TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонската делегација в четврток во Хаг

Канал5 - 12.02.2006

Македонската делегација најверојатно в четврток заминува за Хаг. Кој ќе ја претставува земјава во разговорите за преземање на 4 случаи за кои трибуналот реши да не постапува, ќе зависи од составот на другата страна. Македонската делегација најверојатно в четврток заминува за Хаг.

Муса Џафери тврди дека нема владина одлука за преземање на хашките предмети

Утрински - 11.02.2006

Конфузија во владините ставови за преземањето на четирите предмети од Хаг Според Црвенковски, судството е способно за преземање на предметите БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Најавата на Владата дека следната недела ќе испрати комбиниран тим од претставници на Министерството за правда и Јавното обвинителство на ...

Играрија со хашките предмети!

Дневник - 11.02.2006

Даут Даути Политичарите, па и други смртници, често знаат да играат мижитатара. Не во онаа класична смисла на детската игра, туку некоја друга мижитатара, кога ги затвораат очите пред вистината, па пред јавноста тераат некоја друга.

Хаг дава, Прчевски не зема

Дневник - 11.02.2006

нема КОЈ ДА ГИ ДОНЕСЕ ХАШКИte СЛУЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА Натали Н. Сотировска Јавниот обвинител Александар Прчевски два пати избегнал состанок со хашките обвинители на кои требало да се разговара за враќање на четирите хашки случаи, тврдат за "Дневник" извори од правосудните институции.

Преземање или предизборни игри со хашките случаи?!

Вечер Прес - 11.02.2006

Хашките случаи сериозно ја разбрануваа македонската јавност, не само политичка, и метеорски се наметнаа како неизоставна политичка тема непосредно пред парламентарните избори. Иако под иницијален притисок од семејствата на киднапираните Македонци во конфликтот од 2001 година, Владата неделава ...

Црвенковски: судовите се оспособени за хашките предмети

Вечер Прес - 11.02.2006

Претседателот Бранко Црвенковски тврди дека македонското судство е способно да ги прифати и процесуира четирите предмети за кои Хашкиот трибунал не започна постапка и реши да и ги врати на Македонија. "Апсолутно сум убеден дека македонските судови се оспособени и компетентни да ги преземат тие ...

Владина делегација во посета на Хашкиот трибунал

Утрински - 10.02.2006

ОДЛУКА Владата вчера реши делегација составена од претставници на Министерството за правда и на Јавното обвинителство да го посетат Трибуналот во Хаг и да продолжат подготовките за начинот за постапување со случаите од конфликтот во 2001 година по кои Хашкиот суд досега не постапувал.

Враќањето на хашките случаи е опасно за Македонија

Утрински - 10.02.2006

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е против процесуирањето на четирите случаи од 2001 година ДУИ нема да инсистира на донесување нов закон за употреба на јазиците БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Процесуирањето на четирите случаи од воениот конфликт од 2001 година, кои Хашкиот трибунал треба да ги врати во земјава, нема ...

Дома предност ќе имаат киднапираните

Дневник - 10.02.2006

премиерот буЧковски Ќе праЌа тим во хаг по ЧЕТИРИТЕ предмети Тим од претставници на Министерството за правда, Јавното обвинителство и истражни судии ќе оди во Хашкиот трибунал да ги побара четирите предметите откако прво ќе ги разгледа со хашките обвинители.

Владата денеска ќе ги побара предметите од Хаг

Време - 09.02.2006

ПО СРЕДБАТА СО СЕМЕЈСТВАТА НА КИДНАПИРАНИТЕ Владата на денешната седница ќе ја задолжи министерката за правда Мери Младеновска - Ѓорѓиевска да испрати допис до Хашкиот трибунал да ги врати пред македонските судови четирите предмети за кои овој суд не беше заинтересиран, меѓу кои беше и случајот со ...

Македонија ќе ги побара назад четирите случаи од Хаг

Утрински - 09.02.2006

По три и пол години, Македонија го очекува враќањето на предметите од конфликтот во 2001 година БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Владата одлучи да ги побара назад четирите предмети со наводи за воени злосторства кои Хашкиот трибунал ги презеде по воениот конфликт во 2001 година.

