TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Синдикатот од Филхармонија на преговори кај Стефановски

Утрински - 09.06.2006

Македонската филхармонија, Операта и Балетот вчера беа известени за заклучоците на Владата Невена Поповска Претставниците на Синдикатот на Македонската Филхармонија, Операта и балетот, вчера беа примени од претставник на кабинетот на премиерот и на средбата им биле соопштени заклучоците кои Владата ...

Смир - Смир!

Вечер Прес - 09.06.2006

Лутината министерот за култура Благој Стефановски кратко ќе го држи, бидејќи во најскоро време повторно треба да се сретне со претставници на Синдикатот на Македонската опера и балет и од Македонската филхармонија, кои неодамна ги избрка од состанок и конструктивно, со ладна глава, да поразговара ...

Владата ќе преговара за зголемување на платите на музичарите на МНТ

Макфакс - 08.06.2006

Скопје Продолжување на преговорите за колективните договори на вработените во филхармонијата, операта и балетот, побара денеска Владата од Министерството за култура. Ова беше решено на денешната владина седница, на која Владата ја разгледа и прифати информацијата за состојбата во имплементацијата ...

Оркестрирани напади?

Вест - 07.06.2006

МИНИСТЕРОТ БЛАГОЈ СТЕФАНОВСКИ ВЕЛИ: Министерот за култура Благој Стефановски преку соопштение информира дека на протестите на музичарите им претходела " предигра" со делегација составена од Снежана Симевска, претседател на синдикат на Македонската филхармонија и на двајца од Македоснската опера ...

Бучковски се сретна со Синдикатот на Македонската филхармонија

Утрински - 07.06.2006

Премиерот вети прераспределба во согласност со предвидените коефициенти Невена Поповска По протестот на Синдикатот на Македонската филхармонија, Операта и Балетот, поради несогласување со Колективниот договор, вчера со нив се сретна премиерот Владо Бучковски.

Ветени повисоки плати за Филхармонија и за МОБ

Дневник - 07.06.2006

Музичарите демантираат дека нивниот протест бил политички мотивиран и имал за цел да го растури Синдикатот за образование, наука и култура Повисоки плати за Македонска филхармонија и за Македонската опера и балет е исходот од вчерашната средба на претставниците на двете културни институции со ...

Колку е добра музиката, толку е добра државата

Време - 07.06.2006

Музичарите од националните оркестри повторно го „вознемирија“ министерот за култура, кој очигледно повеќе сака мирно да седи во својата фотелја отколку да си го троши времето на решавање на безначајните проблеми на уметниците, кои полека, но сигурно тонат во социјална и егзистенцијална бездна.

Владата повторно за платите во Филхармонијата

Макфакс - 07.06.2006

Скопје Владата на денеска повторно ќе расправа за барањето на штрајкувачите во Македонската филхармонија за зголемување на платите. На вчерашната седница Владата го одби претходното барање на координационото тело на Синдикатот на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, со ...

Шубе од Посмртниот марш

Вечер Прес - 07.06.2006

По посмртниот марш свирен пред Владата, вчера имаше задушница. Премиерот Владо Бучковски ги прими на разговор претставниците на Синдикатот на Операта и на Македонската филхармонија, и им вети дека ќе им обезбеди дополнителна сума на средства за повисоки плати како што побараа музичарите.

Музичарите задоволни од преговорите со Владата

А1 - 06.06.2006

Пред Владата денеска не се свиреше „Посмртниот марш“. Причина - премиерот Бучковски ги прими револтираните музичари од филхармонијата и операта. Синдикалните лидери од двата оркестри задоволни. Премиерот им ветил позитивно разрешување и исполнување на нивните барања - платите на музичарите да се ...

Музичарите од Филхармонија и од МОБ на средба со премиерот

Канал5 - 06.06.2006

Филхармонија нема повеќе да музицира пред Владата. На денешната средба со премиерот Бучковски ги надминале недоразбирањата и музичарите се враќаат во филхармониската сала. Филхармонија нема повеќе да музицира пред Владата. На денешната средба со премиерот Бучковски ги надминале недоразбирањата и ...

