TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ордени

Вечер Прес - 10.09.2005

Заличуваме на држава: по цели четиринаесет години независност Македонија промовираше свои ордени. На скопското Кале се закити поранешниот претседател Киро Глигоров,а трагично загинатиот Борис Трајковски постхумно го доби ова прво и највисоко одликување.

Ордени за претседателите

Вест - 09.09.2005

Претседателот на државата Бранко Црвенковски завчера ги одликува со првите ордени на Република Македонија, првиот претседател Киро Глигоров и посмртно претседателот Борис Трајковски. "Во ниту еден момент немав дилема кому треба да ги доделам првите ордени", истакна Црвенковски во своето завчерашно ...

Македонија е горда што ја водеа вистински лидери

Утрински - 09.09.2005

Во пресрет на Денот на независноста доделени првите ордени на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски Орденот за мене е стимул и инспирација уште повеќе сите заедно да се залагаме за развој и за просперитет на Македонија.

Од сон до орден за независност

Дневник - 09.09.2005

ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ДРЖАВАТА По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, претседателот Бранко Црвенковски завчера им врачи ордени, највисокото државно одликување на првите двајца претседатели по осамостојувањето на државата, Киро Глигоров и, постхумно, на Борис Трајковски.

Најзаслужните добија ордени, другите ветувања за подобра иднина

Време - 08.09.2005

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА Претседателот Бранко Црвенковски на завчерашната свеченост по повод 8 септември, Денот на државноста, која се одржа на скопското Кале, им ги врачи првите ордени на Република Македонија на поранешните претседатели Киро Глигоров и постхумно на Борис Трајковски.

Највисокото државно одликување за Глигоров и Трајковски

А1 - 07.09.2005

Првите двајца претседатели на независна Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски, ги добија првите ордени на Република Македонија. Помладиот, претседателот Бранко Црвенковски, кој цела деценија соработуваше со првиот претседател Глигоров, денеска го закити со највисокиот - Орден на Републиката.

Ордени за Глигоров и за Трајковски за заложбите за независна Македонија

Утрински - 07.09.2005

Денеска ќе бидат доделени првите највисоки државни одликувања на двајцата поранешни претседатели Свечената церемонија на која претседателот Црвенковски ќе ги врачи највисоките државни одликувања ќе се одржи на Скопската тврдина Даниела Трпчевска Прв пат во историјата на независна Македонија денеска ...

Доделени првите одликувања орден на Репубилка Македонија и тоа за двајцата претходни претседатели

Канал5 - 07.09.2005

Поради посветеноста на своите грагани и држава, пораката за мир и дијалог која ја ширеа и цврстината во решавачките моменти за земјата- првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров и постхумно, поранешниот претседател Борис Трајковски Поради посветеноста на своите грагани и ...

Ордени за Глигоров и за Трајковски

Време - 07.09.2005

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА Претседателот Бранко Црвенковски денеска по повод 8 Септември, Денот на државноста, со првиот и највисок Орден на Република Македонија ќе ги одликува поранешните шефови на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Ордени за Глигоров и Трајковски

Макфакс - 07.09.2005

Скопје Македонија беше држава на која не и предвидуваа никаква иднина, но денес, е држава што до крајот на годинава го очекува статусот-кандидат за членство во Европската унија (ЕУ). Ова, претпладнево во Скопје, го изјави шефот на македонската држава Бранко Црвенковски, при доделување на Првите ...

Највисоки државни одликувања за Глигоров и Трајковски

Макфакс - 07.09.2005

Скопје Првите Ордени на Република Македонија денеска, по повод 8. Септември - Денот на независноста, ќе им бидат врачени на поранешните претседатели Киро Глигоров и, посмртно, на Борис Трајковски. Орден на Република Македонија, највисокото државно признание ќе го врачи претседателот Бранко ...

Ордени за Глигоров и Трајковски

Вечер Прес - 07.09.2005

По повод 8 Септември, претседателот Бранко Црвенковски ќе додели оредени на Република Македонија на поранешниот претседател Киро Глигоров, и постхумно за Борис Трајковски. Ордените, како највисоко државно одликување, ќе бидат доделени на денешната свеченост на скопското Кале.

Ордени за Глигоров и Трајковски

Дневник - 06.09.2005

ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА На поранешните претседатели на Македонија Киро Глигоров и, постхумно, Борис Трајковски ќе им бидат доделени првите ордени на Република Македонија, највисокото државно одликување. Свеченоста за доделување на ордените, на која ќе бидат истрелани почесни салви од 12 ...