TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во посета на бегалците во Конго

Утрински - 22.11.2008

Афлек вели дека првпат се заинтересирал за Конго, пред неколку години. Холивудскиот актер Бен Афлек се труди повеќе да го алармира светот за конфликтот во источно Конго, каде што 250.000 луѓе се раселени поради насилството. Афлек беше во оваа централноафриканска земја во текот на неделава, посетувајќи повеќе бегалски кампови, и се сретна со официјалните лица за помош на бегалците и експертите.

Нови мировници за судирот во Конго

BBC - 21.11.2008

Поранешниот шеф на мировните операции на Обединетите нации Жан Мари Гуено, ја истакна итната потреба од ефикасни меѓународни сили во Демократска република Конго. Гуено го поздрави најновото решение за испраќање дополнителни три илјади мировници, но рече и дека е потребна понуда од европските земји за доверливи елитни единици.

Се засилува мировната мисија на ОН во Конго

Форум - 21.11.2008

ОН донесоа одлука за проширување на мисијата на сините шлемови во Конго за дополнителни 3000 војници и припадници на полицијата. Советот за безбедност ја поддржа предлог резолуцијата на Франција. За распоредувањето на силите ќе бидат потребни неколку недели. Експертите бараат добро вооружени трупи со проширен мандат.

Конго:Востаниците се повлекуваат

Алсат-М - 19.11.2008

Востаниците на истокот на Конго под водство на одметнатиот генерал Лорен Нкунда почнаа да се повлекуваат од нивните неодамна заземени позиции. Така сакаат да дадат поддршка за најновата мировна иницијатива на Обединетите нации со посредништво на поранешниот нигериски претседател Олусегун Обасањо.

Предлог-резолуција за зацврстување на мисијата на ОН во ДР Конго

Канал5 - 18.11.2008

Њујорк, 18 ноември (МИА) - Франција поднесе во Советот за безбедност на ОН предлог-резолуција, која предвидува бројноста на силите на ОН во ДР Конго да надмине 3.000 лица, соопштија дипломатски извори. Предлог-резолуцијата предвидува времено зголемување до максимум 2.755 луѓе на воениот состав на Мисијата на ОН во Конго и до 300 луѓе на нејзиниот полициски состав.

Франција испраќа засилувања во Конго

Алсат-М - 18.11.2008

Франција до Советот за безбедност на Обединетите нации поднесе резолуција за проширување на мировната мисија во Конго за дополнителни три илјади војници. Во резолуцијата се бара мировниците да ги ангажираат дополнителните сини шлемови за заштита на цивили и при нивните акции да применуваат строги правила.

Франција од ООН побарала стационирање на мировните трупи во Конго

Нетпрес - 18.11.2008

Франција доставила проект резолуција до Советот за безбедност на ООН, кој што бара зајакнување на мисијата на ООН во Доминиканска Република Конго. Според оваа резолуција бројот на мировници во Конго кој што изнесува 17 илјади треба да се зголеми на 20 илјади. Како што пренесуваат светските медиуми се уште не се знае која земја ќе учествуваа со свои мировници.

Бунтовниците ќе ги поддржат мировните напори

Утрински - 17.11.2008

Бунтовниците ќе ги поддржат мировните напори. ЏОМБА - Лидерот на бунтовниците од Конго, Лорен Нкунда, вчера се согласи да го поддржи мировниот процес за источен Конго, за кој преговара пратеникот на ОН, Олусегун Обасанџо. По состанокот со поранешниот претседател на Нигерија, Обасанџо, во Џомба, во провинцијата Северен Киву на Демократска Република Конго, Нкунда рече дека се согласил со барањата ...