TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Бадентер" доби уште поголема моќ

Вечер Прес - 17.09.2005

На пратениците од позицијата вчера им успеа да обезбедат кворум и со 59 гласа "за", го изгласаа Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. "Против" гласаше единствено Лилјана Поповска од ЛДП.

"13-ка" на Македонската телевизија

Вечер Прес - 17.09.2005

Во знакот на манифестацијата што ја организираше, сега и ток-шоуто го насловува "13-ка". Почеток: 26 септември. Термин: Секој понеделник од 22 часот. Позиција: Македонска телевизија и на сателит. Гости: Почнува Џаро, а продолжува Северина, Руслана мак-ѕвездите.

На тапет "антинародните" владини реформи

Вечер Прес - 17.09.2005

АТИНА, 17 СЕПТЕМВРИ (МИА) - Грчките опозициски партии, социјалистичкото движење ПАСОК, Левата коалиција и Заедничка конфедерација на трудот, остро ја критикуваат владината национална програма за реформи. Левата опозиција и синдикатите тврдат дека со програмата се поткопуваат основните работнички ...

Градот ја заборави "Востаничка"

Вечер Прес - 17.09.2005

"Веќе три месеци како се задушуваме во прашина, а Градот никако да ги заврши започнатите градежни работи на нашата улица. Таа парцијално се затвораше и се пушташе во сообраќај. Се поставуваа приклучоци за водоводна мрежа, улицата се тампонираше, а потоа до половина направена беше заборавена од ...

"Како се станува цар" од Кирјаковска

Вечер Прес - 17.09.2005

Авторката Афродита Кирјаковска, позната како драмска писателка која го негува детското драмско творештво, деновиве се претстави со збирката драми насловена "Како се станува цар". Во ова издание на современост поместени се две пиеси, истоимената комедија и сказната "Каде ли е кај се крие".

"Тетовска" и "Тетекс кредитна банка" се спојуваат

Вечер Прес - 17.09.2005

"Тетовска банка" и "Тетекс кредитна банка" се спојуваат. Деталите околу овој нов дил на двете банки се уште не се соопштуваат, но како што дознаваме работата е доведена до финишот. Од Народната банка на Македонија велат дека спојувањето на банките е извесно, но дека се уште ја немаат добиено ...

"Тренд" со нов изглед

Вечер Прес - 17.09.2005

Познатото кафуле "Тренд" наскоро ќе добие нов изглед, затоа што веќе извесен период се работи на комплетно менување на локалот, што наедно ќе биде и проширен. Дека се подготвува нешто интересно, може да се забележи според начинот на кој се одвиваат работите, но и според кажувањата на сопствениците, ...

"В година пак ќе дојдеме" со трета награда

Вечер Прес - 16.09.2005

Филмот "В година пак ќе дојдеме" од авторот Владимир Боцев, во продукција на Музејот на Македонија, е добитник на третата награда на 7. Интернационален фестивал на документарен филм "Еко - етно - фолк", кој неодамна се одржа во Романија.

"Продиџи" во Скопје

Вечер Прес - 16.09.2005

Светски познатата група "Продиџи", на 8 октомври, на Скопскиот саем во првата хала со почеток во 21 часот, со 80-минутно шоу ќе се претстави пред вљубениците на нивната музика. Пред концертот во Скопје во рамките на балканската турнеја ќе настапуваат и во Загреб и Белград, по што европската тура ќе ...

"Офелија" ја погоди Северна Каролина

Вечер Прес - 16.09.2005

Ураганот "Офелија", придружен со силен ветер и поројни дождови, завчеравечер го погоди брегот на Северна Каролина, јавуваат американските медиуми. Според најавите на метеоролозите, ураганот би можел да трае два дена и да предизвика општа поплава во овој дел на САД.

Со "пика" ќе го освоиме Скопје

Вечер Прес - 16.09.2005

Словенечкиот трговски гигант "Меркатор" верува дека неговата бонусна картичка "пика" ќе привлече купувачи во нивниот трговско, деловен и забавен центар "Ера сити", кој на почетокот на 2006 година ќе почне да се гради покрај "Скопски саем" и со тоа ќе им даде предност пред останатите трговски центри ...

"Дипломатската сообраќајка" пред завршница

Вечер Прес - 16.09.2005

Третпат почна судењето за "дипломатската" сообраќајна несреќа што пред седум години се случи на влезот од Битола во која животот го загуби брачната двојка Вера и Душко Балтовски. Тие со своето возило "шкода" се судрија со автомобил "БМВ" од колоната на македонско-турската делегација во која беше ...

