TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Премиерот наскоро ќе добие одговор

Време - 14.04.2007

ПО ПОКАНАТА НА ГРУЕВСКИ ДО ВЕЈСЕЛИ Централното претседателство ќе одлучи дали ПДП ќе влезе во Владата, одговори претседателот на оваа партија Абдулади Вејсели откако премиерот Никола Груевски вчера официјално го покани да се приклучи во владината коалиција без разлика на бројот на пратеници.

Груевски и Ахмети ги договараа законите, Вејсели влезе во Владата

Утрински - 14.04.2007

Премиерот Никола Груевски ги поканил лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, и неговата партија да влезат во Владата, а Вејсели ја прифатил понудата. Во текот на вчерашниот ден Груевски одржа нова, втора по ред, тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која се разговарало за напредокот во ...

ПДП ќе ја добие локалната самоуправа

Дневник - 14.04.2007

Министерството за локална самоуправа, заменичко-министерско место и државен секретар, најверојатно ќе биде понудата на премиерот Никола Груевски до ПДП за нејзин влез во Владата. За тоа денеска ќе имаат средба очи в очи премиерот и лидерот на ПДП Абдулади Вејсели.

Владата расположена да има уште еден партнер - Груевски во Боговиње

Канал5 - 14.04.2007

Владата е расположена да има уште еден партнер. Премиерот Груевски денеска ја официјализира понудата до Вејсели за влез во власта. Владата е расположена да има уште еден партнер. Премиерот Груевски денеска ја официјализира понудата до Вејсели за влез во власта.

ПДП влегува во Владата

Вечер Прес - 14.04.2007

Паралелно со состанокот на лидерите на ПДП и ДПА Абдулади Вејсели во хотелот "Александар палас" и Арбен Џафери во Клубот на пратениците се одржа средба на премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети Партијата за демократски просперитет доби покана од премиерот Никола Груевски за влез во ...

Груевски ја покани ПДП да влезе во власта

А1 - 13.04.2007

Премиерот Груевски и претседателот на ПДП Вејсели нема да се сретнат утре, ја одложија најавената средба за наредната недела. Вејсели ќе патувал надвор од државата, но сепак ја добил поканата за влез во владата и од премиерот Груевски.

Груевски ќе ја кани ПДП во Владата

Дневник - 13.04.2007

Лидерот на ПДП Абдулади Вејсели вчера не сакаше да одговори дали ќе ја прифати понудата од премиерот Премиерот Никола Груевски ќе упати отворена понуда до ПДП да влезе во Владата, дознава „Дневник“. Според изворите, поканата може да стигне уште денеска по средбата на лидерите на ПДП и на ДПА ...

Група за единство без Ахмети

Канал5 - 13.04.2007

Пропадна обидот на Вејсели да ја седне на маса албанската лидерска тројка и да формира група за единство. Столчето на Ахмети остана празно. Пропадна обидот на Вејсели да ја седне на маса албанската лидерска тројка и да формира група за единство. Столчето на Ахмети остана празно.

ПДП ќе влезе во власта

А1 - 12.04.2007

Веќе е готово, Владата на Груевски ќе му ја отвори вратата на Вејсели. ПДП ќе влезе во власта. Најверојатно ќе добие едно министерско место. Во игра ќе биде ставено Министерството за локална самоуправа, иако како што велат нашите извори, не го заслужува тоа, затоа што ПДП останува само со еден ...

Единство?

Утрински - 12.04.2007

Мислења Зад „благородната“ идеја за единство меѓу Албанците лежи идејата за единство со ВМРО-ДПМНЕ ЕРМИРА МЕХМЕТИ Централното прашање кое овие денови се обидуваат да го одговорат познавачите на политичките движења во земјата е: што се крие зад идејата на претседателот на ПДП, г.

