАТВОРОТ ВО БЕЛГРАД Информацијата вчера била добиена преку нашата амбасада во Белград, а Министерството за правда подготвува протестна нота против одлуката на Врховниот суд на Србија и Црна Гора Драган Даравелски да биде пуштен на ...

Даравелски имал српски пасош, властите абер немале

Време - 03.07.2004

СКАНДАЛ СО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИВШИОТ ДИРЕКТОР НА ЦАРИНАТА Александар Божиновски Притворениот Драган Даравелски имал државјанство на Србија и Црна Гора, а Врховниот суд во Белград донел одлука дека тој не може да биде екстрадиран во Македонија и издал наредба за негово ослободување.

Скопје му се лути на Белград за пуштањето на Даравелски на слобода

Утрински - 03.07.2004

Ексидиректорот на Македонската царина ослободен бидејќи имал српско државјанство Мемети: Од официјален Белград ќе побараме да ја преиспитаат одлуката, односно да ја види можноста за евентуална корупција во највисоката правосудна власт Томислав Кежаровски Српските власти со одлука на Врховниот суд ...

Живот пише романе

Дневник - 03.07.2004

УВОДНИК Остана ли некој Македонец во земјава или сите купија по некое пусулче, оти системот ги научи дека е добро бизнисот (читај шверцот) да си го прават во Македонија, а да одговараат за него надвор од земјава. Во меѓувреме, битката против криминалот ќе ни ја водат четири полицајци во кратки ...

Иџет Мемети прашува дали Даравелски е ослободен со мито

Дневник - 03.07.2004

ПО СКАНДАЛОЗНАТА ОДЛУКА НА ВРХОВНИОТ СУД ВО БЕЛГРАД Ваквиот однос на Белград не е во прилог на добрососедските односи и на соработката во борбата против организираниот криминал, вели македонскиот министер за правда Македонскиот министер за правда побара власта во Белград да испита дали некој примил ...

Даравелски имал државјанство на Србија и Црна Гора

А1 - 02.07.2004

Драган Даравелски пред една година добил државјанство на Србија и Црна Гора. Со овој доказ тој е пуштен од екстрадицискиот притвор во Белград. Информацијата која А1 ја објави вчера и официјално денеска ја потврди Министерот за заштита на човековите права и правата на малцинствата, Расим Љаиќ.

Драган Даравелски ослободен од притвор поради недостиг од докази?

Време - 02.07.2004

ЗАВЧЕРА ВО БЕЛГРАД Александар Божиновски <> Драган Даравелски, поранешниот директор на македонската царина, завчера бил ослободен од окружниот затвор во Белград, потврдија извори на „Време“. Истражниот судија на Окружниот суд во Белград оценил дека во документите што ги испратило македонското ...

Драган Даравелски обарал бугарско државјанство, но бил одбиен

Утрински - 02.07.2004

Случај Бугарските власти вчера го запознаа Министерството за внатрешни работи на Македонија дека му го одбиле барањето на македонскиот државјанин Драган Даравелски, кој поднел документи да стане државјанин на нивната земја. Во официјалната изјава што ја даде вчера раководителот на Одделението за ...

Даравелски барал бугарско државјанство за да избегне судење

Дневник - 02.07.2004

МВР На поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, кој беше уапсен во Белград, пред пет дена му било одбиено барањето за бугарско државјанство, информираше МВР. Даравелски побарал бугарско државјанство уште во февруари 2003 година, но бил одбиен од Министерството за внатрешни ...

БЕЛГРАД ВЕТУВАШЕ, СКОПЈЕ ВЕРУВАШЕ,СЕПАК ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ ОД ЗАВЧЕРА НАМЕСТО ВО ШУТКА СЕ СОНЧА НА АДА ЦИГАНЛИЈА

Канал5 - 02.07.2004

Протестно писмо до властите во Србија за ослободувањето на Драган Даравелски од екстрадицискиот притвор во Белград. Тоа е реакцијата на македонските власти на одлуката на Врховниот суд на Србија и Црна Гора, екс директорот на царината, кој д Протестно писмо до властите во Србија за ослободувањето ...

Српските власти го ослободија Даравелски

А1 - 01.07.2004

Драган Даравелски е на слобода, српските власти го пуштиле од Окружниот затвор во Белград затоа што покажал српско државјанство, потврдија за А1 извори од Министерството за правда во Македонија и Министерството за човекови права и слободи на Србија и Црна Гора.

ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ ЗА ДА ИЗБЕГНЕ СУДЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, БАРАЛ БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО НО НЕ ГО ДОБИЛ.

Канал5 - 01.07.2004

Драган Даравелски планирал воопшто да не се врати во земјава, откако ја напушти по парламентарните избори во 2002 година.. Даравелски, како што дознава Канал 5, уште во февруари 2003-та поднел барање за добивање бугарско државјанство..