TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ООН го повлекува својот персонал од Индија и Пакистан

А1 - 02.06.2002

Обединетите Нации поради се поголемата индиско-пакистанска напнатост решија да ги евакуираат своите дипломати и нивните семејства од Индија и Пакистан, јавија агенциите повикувајќи се на дипломатски извори. Претставник на светската организација во Исламабад денеска соопшти дека целиот меѓународен ...

Продолжија судирите во Кашмир

А1 - 02.06.2002

Индија и Пакистан денеска продолжија да разменуваат оган преку линијата на разграничување во Кашмир, соопштија пакистански претставници, додавајќи дека се уште нема информации за човечки жртви. Пакистанските милитанти речиси ги запреа преминувањата во индискиот дел на Кашмир, што им е наредено од ...

Индија не гледа опасност од војна со Пакистан

А1 - 01.06.2002

Индискиот министер за одбрана, Џорџ Фернандез, и покрај судирите со Пакистан околу Кашмир, не гледа непосредна опасност од избивањето војна против земјата. Фернандез на конференцијата на азиските земји за безбедносни прашања рече дека ситуацијата на границата меѓу Индија и Пакистан е стабилна.

Буш го праќа Рамсфелд во Индија и Пакистан

Вест - 01.06.2002

ЊУ ДЕЛХИ, 1 јуни (АП) - Додека Пакистан ја повлекува војската од границата со Авганистан што најверојатно ќе ја постави на границата со Индија, Обединетите нации преземаат засилени чекори кон спречување на нова војна меѓу Индија и Пакистан.

Размена на артилериски оган меѓу Индија и Пакистан

Утрински - 01.06.2002

Претсрелките меѓу нуклеарните ривали стануваат се посериозни ИСЛАМАБАД - Пакистанските и индиските војници вчера разменија жесток оган преку воената контролна линија во спорниот Кашмир, во услови кога доаѓа до интензивирање на меѓународните напори за намалување на тензиите меѓу двата нуклеарни ...

Кашмир за поткусурување

Утрински - 01.06.2002

ДИМИТАР ЧУЛЕВ Беше повеќе од извесно дека американското буричкање по авганистанските работи ќе резултира со разбранување на жабурникот на азискиот континент и дека работите ?ќе пукнат" во најслабата точка меѓу традиционално горливите проблематични места на континентот каде што постојните проблеми, ...

Исламските герилци убиле двајца индиски полицајаци во Кашмир

Вест - 31.05.2002

ЊУ ДЕЛХИ, 31 мај (АП) - Исламски герилци вчера нападнале една полициска база во Кашмир при што убиле двајца офицери, а најмалку 28 луѓе загинаа во пограничните борби додека траат напорите на меѓународната заедница да се спречи војна меѓу Индија и Пакистан.

Милитантски упад во индиски полициски камп

Утрински - 31.05.2002

Зголемената напнатост меѓу нуклеарните ривали Индија и Пакистан не попушта ЏАМУ - Двајца милитанти упаднале во индиски полициски камп во Кашмир, во услови на зголемена напнатост меѓу Индија и Пакистан, убивајќи тројца полицајци и повредувајќи повеќе други, пред да бидат опколени од полициските ...

САД ќе ги евакуираат своите државјани од Индија и од Пакистан

Дневник - 31.05.2002

ПОРАДИ ВОЕНАТА КРИЗА ВО ЈУЖНА АЗИЈА Вашингтон планира масовна евакуација на 64.000 американски државјани од нуклеарните сили Индија и Пакистан, чиј територијален спор за Кашмир може да прерасне во општа војна, јави Ројтерс. Весникот "Ју-ес-еј тудеј" тврди дека екипа на американската администрација ...

Загинаа најмалку 15 индиски војници

А1 - 30.05.2002

Најмалку 15 индиски војници загинаа или се повредени во текот на ноќта во престрелките преку линијата на раздвојување во Кашмир, соопшти денеска пакистанската војска. Портпаролот на пакистанската војска соопшти дека армијата одговорила на индискиот напад врз цивилното население во пограничниот ...

Индија губи трпение, Пакистан мора да ги сопре милитантите

Вест - 30.05.2002

Индиски војник на границата со Пакистан ЊУ ДЕЛХИ /ИСЛАМАБАД, 30 мај, (Ројтерс) - Индискиот министер за надворешни работи Џасвант Синг изјави дека пакистанскиот претседател Первез Мушараф веќе имаше доволно време да ги разбие милитантите и дека мора да ја признае ургентноста на ситуацијата.

Нуклеарните ривали сe поблиску до војна

Утрински - 30.05.2002

И покрај новата дипломатска мировна иницијатива околу индиско-пакистанскиот спор ЊУ ДЕЛХИ, ИСЛАМАБАД - Индиските и пакистанските сили вчера разменија оган од минофрлачко и тешко автоматско оружје преку границата во спорниот Кашмир, додека во Њу Делхи почна нова дипломатска мировна иницијатива.