Владата ќе ги бара четирите хашки предмети

Дневник - 09.02.2006

ПРЕМИЕРОТ СЕ СРЕТНА СО РОДНИНИТЕ НА КИДНАПИРАНИТЕ Владата на денешната седница ќе го задолжи Министерството за правда да побара Хашкиот трибунал да ги врати четирите предмети по кои судот не постапуваше. Ова премиерот Владо Бучковски им го вети на роднините на Македонците киднапирани во војната во ...

ДУИ и Бучковски контра за предметите од Хаг

Канал5 - 09.02.2006

Владата нема да прати писмено барање до Хашкиот трибунал за враќање на четирите предметите. Во соопштението од денешната владина седница нема ниту збор за писмото кое вчера беше најавено од кабинетот на премиерот. Владата нема да прати писмено барање до Хашкиот трибунал за враќање на четирите ...

Владата ќе пресече за хашките случаи

Вечер Прес - 09.02.2006

Премиерот Владо Бучковски вчера ги прими семејствата на киднапираните Македонци за време на конфликотот во 2001 година, кои бараа побрзо враќање на четирите предмети од Хаг. Тој на семејствата им вети дека ќе го задолжи Министерството за правда со писмо да побара од Хашкиот трибунал да ги врати ...

Продолжуваат „подготовките за начинот“ на враќање на хашките случаи

Макфакс - 09.02.2006

Скопје Претставници на Јавното обвинителство и од Министерството за правда „кон крајот на идната недела“ ќе отпатуваат за Хаг поради “продолжување со подготовките за начинот за постапување со случаите од Република Македонија по кои до сега Трибуналот не постапувал“.

Бучковски: Владата ќе бара од Хаг враќање на предметите

А1 - 08.02.2006

Бучковски ќе праќа писмо во Хаг. По еден час со семејствата на киднапираните, им вети: уште утре Владата од Трибуналот официјално ќе ги побара четирите предмети. Прво ќе се враќа токму досието за киднапираните. Правда треба да го побара.

Блокада на Владата за деблокада на хашките предмети

Дневник - 08.02.2006

СЛУЧАЈ "КИДНАПИРАНИ МАКЕДОНЦИ" Роднините на киднапираните Македонци во војната во 2001 година денеска ќе го блокираат влезот во Владата во знак на револт оти државата четири години молчи за судбината на нивните блиски, изјави адвокатот Ванчо Шехтански, правен застапник на роднините.

Владата писмено ќе побара враќање на четирите од Хаг

Канал5 - 08.02.2006

Владата писмено ќе побара од Хашкиот трибунал да ги врати четирите случаи од 2001-та за кои реши да не постапува. Владата писмено ќе побара од Хашкиот трибунал да ги врати четирите случаи од 2001-та за кои реши да не постапува.

Семејствата на киднапираните утре на средба со Бучковски

А1 - 07.02.2006

Утре, семејствата на киднапираните доаѓаат во Владата. По неколку месеци повторно ќе се сретнат со Бучковски. Сега и лично од него ќе побараат под итно да прати писмо до Хаг, да ги побара 4-те предмети назад и конечно да престанат политичките игри.

Дел Понте нема кому да му ги врати четирите предмети!

Утрински - 07.02.2006

Главната обвинителка на Трибуналот очекува македонски претставник на средба во Хаг Хашки извори тврдат дека од Скопје со допис било побарано да си ги земе назад четирите предмети БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, нема кому да му ги врати во Македонија ...

Младеновска во Хаг за враќање на четирите предмети од 2001

Макфакс - 06.02.2006

Скопје Министерот за правда на Македонија Мери Младеновска - Ѓорѓиевска денеска во седиштето на Хашкиот трибунал ќе разговара со главниот обвинител Карла Дел Понте за враќање на четирите предмети од конфликтот во 2001 година, кои не беа процесуирани од судот во Хаг.

Хаг кон крајот на годинава ги враќа четири предмети од 2001

Макфакс - 06.02.2006

Скопје Враќањето на четирите предмети од конфликтот во 2001 година за кои Хашкото обвинителство одлучи да ги врати во Македонија ќе почне кон крајот на годинава. Ова, како што јави Македонската телевизија, го договориле денеска во Хаг главниот обвинител на Трибуналот Карла дел Понте и македонскиот ...