ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО ВО ШТРАЈК Општината Зелениково бара Републичкиот судски совет да ги поништи одлуките со кои на земјоделската задруга "Слобода" и се дозволува монопол на општинскиот водовод. Надлежните не ги признаваат судските пресуди на Основниот суд два и нема да работат до 28 јуни.
ОДЗЕМЕНИ НАДЛЕЖНОСТИ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА "Општина Зелениково во знак на јавен протест и разочарување од Основниот суд 2 Скопје, ќе престане да работи во времетраење од десет работни дена, односно од 17 до крајот на овој месец", рече Љупчо Кузмановски, градоначалник на Општината.