TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Отворен објектот „Хана“

Време - 13.03.2008

ВО СПОМЕН НА ХОЛОКАУСТОТ Претседателот на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, вчера свечено го отвори објектот „Хана“, каде што се сместени работните простории на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Засадени 7.200 дрвца во спомен на депортираните Евреи

Утрински - 13.03.2008

Во Еврејско Маало во Скопје вчера беше отворен објектот „Хана“ за Фондот на холокаустот Сања Наумовска Во спомен на 7.200 Евреи, депортирани од Македонија во логорот Треблинка на 11 март 1943 година, вчера на локалитетот Рамниште во Матка беа засадени исто толку садници.

Фондот на холокаустот доби свој објект

Вечер Прес - 13.03.2008

Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски во присуство на претставници од Еврејската заедница во Македонија ги пушти во употреба новите работни простории од каде ќе се раководи доизградбата на меморијалниот центар Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија вчера и официјално доби свои нови ...

Цвеќиња, молитви и садници за депортираните Евреи

Време - 12.03.2008

НА ГОДИШНИНАТА ОД ПОГРОМОТ Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) неделава со повеќе настани ја одбележува 65-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“. Вчера беше положено цвеќе во Монополот (Тутунски комбинат) во Скопје, каде што на вчерашен ...

65 години од депортирањето на македонските Евреи во Треблинка

Вест - 12.03.2008

Со свежо цвеќе пред споменикот во кругот кај Тутунски комбинат вчера беше одбележана 65-годишнината од депортирањето на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка. Бројни домашни државни и невладини организации, претставници од еврејските заедници од Македонија, Хрватска, од Призрен, ...

Одбележана годишнината од егзодусот на македонските Евреи

Утрински - 12.03.2008

Од кругот во некогашниот Монопол, на 11 март 1943 година, во смрт заминаа 7.200 лица Пред споменикот се поклонија и положија цвеќе амбасадорите на Израел, Германија, Франција, Шведска, Полска, претставници на повеќе еврејски заедници од Балканот и од светот, претставници од Кабинетот на ...

Сеќавање на холокаустот на македонските Евреи

Дневник - 12.03.2008

Еврејската заедница во Македонија вчера одбележа 65 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Претставници на заедницата, во дворот на Тутунскиот комбинат положија цвеќе пред споменикот на 7.200 Евреи што беа однесени во „логорот на смртта“, а се одржаа и други ...

Претседателот на македонското Собрание го пушти во употреба објектот ХАНА

Канал5 - 12.03.2008

Претседателот на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски денеска во спомен на депортираните македонски Евреи свечено го отвори објектот ХАНА, каде што се сместени работните простории на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ).

Фондот за холокаустот доби свое седиште

Канал5 - 12.03.2008

Во куќата што некогаш припаѓала на видното скопско еврејско семејство Ароести, денеска беше свечено отворен фондот за холокаустот на Евреите од Македонија. Семејство на познати трговци во чија сопственост била куќата било депортирано во Треблинка од каде што никогаш не се вратиле.

Одбележана 65-годишнината од депортацијата на Евреите

А1 - 11.03.2008

Со положување цвеќе пред споменикот во Монополот (Тутунскиот комбинат) во Скопје, денеска беше одбележана 65-годишнината од депортацијата на 7.200 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Цвеќе положија претставници на еврејските заедници од Македонија, соседните држави и САД, амбасадорот ...

65 години од депортацијата на битолските Евреи

Вест - 11.03.2008

Вчера, пред Споменикот на Евреите во Битола пред Домот за народно здравје, делегации од градот и државата одржаа комеморација по повод 65 - годишнината од депортацијата на битолските Евреи. На денешен ден 3.276 битолски Евреи беа депортирани во злогласниот нацистички логор Треблинка каде беа ...

Штип се сеќава на прогонот на Евреите

Време - 11.03.2008

65 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТИРАЊЕТО Во Штип вчера беше одбележана 65-годишнината од депортирањето на 118 еврејски семејства. Ноќта меѓу 10 и 11 март, во четири часот наутро, почнало собирањето на Евреите. Се спасиле само тие што во тој момент не биле во градот.

Последниот битолски Евреин ја променил верата за живот

Утрински - 11.03.2008

Моис успеал да спаси жива глава, декларирајќи се како Турчин Мајка ми се омажи за Турчин, само да ме куртули од смртта. Многумина од рисјаните ме нарекуваа Јуда Седумдесет и четиригодишниот Моис Беакара Сариефски е единствениот преживеан битолски Евреин, чија судбина сакаше да го остави како ...

Последниот Евреин потсети на ужасите

Дневник - 11.03.2008

Моис Беакара (74) се' уште лее солзи за горкото детство, откако останал без сите роднини,чии животи завршиле во концентрационите логори во Полска Последниот битолски Евреин, 74-годишниот Моис Беакара вчера, со силни емоции, потсети на грозоморните слики од депортацијата на 3.000 негови сограѓани, ...

Одбележани 65 години од првата депортација на македонските Евреи

Канал5 - 11.03.2008

84 годишниот Израел Бехар е еден од четиринаесеттемина Евреи кои ја преживеале првата депортација на Евреите на овој ден пред 65 години во нацистичкиот логор Треблинка. На деветнаесет години бил депортиран заедно со целото семејство.

65 години од депортацијата на битолските Евреи

А1 - 10.03.2008

Пред 65 години, над 3.000 Евреи во Битола беа качени на товарен воз во еден правец кон злогласниот логор на смртта Треблинка. На денешното чествување на битолскиот ден на Холокаустот се преплетоа многу потресни приказни. Моис Сариевски е единствениот битолски Евреин, кој како 11-годишно момче успеа ...

Полска ќе им го врати државјанството на 15.000 Евреи

Утрински - 10.03.2008

Се проценува дека во 1968 година била протерана половина од еврејската популација во Полска ВАРШАВА - Полскиот претседател вети дека ќе им го врати државјанството на илјадниците Евреи кои беа протерани од земјата од страна на комунистите во 1968 година.

Почнува одбележувањето 65 години од депортацијата на македонските Евреи

Канал5 - 10.03.2008

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) неделава со повеќе настани ќе одбележи 65 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Скопје, 10 март (МИА) - Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) неделава со повеќе настани ќе одбележи 65 години од ...