TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во вторник со нова влада

А1 - 25.11.2001

Седмиот владин кабинет на премиерот Љубчо Георгиевски ќе биде познат најверојатно во вторник, тврдат за А1 извори во ВМРО - ДПМНЕ. Во него, според партиски извори, ќе учествуваат, покрај ВМРО - ДПМНЕ и Либералната партија, Нова демократија, ВМРО - Вистинска, ДПА и ПДП.

Љубчо се ценка за министерски фотељи

А1 - 24.11.2001

Наспроти повиците до СДСМ да се врати во владината коалиција, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ги продолжува разговорите за формирање ново собраниско мнозинство. Тој денеска во зградата на владата разговарал со партиска делегација на ПДП, предводена од потпретседателот Абдуљади ...

Георгиевски доби уште една „корпа“ од СДСМ

А1 - 24.11.2001

СДСМ ја одби и втората понуда на премиерот Љубчо Георгиевски, партијата на Бранко Црвенковски да се предомисли и да се врати во владата. Лидерот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски го повтори повикот до СДСМ да се врати во владата и да ја преземе одговорноста за судбината на земјата, ...

Љубчо го моли Бранко да се врати

Вест - 24.11.2001

Премиерот Љубчо Георгиевски го повика СДСМ да ја повлече "детската одлука", оценувајќи дека "излегувањето им го даде најсилното оружје и алиби на екстремистите за промена на Уставот". На барање на ВМРО-ДМПНЕ Премиерот Љубчо Георгиевски го повика СДСМ да ја повлече одлуката за напуштање на Владата, ...

Георгиевски го повика СДСМ да се во врати во Владата

Дневник - 24.11.2001

СОБРАНИЕТО ГИ РАЗРЕШИ МИНИСТРИТЕ ОД СДСМ, ЛДП И ОД СП Премиерот Љубчо Георгиевски вчера во Собранието ги повика социјалдемократите да ја повлечат одлуката за напуштање на Владата и да се договорат за термин за парламентарните избори.

Андов станал главен лакташ во кабинетот на Георгиевски

Вест - 24.11.2001

ПРЕМИЕРОТ ПРАВИ ПИШИ - БРИШИ НА СВОЈАТА СЕДМА ГАРНИТУРА Зборот на спикерот Стојан Андов во пресметките на Георгиевски при составувањето на новиот кабинет му се "јадел", и помладиот партнер ги земал предвид неговите предлози. Турканици за МНР, лидерска кавга во ...

Крај на широката владина коалиција

А1 - 23.11.2001

Собранието со мнозинство гласови ги разреши од функциите потпретседателот на владата Илија Филиповски, како и министрите за одбрана, надворешни работи и здравство, Владо Бучковски, Илинка Митрева и Петар Милошевски, по одлуката на СДСМ и ЛДП да ги повлечат своите министри од кабинетот на ...

Многу комбинаторики за седмата влада на Георгиевски

А1 - 23.11.2001

Кои ќе бидат новите членови на седмата влада на премиерот Георгиевски и условите што му ги поставува лидерот на коалициониот партнер ДПА, Арбен Џафери, се теми со кои денеска се занимава скопскиот печат. Џафери го условува Георгиевски со неколку ултимативни барања поврзани со точни рокови од кои ...

ВМРО-ДПМНЕ поделена околу предвремените избори

А1 - 23.11.2001

Дали е прифатлив предлогот на СДСМ за самораспуштање на собранието на 28-ми февруари догодина и распишување на предвремени избори на крајот од април, е прашањето за кое дискутира извршниот комитет и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери го стави Љубчо в скут

Вест - 23.11.2001

ОД МНОГУ ВЕТУВАЊА ГЕОРГИЕВСКИ НЕ МОЖЕ ДА СОСТАВИ ВЛАДА ДПА условува министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски не само да си замине од таа функција, туку воопшто да го нема во реконструираниот кабинет. Стојан Андов запнал ПДП да си оди, а Георгиевски бил подго Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер ...

ВМРО - Вистинска ќе остане или не со Георгиевски

А1 - 22.11.2001

После два дена заседавање извршниот комитет на ВМРО - Вистинска не успеа да реши дали партијата ќе остане или ќе ја напушти владата на Георгиевски. Денеска е решено да се направат консултации со базата односно со општинските комитети на партијата по што за 2 до 3 дена ВМРО - Вистинска ќе ја соопшти ...

Oставки на министрите од СДСМ

А1 - 22.11.2001

Сега кога се усвоени уставните измени, кога раселените лица постепено се враќаат во своите домови и кога Македонија ги преброди најтешките денови од кризата, престанаа причините и мотивите за нашето членство во владата, се наведува во неотповикливите оставки на потпретседателот на владата ...

Владиниот кабинет - пазар за фотељи

А1 - 22.11.2001

За дилемата која вчера ја постави премиерот и лидер на ВМРО - ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски - брзо одржување предвремени избори или уште неколку месеци на власт, извршниот комитет на партијата се решил за второто. „Предвремени избори треба да се организираат, но дури откако ќе се создадат, пред се, ...

