TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Еврото достигна рекордна вредност од 1,412 долари

А1 - 21.09.2007

Еврото денеска достигна рекордна вредност од 1,412 долари. Ваквиот рекорд аналитичарите го објаснуваат со силниот притисок за продавање на американската валута поради изгледите за натамошно намалување на каматните стапки во САД.

Доларот достигна нова ниска вредност во однос на еврото

Утрински - 21.09.2007

Еврото вчера ја зголеми вредноста на 1,4018 долари, што е највисоко ниво од неговото воведување Американскиот долар достигна нова рекордна ниска вредност во однос на еврото, додека инвеститорите ја продаваат оваа валута по големото намалување на каматната стапка од страна на Банката на федерални ...

Еврото високо над доларот

Вечер Прес - 21.09.2007

Еврото вчера достигна рекордна вредност во однос на американскиот долар, во услови кога намалувањето на основната каматна стапка во САД неповолно влијае врз курсот на американската валута. Еврото се менуваше за 1.4006 долари, што е рекорд од воведувањето на заедничката европска валута.

Еврото достигна вредност од 1,40 долари

А1 - 20.09.2007

Курсот на еврото денеска во однос на доларот за првпат во историјата се искачи на нова рекордна вредност, надминувајќи 1,40 долари. Европската валута изутрината на девизните пазари достигна вредност од 1,40 долари, а вчера се менуваше за 1,39 долари.

Еврото се доближи до 1,40 долари

А1 - 19.09.2007

Еврото денеска се доближи до границата од 1,40 долари, како реакција на вчерашната одлука на Федералните резерви на САД за намалување на основната каматна стапка за половина процент на ниво од 4,75%. Еврото денеска на Берзата во Лондон се менува за 1,3971 долари, 161,82 јени, 0,6966 британски фунти ...

Еврото станува водечка валута

Дневник - 18.09.2007

Можно е еврото да го претекне доларот и да стане омилена валута во која земјите ги чуваат своите девизни резерви, изјави поранешниот претседател на американските Федерални резерви (ФЕД), Алан Гринспен, за германскиот неделник „Штерн“.

Еврото станува водечка валута за девизните резерви

Утрински - 18.09.2007

ФРАНКФУРТ - Поранешниот претседател на американските Федерални резерви, Алан Гринспен, изјави во интервјуто за германскиот неделник „Штерн“ дека е можно еврото да го претекне доларот и да стане омилена валута во која земјите ги чуваат своите девизни резерви.

Еврото ќе го замени доларот

Вечер Прес - 18.09.2007

Еврото може да го претекне доларот и да стане омилена валута во која земјите ќе ги чуваат своите девизни резерви, изјавил поранешниот претседател на американската Федерална управа (Фед) Алан Гринспен во интервјуто за германскиот неделник "Штерн".