ПДП се бранува по раскинувањето со ДУИ

Дневник - 12.04.2007

Гостиварскиот разгранок на ПДП бара од лидерот Абдулади Вејсели за раскинување на коалицијата со ДУИ да расправа Централното собрание како највисок партиски орган. Не се исклучува можноста вонредно централно собрание да побараат и пратениците Сафет Незири и Блерим Беџети.

Прекината комуникацијата Ахмети - Вејсели

Канал5 - 12.04.2007

Ахмети целосно ја прекина комуникацијата со Вејсели. Според информациите на Канал 5, лидерот на ДУИ воопшто не одговарал на вчерашните упорни телефонски повици на претседателот на ПДП кој сакал да го убеди да се појави на утрешниот состанок на албанските лидери.

Гостиварскиот огранок фингира раскол во ПДП

Вечер Прес - 12.04.2007

Гостиварскиот огранок на ПДП не ја прифаќа одлуката на Централното претседателство на партијата за напуштање на коалицијата со ДУИ. Велат дека е нелегитимна бидејќи сметаат дека решението дали ПДП ќе остане дел од коалицијата не требало да ја донесе Централното собрание кое го сметаат за највисоко ...

Вејсели ги покани Џафери и Ахмети да се сретнат в петок

А1 - 11.04.2007

Лидерот на ПДП Вејсели ги покани своите колеги, претседателите на ДПА и ДУИ, за в петок да се договорат за групата на единство. Ахмети се уште се премислува. Во ДУИ изјавуваат дека шансите се мали нивниот лидер да седне на иста маса со Џафери и Вејсели, но не ја исклучуваат можноста да дојде до ...

Пратениците Незири и Беџети не ја прифаќаат одлуката

Време - 11.04.2007

РАСКОЛ ВО ПДП ПО РАСКИНУВАЊЕТО СО ДУИ Сафет Незири и Блерим Беџети, двајцата пратеници на ПДП, не ја прифаќаат одлуката на партиското претседателство за раскинување на коалицијата со ДУИ. - Тоа е непринципиелна одлука и за нас е апсолутно неприфатлива.

ПДП ќе прави свадба без невеста

Утрински - 11.04.2007

ЕДИТОРИЈАЛ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Сезоната за лов на пратеници и обезбедување парламентарно мнозинство од секаков вид и официјално е отворена со одлуката на двајцата пратеници на ПДП - Беџети и Незири од просперитетлии да станат интегративци.

ПДП со еден пратеник ќе договара коалиција со Груевски

Утрински - 11.04.2007

Двајца од тројцата пратеници на ПДП му остануваат верни на Ахмети БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Партијата за демократски просперитет останува со еден пратеник во Собранието откако највисоките партиски органи одлучија да ја напуштат коалицијата со ДУИ.

ДУИ е како пердув наспроти ВМРО-ДПМНЕ, смета Тачи

Утрински - 11.04.2007

Заменик-претседателот на ДПА, Мендух Тачи, ја поздравува одлуката на ПДП да го напушти коалицискиот брак со ДУИ. Тачи им порача на интегративците на Али Ахмети дека сега нивната специфична тежина во политичкиот дијалог со ВМРО-ДПМНЕ е како пердув наспроти ураган.

Коалицијата раскината, ПДП ќе ќарува пратеници

Дневник - 11.04.2007

Ако двајцата пратеници на ПДП и понатаму не ја почитуваат одлуката на партиското претседателство за раскинување на коалицијата со ДУИ, ќе следи трансфер на двајца пратеници од ДУИ во ДПА или во ПДП . Неофицијално дознаваме дека ПДП веќе интензивно преговара за таквиот трансфер, што власта во ...

Работните групи ја составија бадентеровата листа

Канал5 - 11.04.2007

Џафери, Ахмети и Вејсели нема да седнат на заедничка маса. Лидерот на ДУИ според високи партиски извори нема да се појави на средбата што веќе ја закажа иницијаторот Вејсели - на неутрален терен во скопски Александар Палас, задутре, Петок 13-ти.