СДСМ нема веќе да биде беби-ситер на ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 22.11.2001

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ОБЈАВИ ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА СДСМ не може веќе да трча по Георгиевски за да ги чисти валканиците што ги остава зад себе и да изигрува беби-ситер, нема да бидеме нивно алиби за понатамошен криминал, воено профитерство и за партискиот ...

СДСМ и ВМРО—ДПМНЕ се согласија за предвремени парламентарни избори?

Дневник - 22.11.2001

КРАЈ НА ВЛАДАТА НА ПОЛИТИЧКОТО ЕДИНСТВО Црвенковски и Пенов вчера објавија дека ја напуштаат владината коалиција, а Георгиевски изјави дека го прифаќа ризикот Лидерите на СДСМ и на ЛДП, Бранко Црвенковски и Ристо Пенов, вчера објавија дека излегуваат од Владата и оти заминуваат во опозиција.

Георгиевски веќе си скрои нова влада

А1 - 21.11.2001

ВМРО-ДПМНЕ синоќа пред состанокот на централниот одбор на СДСМ во последен обид да издејствува останување на социјалдемократите во владината коалиција. Извори од двете партии потврдуваат дека вчера меѓу 16.30 и 17.30 часот во хотелот „Турист“ во Скопје, во непосредна близина на вмровското седиште, ...

СДСМ и ЛДП во опозиција

А1 - 21.11.2001

„Од денеска Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и Либерално демократската партија повеќе не се дел од широката владина коалиција“, соопшти претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Лидерот на социјалдемократите појасни дека министрите и замениците министри од овие партии ќе поднесат оставка ...

Излегувањето на СДСМ од владата маркетиншки потег

А1 - 21.11.2001

„Одлуката на СДСМ да излезе од владата за премиерот Георгиевски е маркетиншки потег на лидерот на социјалдемократите Бранко Црвенковски“, изјави премиерот Љубчо Георгиевски. Премиерот потенцираше дека причините за влегувањето на СДСМ во владата беа да ја спасат Македонија од тероризмот, но за жал ...

СДСМ излегува, ама не кажува кога, за да го нервира ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 21.11.2001

СЕ ПОИЗВЕСНО РАСПАЃАЊЕТО НА ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА Социјалдемократскиот сојуз ќе излезе од Владата на широката коалиција, ама не знае кога, дознаваме од високи извори во СДСМ. Таа дилема кај социјалдемократите требаше да ја разреши Централниот одбор кој заседаваше синоќа.

Ако имаш цел, ќе ја погодиш и метата

Дневник - 21.11.2001

Коментар - Христо Ивановски Раководството на СДСМ синоќа требаше да донесе одлука дали ќе остане во владината коалиција или ќе си замине повторно во опозиција. Одлуката нималку не е лесна и веруваме дека социјалдемократите добро ги измериле сите опции и последици. Доста беше, понатаму пловете сами.

СДСМ и ЛДП ја напуштаат владината коалиција

Дневник - 21.11.2001

КРАЈ НА ВЛАДАТА НА ПОЛИТИЧКОТО ЕДИНСТВО Новата влада најверојатно ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ПДП, ВМРО-вистинска, Либерална партија и Нова демократија, Социјалдемократскиот сојуз и Либерал-демократската партија денеска официјално ќе ја напуштаат коалициската влада на политичко единство, ...

СДСМ пред одлука кога да ја напушти владата

А1 - 20.11.2001

Централниот одбор на СДСМ вечерва ќе ја донесе конечната формална одлука дали да ја напушти коалиционата влада. Прашањето кое централниот одбор го одлучува најверојатно повеќе е кога, отколку дали СДСМ да излезе од актуелната влада, судејќи по проценките на дел од членовите на високото партиско ...

Одлуката во СДСМ паѓа вечерва

Дневник - 20.11.2001

ЌЕ ОСТАНАТ ЛИ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ВЛАДАТА? СДСМ вечерва треба да реши дали ќе излезе од владината коалиција или таму ќе ги дочека предвремените парламентарни избори. Главна причина за незадоволството на социјалдемократите е начинот како функционира коалицијата.

СДСМ ја напушта владината коалицијата

А1 - 19.11.2001

Централниот одбор на СДСМ утре ќе решава по предлогот на партиското претседателство Социјалдемократите да ја напуштат владината коалиција. Овој предлог е донесен синоќа, по осумчасовниот состанок на претседателството на СДСМ на кој се дискутирало дали партијата да пристапи кон реализација на ...

Георгиевски: Првин контрола на цела територија, па после нови избори

Вест - 19.11.2001

ОДБЕЛЕЖАНА 10-ГОДИШНИНАТА ОД ПРВИОТ УСТАВ НА МАКЕДОНИЈА На одбележувањето на јуилејот не се појавија лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери, министер имаше само еден, Ненад Новковски, пратеници имаше по еден - двајца од секоја...