"Дижонска" ќе се урбанизира

Вечер Прес - 16.09.2005

Општина Чаир ја почна процедурата за донесување Детален урбанистички план (ДУП) за реонот на улицата "Дижонска", најголемиот урбанистички проблем со кој се соочува локалната власт. Стручните служби на Општината веќе работат на предлог-проектот и, како што велат во локалната самоуправа, очекуваат ...

"Заборавена" блокада

Вечер Прес - 15.09.2005

Блокадата на улицата "Илинденска" пред Градското собрание, што почна еуфорично пред речиси еден месец, со триесетина скопски автобуски-превозници предводени од "Пролетер", во меѓувреме прерасна во "заборавена" работа. Ако првите денови од својот протест, организаторите и сметаа дека овој нивен ...

"Кан, фати ги моите балони!"

Вечер Прес - 15.09.2005

Голманот на Баерн (М) Оливер Кан тешко дека ќе може така лесно да го заборави пречекот, што му беше приреден на аеродромот во Виена. Еден ден пред натпреварот со домашниот Рапид во Лигата на шампионите, тој беше мета на интересен предлог од една австриска блондинка во пишана форма.

"Лордот" остава празно седиште за покојната баба

Вечер Прес - 15.09.2005

Настапите на ирската танцувачка атракција Lord of the dance ќе се случат на 26, 27 и 28 овој месец во Универзална сала, со почеток во 20 часот. Литиум Рекордс се единствените источно-европски промотери кои што успеаја да ги задржат концертите во Македонија и покрај тоа што основачот и кореограф ...

Димов на секоја кривина му "сместува" на Пановски

Вечер Прес - 15.09.2005

Државниот секратар за здравство д-р Ратка Куљан- Зографска останала без зборови на аргументите на првиот фондовец д-р Никола Пановски, кој остро реагирал откако на завчерашната седница на владината комисија за резерви наводно в раце му дошло мислењето по годишниот извештај за работењето на Фондот ...

Ми - 6 "мејд ин Маседониа"

Вечер Прес - 15.09.2005

Македонија ќе го реструктуира своето разузнавање и безбедносниот систем по урнекот на Велика Британија, беше заклучено на вчерашната средба помеѓу премиерот Владо Бучковски и министерот за Европа во британската влада, Александар Даглас.

"Оса" ја дигна Автокоманда на нозе

Вечер Прес - 15.09.2005

Вработен во Агенцијата за обезбедување имот и лица "Оса", сопственост на Бранко Бојчевски, задолжен да го чува пазарот во Автокоманда, завчераноќ пријавил дека бил физички нападнат и претепан. Веднаш по ова следела вистинска "рапсодија во сино".

"Св. Прохор Пчињски" ќе добие нов лик

Вечер Прес - 14.09.2005

Нашиот северен сосед, во манастирот "Свети Прохор Пчињски", ќе гради нов иконостас, а црквата ќе добие и потполно нов изглед и во таа насока веќе почнаа значајни зафати. Како што пренесува српскиот весник "Глас Јавности", неодамна завршиле и интензивните археолошки ископувања во манастирскиот ...

Денис: "Алонсо може да се лизне во бањата?"

Вечер Прес - 14.09.2005

На три трки пред крајот на првенството, во Формула 1 се уште е присутна неизвесноста во борбата за шампионската титула. Иако лидерот во генералниот пласман, Шпанецот Фернандо Алонсо (Рено) има 25 бода предност пред Кими Раиконен (Мекларен) и доволни му се само шест бода да стане светски првак, во ...

Државата ја гарантира доизградбата на "Матка 2"

Вечер Прес - 14.09.2005

Државата е подготвена да издаде државни гаранции од 42 милиони евра за доизградба на хидроцентралата "Света Петка" ("Матка 2"). Ова, премиерот Владо Бучковски им го рече на првите луѓе на АД "ЕЛЕМ" на работниот состанок што се одржа вчера на објектот на идната хидроцентрала.

Георгиевски "во тројка" со Груевски и Џафери?

Вечер Прес - 14.09.2005

Лидерот во сенка на ВМРО-Народна, Љупчо Георгиевски, е подготвен да влезе во "тројка" со Никола Груевски и Арбен Џафери. -Па, тоа е добро, значи имаме тројка што може да формира влада, одговори на новинарско прашање, што мисли за најавата на Груевски дека, на парламентарните избори ќе коалицира со ...

Дошол со "бицикла" - си отишол со "алфа ромео"

Вечер Прес - 14.09.2005

Завчераноќ, мобилните полицајци среде Скопје, на булеварот "Свети Климент Охридски", фатија крадец на дело, дваесет и петгодишно момче кое, најверојатно, е рекордер по поднесени кривични пријави. Дури деведесет пати е пријавуван, главно за имотни деликти, за кражби и тешки кражби и одземања моторни ...