Вејсели бара доброволци

Вечер Прес - 11.04.2007

Високи партиски извори од ПДП потврдуваат дека во моментов се преговара за премин на уште двајца пратеници на ДУИ во ПДП, незнаејќи дали Беџети и Незири во иднина ќе делуваат како независни пратеници Лидерот на ДУИ Али Ахмети нема да се појави на утрешната средба со претседателот на ПДП Абдулади ...

Дијалогот стана пердув

Вечер Прес - 11.04.2007

Одлуката на ПДП за напуштање на коалицијата не е во духот на продолжување на политичкиот дијалог, сметаат во ДУИ. -Ако еден лидер или партија сака со некој поголем проект да ги соединува партиите на Албанците треба да влијае и на другите политички субјекти, смета Рафиз Алити од ДУИ.

ДУИ не ја прифаќа идејата за заедничка Албанска унија

А1 - 10.04.2007

Дуи не ја прифаќа идејата на ПДП за формирање на заедничко тело на албанските партии, кое би имало за цел постигнување на општ консензус за прашањата поврзани со Охридскиот договор и евроинтеграциите. Му се лутат на Вејсели за раскинување на коалицијата на ПДП со ДУИ.

ПДП конечно и раскина на ДУИ

Време - 10.04.2007

ПО ДОЛГИ НАТЕГАЊА ПДП завчера ја раскина коалицијата на ДУИ и соопшти дека во иднина ќе дејствува самостојно и независно. Ваквата одлука беше донесена на седница на централното раководство, кое заклучило дека во изминативе шест месеци коалицијата со ДУИ била неуспешна.

ДУИ минус ПДП на нова рунда преговори со ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 10.04.2007

ВМРО-ДПМНЕ се' уште ја договара стратегијата за разговорите со ДУИ СОЊА КРАМАРСКА Уште една рунда преговори меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската партија од албанскиот етнички кампус ДУИ ќе се одржи денеска или утре, а тема ќе биде враќањето на ДУИ во парламентот откако партијата на ...

Раскината коалицијата ДУИ - ПДП

Утрински - 10.04.2007

ТЕТОВО - Коалицијата ДУИ - ПДП дефинитивно е раскината. Одлуката е донесена во неделата попладне на проширена седница на Претседателството со претседателите на општинските разграноци. Определбата била едногласна од сите присутни кои заседавале полни пет часа зад затворени врати.

ПДП раскина со ДУИ, пратениците со Вејсели

Дневник - 10.04.2007

Двајцата пратеници на ПДП Сафет Незири и Блерим Беџети не ја прифаќаат одлуката на партиското претседателство за раскинувањето на коалицијата со ДУИ, дознава „Дневник“. Незири вчера потврди дека тие двајца и натаму ќе дејствуваат во рамките на коалицијата ДУИ-ПДП.

Пратениците Незири и Беџети остануваат со Ахмети

Вечер Прес - 10.04.2007

Мислам дека пратениците се под притисок и уцени. Во спротивно, не знам зошто не не информирале за нивната одлука, вели Земри Елези, генерален секретар на партијата Раководството на ПДП одлучи да ја раскине коалицијата со ДУИ, но двајца од тројцата пратеници на Просперитетот остануваат со Ахмети.

Вејсели организира средба на лидерите на партиите на Албанците

А1 - 09.04.2007

Во четврток се очекува средба на лидерите на ПДП, ДПА и ДУИ. Идејата на Вејсели за составување на заедничко тело за единство на албанските партии, за прашањата што се поврзани со Охридскиот договор и со евроинтеграциите, наиде на широко прифаќање кај ДПА.

ПДП меѓу власта и опозицијата - двајца од тројцата пратеници остануваат со Ахмети

Канал5 - 09.04.2007

Одлуката на претседателството на ПДП да ја раскине коалицијата со ДУИ, ја потресе партијата на Вејсели – според информации на Канал 5, двајца од тројца пратеници на ПДП ја бојкотирале седницата на претседателството - Сафет Незири и Блерим Беџети, и натаму ќе дејствуваат како пратеници од ...