TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фирмата што сака да ја купи "Нова Македонија" ја нема во трговскиот регистар на Словенија

Дневник - 27.07.2002

ОТВОРЕНА ПОНУДАТА НА ТЕНДЕРОТ Словенечката фирма "Југ-инвест" ја доставила единствената понуда да ја купи НИП "Нова Македонија" на тендерот што го распиша Агенцијата за приватизација. Инаку, оваа фирма не е запишана во трговскиот регистар на фирми во Словенија.

Словенечка фирма понудила два милиона евра за НИП-от

Вест - 27.07.2002

КОНСПИРАТИВНО ОТВОРЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" Понудата за купување на НИП "Нова Македонија", наводно била на словенечката фирма "Југ-услуги", а на отворањето на тендерот било речено дека ќе се формира комисија која ќе одлучи дали понудата ќе биде приф Од неколку имиња на фирми што јавно ...

Словенците нудат замо 2,3 милиони евра за "Нова Македонија"

Утрински - 27.07.2002

Вчера беше отворена единствената понуда за новинско-издавачката куќа од словенечката фирма "Југ услуги" НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Единствена заинтересирана компанија за купување на НИП "Нова Македонија" е словенечката фирма "Југ услуги" ДОО Марибор.

Дали и под кои услови Словенците ќе го добијат НИП-от?

А1 - 26.07.2002

И официјално, за НИП „Нова Македонија“ стигна само една понуда за купување од словенечката фирма „Југ услуги“. Дали и под кои услови словенечката фирма ќе ја добие „Нова Македонија“, владиното тело за структури реформи ќе одлучува во понеделник.

Палевски чека СДСМ по изборите да му го подари НИП-от

Дневник - 26.07.2002

НИКОЛА ТАСЕВ, ДИРЕКТОР НА НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" Тендерската документација за продажбата на НИП "Нова Македонија" не ја направи менаџерскиот тим, туку ја правеше светски реномираната ревизорска куќа "Прајс Вотерхаус купер" избрана од Агенцијата за приватизација.

Тасев: Податоците се разликуваат поради некнижените камати

Утрински - 26.07.2002

ПОЛЕМИКА "На обвинувањата од Палевски одговарам за јавноста да ја дознае вистината, а не заради него, бидејќи тој тоа не го заслужува. Од она што го изнел во медиумите, доаѓам до заклучок дека тој баш и не се разбира во тендери", вели Никола Тасев, генерален директор на НИП "Нова Македонија".

„ВМРО-ДПМНЕ собира пари за купување на Нова Македонија"

Утрински - 26.07.2002

Пред отворањето на понудата не стивнуваат контроверзиите околу приватизацијата на новинско-издавачката куќа Сите политички и бизнис-структури на ВМРО-ДПМНЕ деновиве се интензивно активирани околу експресното изнаоѓање на три милиони евра, средства кои треба да се уплатат за купување на НИП „Нова ...

"Нова Македонија" се продава на фалсификуван тендер

Дневник - 25.07.2002

СОПСТВЕНИКОТ НА "БРО", ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ, ОБВИНУВА Љупчо Палевски, сопственик на издавачката куќа "БРО", ќе го тужи директорот и главен уредник на "Нова Македонија", Никола Тасев, за давање лажни податоци за финансиската состојба и оневозможување да биде извршена ревизија пред продажбата на таа ...

Палевски ќе ја тужи Владата за приватизацијата на "Нова Македонија"

Утрински - 25.07.2002

Компанијата "Бро", која беше една од интересентите за купување на новинската куќа, бара поништување на тендерот Компанијата "Бро", која е издавач на неделникот "Старт" и чиј сопственик е Љупчо Палевски, деновиве ќе поднесе тужба против Владата и Агенцијата за приватизација за поништување на ...

ВМРО-ДПМНЕ преку Арнаудов го купува НИП-от?

А1 - 24.07.2002

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ преку својот истурен партиски член и директор на ЕСМ Ламбе Арнаудов планира да ја купи најголемата издавчка куќа во земјава НИП „Нова Македонија“, јавуваат гласилата, повикувајќи се на анонимни извори од куќата.

Само словенечки конзорциум заинтересиран за НИП "Нова Македонија"

Дневник - 24.07.2002

ЕДНА ПОНУДА НА ТЕНДЕРОТ Словенечки инвестициски конзорциум ја доставил единствената понуда на тендерот за продажба на новинско-издавачкото претпријатие "Нова Македонија", кој заврши минатиот петок. За јавниот повик распишан од Агенцијата за приватизација интерес покажале и уште две домашни фирми, ...

Отворањето на единствената понуда одложено поради отсуство на Фетаи

Вест - 24.07.2002

ТЕНДЕРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНОТО НОВИНСКО ИЗДАВАЧКО ПРЕТПРИЈАТИЕ НЕМА ДА СЕ ПОНИШТИ Отворањето на пристигнатата понуда на купопродажниот тендер за НИП "Нова Македонија" ќе се одложи до крајот на неделава. Точниот термин на официјалното отворање на понудите треба да го одреди Телото за структурни ...

Тендерот за продажба на НИП е фалсификат и наместен

А1 - 23.07.2002

Содржината на единствената понуда што владата ја доби за купување на „Нова Македонија“, ќе биде откриена во петок за кога во Агенцијата за приватизација е закажано јавното отворање на понудата. Владата продава 69,76 проценти од акциите на НИП-от, со проценета вредност од 9,7 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ ја купува НИП "Нова Македонија" преку Ламбе Арнаудов?

Утрински - 23.07.2002

Според непотврдени информации од најстарата новинско-издавачка куќа во државава Најстарата македонска издавачка куќа "Нова Македонија" ја купува ВМРО-ДПМНЕ, преку својот истурен партиски играч и актуелен директор на "Електростопанство на Македонија", Ламбе Арнаудов, тврдат за "Утрински весник" ...