TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неуспешно поскапување на печивата во Прилеп

Дневник - 17.08.2007

Прилепски пекари ги зголемија и веднаш ги вратија цените на белите печива, а лебот остана по стара цена. Мелничарите бараат повисока цена за брашното, а земјоделците од државата да им даде уште два денара за секој килограм пченица продаден по осум денари.

Повисоки цени на месото во Велес

Дневник - 17.08.2007

Велешките месарници вчера ги зголемија цените на свинското и на телешкото месо за 20 денари по килограм, јави МИА. Новите цени се истакнати во сите продавници на „Жито Вардар“ и „Агрија“ и во приватните месарници. Месарите ваквата одлука ја правдаат со немањето доволно сточна храна, што е пак ...

Кило домати 50 денари

Вест - 16.08.2007

СКОКААТ ЦЕНИТЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ Цените се зголемени од 10 до 20 денари, односно доматот сега се продава за 50 денари, краставицата и зелката за 40 денари, пиперките за 30 денари По поскапувањето на дел од прехранбените производи, од вчера повисоки цени има и на скопските зелени пазари.

Бранот поскапувања ќе удри на семејните буџети

Канал5 - 16.08.2007

Бранот поскапувања ќе го намали животниот стандард на граѓаните. Ќе удри на семејните буџети. На државно ниво, економските експерти не очекуваат големи промени во макроекономската политика. Според нив, мал раст на стапката на инфлација секако ќе има.

Месото поскапе за 20 денари

Вечер Прес - 16.08.2007

Во "Жито Вардар", "Агрија", во маркетите "Жито", како и во поголемиот број помали велешки продавници, од вчера месото се продава поскапо за 20 денари за килограм. Така, ако до вчера килограм свински кременадли се купуваа за 200 денари, сега ќе се плаќаат по 220.

Поскапеа сирењето и кашкавалот

Вест - 15.08.2007

КОЧАНИ Кочанските трговци ги зголемија цените на прехранбените продукти во малопродажба. Цената на јајцата е зголемена некаде и за 100 насто. Во зависност од големината, сега едно јајца чини 5 (од 2, 5), 6 (од 3) денари итн. Маслото за јадење поскапе од 10 до 15 насто. Литар масло чини 56 денари.

Месото не поскапе

Вест - 15.08.2007

БИТОЛА Битолчани се вознемирени и револтирани од новите цени во продавниците за кои не постои оправданост. Нови цени во одделни продавници доби маслото за јадење кое, во зависност од квалитетот, се продава и по 62 денара. Од 20 до 40 насто поскапеа и јајцата, и сега табла од 30 јајца се продава за ...

Новите поскапувања ќе ги зголемат трошоците и до 1.000 денари месечно

Утрински - 15.08.2007

Ако се остварат најавите за поскапување на прехранбените производи за 20 отсто, просечното македонско семејство ќе треба да одвои приближно 1.000 денари повеќе од порано за месечното пазарење Сушата го зема својот данок, основните прехранбени производи добиваат нови цени АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ По ...

Тврда корка за сиромашните

Дневник - 15.08.2007

Ќе бараме од Владата да го спречи договарањето на новите цени од трговците и да интервенира од стоковите резерви за да го спречи ценовниот шок, велат во Организацијата на потрошувачите Бранот поскапувања на основните прехранбени продукти кој ја зафати земјава најмногу ќе удри врз семејниот буџет на ...

Цените на лебот најмногу одат нагоре

Дневник - 15.08.2007

Последиците од сушата што ја зафатија цела југоисточна Европа се манифестираат со бран поскапувања, јави агенцијата Танјуг . Во Хрватска, лебот од 1 август е поскап за 10 отсто. Поради зголемувањето на цените на сточната храна, пораснаа и производствените цени на месото за седум до десет отсто, но ...

Пекарите ја вратија старата цена на лебот

Време - 14.08.2007

ОТКАКО ВЛАДАТА СЕ ЗАКАНИ СО КАЗНИ Откако Владата им се закани со контроли и казни некои од пекарите што претходно ја имаа зголемено цената на лебот решија да ја вратат старата цена. Од Владата велат дека во Радовиш пекарите веќе ја вратиле старата цена на лебот, а и од другите градови каде што ...

Вратена старата цена на лебот во Радовиш

Дневник - 14.08.2007

Радовишани од вчера повторно лебот го купуваат по старите цени од пред една недела, кога во Радовиш, како и во повеќе градови во источна и во југоисточна Македонија, цената беше зголемена од еден до пет денари. Сега, векна леб од 600 грама во Радовиш чини 20 денари наместо 25 денари за колку што се ...

Поскапе брашното во Кичево

Дневник - 13.08.2007

Во продажната мрежа на „Жито Караорман“ брашното се продава по цена повисока за 8 денари од килограм. Лебот и белите печива се' уште се по стара цена, но како што истакнуваат надлежните во тек се пресметките околу утврдувањето на износот за евентуалното нејзино зголемување. (С.В.

Лебот во Пробиштип поскап за 30 отсто

Дневник - 13.08.2007

Лебот во продавниците во Пробиштип од саботата се продава по 25 денари. Цената на векна од 600 грама, од досегашните 18 и 20 денари е зголемена за 30 отсто. Освен тамошните приватни пекарници, леб во Пробиштип доставуваат и пекари од Кочани и од Кратово.

Продолжува бранот поскапувања – и месото и јајцата со повисоки цени

Канал5 - 13.08.2007

Продолжува бранот поскапувања на основните прехранбени производи. По лебот, поскапуваат и месото и јајцата. Цената на табла јајца од сите класи е повисока во просек за 50 денари. Продолжува бранот поскапувања на основните прехранбени производи. По лебот, поскапуваат и месото и јајцата.