Болните не сакаат од "новите" лекови

Вечер Прес - 14.09.2005

Пациенти се жалат на квалитетот и не ги сакаат дел од тендерските лекови кои се испорачуваат низ аптеките. Ваквите поплаки, главно, се однесуваат за дел од препаратите од производителите што првпат влегуваат во бесплатниот асортиман.

СУДСКАТА ОДЛУКА ЗА "БРИОНИ" МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА

Вечер Прес - 14.09.2005

Премиерот Владо Бучковски, коментирајќи ја информацијата дека утринава во Тетово граѓани од албанска националност наводно се обиделе да ја спречат судската постапка за утврдување на сопственоста на мотелот "Бриони", рече дека тоа е последен обид на оние кои не сакаат да се соочат со реалната ...

"Местенки" во Аеродром

Вечер Прес - 14.09.2005

Новоформираната Општина Аеродром првата година од своето работење ја започна со блокирана жиро-сметка. Дел од советниците тврдат дека пред три дена, по барање на градоначалникот Кирил Тодоровски, Министерството за финансии ја блокирало сметката.

ММФ ќе не "учи" на даночна реформа

Вечер Прес - 13.09.2005

Првите 100 компании во земјава, кои и плаќаат најголеми суми данок на државата, во иднина ќе имаат посебен третман од Управата за јавни приходи. Нивното оданочување и целата администрација ќе се води одвоено од сите други помали даночни обврзници, за што ќе се креира и посебна канцеларија за ...

Прекршочни пријави за двајца "комити"

Вечер Прес - 13.09.2005

Навивачката група "Комити" со неколку непријатни слогани на фудбалскиот натпревар меѓу Брегалница Краун и Вардар ги навреди штипјани. Во текот на целата средба тие скандираа: "Со вашите пари Скопје го градиме..." Но, не остана само на тоа.

Македонија надвор од "пакетот" со Хрватска и Албанија

Вечер Прес - 13.09.2005

Македонија ќе побара од НАТО и особено од американската администрација, да се направи дистинкција меѓу нашата држава и другите земји од Јадранската група - Хрватска и Албанија, дознава "Вечер". Ако Македонија е понапред во исполнувањето на стандардите, Владата ќе побара да бидеме примени во ...

"Романтичарите" со победнички ритам

Вечер Прес - 12.09.2005

Бранителот на титулата во македонскиот фудбалски шампионат, Работнички К. во премиерниот натпревар од 4. коло на Првата лига извојува победа од 3:1 над Силекс. "Романтичарите" го задржаа 100-процентниот учинок и со максимални 12 бода, уште еднаш се промовираа во најголем кандидат за титулата.

Живееме "средно жалосно"

Вечер Прес - 12.09.2005

Македонија е на 80 место меѓу 192 земји во светот според бруто домашниот производ по глава на жител. Ова се констатациите од анализата на Меѓународниот монетарен фонд според која во нашава земја бруто домашниот производ по глава на жител изнесува 7.749 долари.

Лукашенко го "откачи" новиот руски амбасадор

Вечер Прес - 12.09.2005

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, докажа дека не сака никој да се шегува на негова сметка, па макар тоа да е и новоименуваниот амбасадор на пријателската и моќна Русија. Откако беше именуван за амбасадор на Русија во Минск, а Белорусија му го потврди агреманот, Дмитриј Ајацков на ...

Наскоро проби за "Војна и мир"

Вечер Прес - 12.09.2005

Бољшој театар Македонскиот режисер Иван Поповски на сцената на "Бољшој" театарот ќе ја постави операта "Војна и мир" од Сергеј Прокофјев, работена по делото на Лав Николаевич-Толстој, која премиерно ќе биде прикажана во декември годинава.

На Зелениковски за роденден "Алумина"

Вечер Прес - 12.09.2005

Деновиве во некогашната реномирана "Алумина" повеќе стечајни работници собираат потписи на Зоран Зелениковски да му се овозоможи без објавување на тендер да ја купи фирмата и да почне да ги реализира концепциите за нејзин развој, зацртани уште за време кога беше нејзин раководител.

Во скопската сауна се "крчкаше" триумфот

Вечер Прес - 12.09.2005

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра во баражот за настап во европската дивизијата "А", откако во последното квалификациско коло за ЕП, во дивизијата "Б", во својата група, дома, славеше против ни малку наивниот состав на Финска со 83:70.