TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И радикалите бараат мандат за состав на влада

Време - 27.01.2007

СРБИЈА Српската радикална странка, која освои најмногу гласови на изборите во Србија, но која е изолирана од другите партии од „демократскиот табор“, побарала да го добие мандатот за состав на новата влада. Александар Вучиќ, генерален секретар на радикалите на обвинетиот воен злосторник Воислав ...

ДСС: Или Коштуница премиер или нови избори

А1 - 26.01.2007

Демократската партија на Србија на актуелниот српски премиер Воислав Коштуница се закани дека ќе испровоцира нови парламентарни избори во земјата, доколку нејзиниот лидер не ја задржи премиерската функција во новата влада на Србија.

Изборот на Србија

Дневник - 26.01.2007

Во ЕУ со големо олеснување беше примено што демократските проевропски партии добија мнозинство во белградскиот парламент Забележително е како исходот од српските избори минатиот викенд надвор од земјата во највисока мера беше гледан од европски, а помалку од еден внатреполитички аспект.

Петка за Коштуница!

Вечер Прес - 25.01.2007

"Коштуница ми ги пренесе своите намери да влезе во каолициона влада со проевропските демократски сили"-изјави вчера во Брисел Хавиер Солана, по телефонскиот разговор со Борис Тадиќ и Воислав Коштуница. Соработниците на Солана пред новинарите изјавија дека Коштуница им дал уверување дека нема да ...

Можна е и коалиција Шешељ - Коштуница

Дневник - 24.01.2007

Коалицијата на трите најголеми партии од демократскиот блок е лесно да се состави на хартија, а тешко во реалноста, затоа што тие ќе водат жестока дебата за сите фотелји , од премиерската, преку министерските, па се' до директорските Кавгите за функции во демократскиот блок и прогласувањето ...

Белград негира дека Коштуница и Солана разговарале за формирање на идната српска влада

Канал5 - 24.01.2007

Српскиот премиер Воислав Коштуница и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана не разговараа за формирањето и составот на новата влада на Србија, изјави денеска директорот на Канцеларијата на српската Влада за соработка со медиумите, Срѓан Ѓуриќ.

Солана оптимист дека во Белград ќе се формира проевропска влада

Канал5 - 24.01.2007

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска соопшти дека вчера разговарал со претседателот на Србија Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница, при што добил уверување дека се подготвени да формираат коалиција на проевроските сили.

Утре прва средба за мандатар?

Вечер Прес - 24.01.2007

Предвидувањата се дека и обајцата во почетокот смирено, но тврдо ќе застанта зад своите предлози и концепи Најверојатно, веќе утре ќе се одржат првите разговори меѓу Борис Тадиќ и Воисла Коштуница , лидерите на двете најголеми странки од демократскиот блок ДС и ДСС, за можниот мандатар на новата ...

Гласање пред бура

Дневник - 23.01.2007

По низата гласања без голема важност, Србите завчера со големиот одѕив само потврдија дека земјата е исправена пред голем, историски предизвик . Последен пат одѕив од 60 отсто беше забележан во септември 2000 година, кога народот се крена против режимот на Слободан Милошевиќ.

Радикалите победија, демократите на власт

Дневник - 23.01.2007

Едноставната математика покажува дека демократскиот блок има убедливо мнозинство гласови, па се очекува идната влада да ја формираат ДС, коалицијата ДСС-НС и Г-17 плус Радикалната партија освои најмногу гласови на парламентарните избори завчера во Србија, но владата ќе ја формираат прозападните ...

Победа на радикалите, власт на демократите?

Утрински - 23.01.2007

Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Коштуница е поразен, но не се откажува повторно да биде премиер, по цена Србија и да не добие т.н. демократска влада БЕЛГРАД - Завчера во Србија, и покрај некои очекувања, не се случи ништо историско уште помалку изненадувачко.

Радикалите со најмногу гласови

Време - 23.01.2007

СРБИЈА ГЛАСАШЕ Екстремно националистичката Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ доби најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Србија, но сепак партиите од т.н. демократски блок освоија речиси две третини од местата во српското Собрание, јави новинската агенција МИА.

Радикалите победија, Европа очекува демократите да формираат влада

Утрински - 23.01.2007

Мнозинството гласаше за силите што се демократски и проевропски, оцени еврокомесарот Хавиер Солана БЕЛГРАД - Србите ги дадоа своите гласови за 20-те политички партии на парламентарните избори што се одржаа во неделата, но ниту една партија не успеа да обезбеди доволно поддршка за сама да формира ...

Демократските партии пред мачни преговори за влада

Вест - 23.01.2007

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА БЕЛГРАД, 23 јануари (Ројтерс) - Србија се соочува со долги коалициони преговори и најверојатно ќе формира влада со краток век откако изборите не донесоа јасно мнозинство и ги урна надежите на западот дека националистите ќе бидат поразени.

Се остана исто!

Вечер Прес - 23.01.2007

Радикалите и социјалистите и овој пат освоија околу 1,4 милиони гласови, а партиите на демократскиот блок, како и на минатите избори добија поддршка од 2,4 милиони избирачи Според неофицијалните резултати од парламентарните избори, споредено со 2003 години, во Србија за последниве шест години не е ...

Европа е загрижена за победата на радикалите

А1 - 22.01.2007

Победата на радикалите ја загрижува Меѓународната заедница, но надежта е во мнозинството што го имаат демократските партии. Европската Унија веќе побара од српските политичари брзо формирање на нова Влада. Србија е исправена пред важни и тешки решенија, затоа што изборите се одржаа на само неколку ...

Аналитичарите сметаат дека независноста на Косово е неминовна

А1 - 22.01.2007

Во однос на косовското прашање, единствено изненадување на изборите во Србија, претставуваат либералите на Чедо Јовановиќ, единствена партија која се залага за независно Косово. Но нивните 5% се недоволни, Меѓународната заедница да ги менува српските партнери.

Радикалите на Шешељ немаат можност да формираат Влада

А1 - 22.01.2007

Српската радикална партија на Шешељ денеска соопшти дека, иако освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Србија, сепак нема можности да формира Влада и сега топката е во дворот на Демократската партија на Тадиќ, бидејќи тие се на второ место по освоените гласови.

Левицата и десницата изедначени во трката за идната власт во Србија

Утрински - 22.01.2007

Вчерашното гласање е од извонредна важност, бидејќи тоа ќе ја одреди насоката во која ќе се развива Србија БЕЛГРАД - Србите вчера излегоа на избори за кои се очекува изедначена трка меѓу ултранационалистите и прозападните реформисти. Резултатите од анкетите покажуваат дека трката ќе биде изедначена.

Радикалите освоија најмногу гласови на изборите во Србија

Канал5 - 22.01.2007

Екстремно националистичката Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ доби најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Србија, но сепак партиите од т.н. демократски блок освоија речиси две третини од местата во српското Собрание. од местата во српското Собрание.