Шестмина загинати во Пенџаб

А1 - 29.05.2002

Шест лица беа убиени, а најмалку 20 повредени денеска во размена на артилериски оган меѓу индиските и пакистанските сили во провинцијата Пенџаб, јавија агенциите, повикувајќи се на изјави на очевидци. Артилеријата цела ноќ дејствувала и во Кашмир, каде не се регистрирани човечки жртви.

Индија го обвинува Пакистан за непријателско однесување

Вест - 29.05.2002

ЊУ ДЕЛХИ, 29 мај (Ројтерс) - Индија вчера изјави дека пакистанскиот лидер Первез Мушараф продолжува со непријателското однесување што опасно ги зголемува тензиите меѓу двата нуклеарни ривали. Поточно, министерот за надворшни работи на Индија Џасвант Синг за обраќањето на Мушараф рече дека било ...

Индија и Пакистан ги острат ножевите за војна

Утрински - 29.05.2002

Се зголемуваат тензиите околу немирниот кашмирски регион ЊУ ДЕЛХИ - Индија вчера соопшти дека последниот говор на пакистанскиот претседател Первез Мушараф, околу воениот спор на двете држави во врска со Кашмир, е разочарувачки и опасен, и ги разгорува тенизите наместо да ги смири.

Индија и Пакистан ветија дека нема да се гаѓаат со нуклеарки

Дневник - 29.05.2002

КРИЗА ВО ЈУЖНА АЗИЈА Русија, Јапонија и Британија се обидуваат да ги вразумат властите на двете јужноазиски држави, кои се на раб на целосна војна Пакистанската армија вчера изврши трет балистички тест на проектил, но претседателот Первез Мушараф и порача на нацијата дека тој не сака војна со ...

Покрај напнатоста со Индија, Пакистан трет пат тестираше ракети

А1 - 28.05.2002

Пакистан денеска соопшти дека успешно тестирал ракета со дострел од 180 километри, што е трета и последна проба во рамките на серијата тестирања кои Исламабад ги изведе за време на воената криза во односите со Индија. Пакистан денеска изведе успешно тестирање на ракета земја од краток дострел „Хатф ...

Шестмина мртви во Пакистан во пукањето од Индија

Вест - 28.05.2002

СИЈАЛКОТ, Пакистан 28 мај (Ројтерс) - Шест Пакистанци загинале и најмалку 16 биле ранети кога индиската војска отворила артилериски оган во селата во пограничната област во провинцијата Пенџаб. Тоа бил еден од најжетоките напади во последните неколку недели и се случи за време на зголемените тензии ...

Мушараф под меѓународен притисок за тензиите во Кашмир

Утрински - 28.05.2002

Пакистанскиот претседател и се обратил на нацијата Нацијата го притиска Мушараф да не и попушта на Индија ИСЛАМАБАД - Пакистанскиот претседател треба да се обрати на нацијата во врска со спорот на неговата држава со Индија околу проблематичниот кашмирски регион.

Силна размена на артилериски оган меѓу Индија и Пакистан

А1 - 27.05.2002

Официјален претставник на индиското министерство за одбрана соопшти дека меѓу индиските и пакистанските сили во текот на изминатата ноќ е забележана засилена размена на артилерискиот оган долж линијата на разграничување во Кашмир, а поради стравот од војна се зголемува и меѓународниот притисок.

Пакистан и натаму пробува ракети, Индија вели - има граница на трпението

Вест - 27.05.2002

Кој прв почна? - Индиски (свртени со грб) и Пакистански граничари си прават гримаси на линијата што ги одделува двете земји. ИСЛАМАБАД, 27 мај (Ројтерс) - Пакистанскиот претседател Первез Мушараф денеска преку телевизија ќе се обрати до нацијата и ќе говори за воената криза со соседна Индија, ...

Пакистан изврши втора ракетна проба

Утрински - 27.05.2002

Односите меѓу Делхи и Исламабад екстремно напнати во последниве денови САД обвинети дека ги затвораат очите пред пакистан-скиот тероризам Пакистан го направи вториот балистички тест во последните два дена, игнорирајќи ја широката меѓународна загриженост околу првиот тест во саботата, во период кога ...

Во секој миг може да полетаат проектили

Дневник - 27.05.2002

ИНДИЈА - ПАКИСТАН Пакистан викендов изврши две успешни проби на балистички проектили со среден дострел, по што Индија се закани дека еднаш и засекогаш ќе му стави крај на тероризмот во своето соседство, јави Ројтерс. Балистичките проби на Пакистан ја доведоа атмосферата на границата меѓу овие две ...