Премиерот не го слуша „Посмртниот марш“

Време - 06.06.2006

ПРОТЕСТИ НА МУЗИЧАРИТЕ ПРЕД ВЛАДАТА На тротоарот пред Владата, ограден со кордони и полициско обезбедување, со посмртни маршови и со извици на негодување музичарите од Операта и Македонската филхармонија го изразија незадоволството од непочитувањето на одредбите од колективниот договор, потпишан во ...

Владата нема слух за проблемот на музичарите

Дневник - 06.06.2006

Телефонски број за да си закажат средба кај премиерот Владо Бучковски беше се' што добија оркестарските уметници од Македонска филхармонија и од Македонската опера и балет, кои вчера протестираа пред Владата Телефонски број за да си закажат средба кај премиерот Владо Бучковски беше се' што добија ...

Продолжува протестот на музичарите

Макфакс - 06.06.2006

Скопје Музичарите од Македонската опера и балет (МОБ) и од Филхармонијата за денеска најавија продолжување на протестот пред Владата. Единственото барање на околу 250 музичари од двете институции е повлекување на Колективниот договор потпишан меѓу Владата и Синдикатот на Операта за покачување на ...

Посмртниот марш немаше кој да го чуе

Вечер Прес - 06.06.2006

Музичарите од Македонската опера и балет и од Македонската филхармонија вчера пред Владата свиреа посмртни маршеви, но попусто: премиерот Владо Бучковски не беше тука за да ги чуе и евентуално да ги сослуша револтираните уметници кои со повиците "Уа, Влада" го изразија своето незадоволство од ...

Музичарите протестираа пред Владата

А1 - 05.06.2006

Со „Посмртен марш“ за Владата денеска музичарите од операта и филхармонијата мирно протестираа, незадоволни од условите кои им ги нудат за зголемување на платите. Тие не се согласуваат со колективниот договор потпишан меѓу претседателот на СОНК Дојчин Цветановски и премиерот Бучковски, со кој ...

Музичари „вагабонти“

Дневник - 05.06.2006

(Повод: „Стефановски ги избркал синдикалците-музичари“, „Дневник“, 1 јуни 2006) Потпаролот на Министерството за култура изјави: „Не е точно дека биле избркани. Министерот ги замоли да го напуштат состанокот зашто тие не покажаа почит, го спуштија нивото на комуникација.

Филхармоничарите на тивок протест пред влада

Канал5 - 05.06.2006

Со погребниот марш „До гроба“ и „Бетовен трио“, филхармоничарите го почнаа протестот пред Владата незадоволни од колективниот договор, кој претседателот на СОНК Дојчин Цветановски го потпиша со премиерот Бучковски. Со погребниот марш До гроба и Бетовен трио , филхармоничарите го почнаа протестот ...

Музичарите на мирен протест пред Владата

Време - 05.06.2006

ОД ДЕНЕСКА Музичарите од оркестрите на Операта и на Македонската филхармонија од денеска напладне ќе почнат со мирни протести пред македонската влада и на тој начин ќе го искажат своето незадоволство од непочитувањето на одредбите од колективниот договор што го потпишаа минатата година.

Музичарите ќе и' свиркаат на Владата

Дневник - 05.06.2006

Додека трае протестот, сообраќајот пред Владата нема да биде попречен, бидејќи музичарите велат дека не сакаат да ги тормозат граѓаните Околу 250 музичари од Македонската опера и балет и од Филхармонијата денеска, во 12.30 часот, со инструменти ќе излезат на мирен протест пред Владата.

Музичарите на протест пред Владата

Макфакс - 05.06.2006

Скопје Околу 250 музичари од Македонската опера и балет, и од Филхармонијата, денеска напладне ќе одржат мирен протест пред Владата. Музичарите бараат да се обезбедат пари и да се спроведе Колективниот договор според кој основната маса за плати изнесува 4.000 денари.

„Реквием“ за Владата

Макфакс - 05.06.2006

Скопје Премиерот Владо Бучковски не ги прими стоте музичари од Македонската филхармонија и Операта и Балетот(МОБ), кои денеска со свирење на Моцартовиот „Реквием“ протестираа пред Владата. „И по неколку часовно чекање, премиерот не се појави“, изјави Стеван Христовски, член на Синдикатот на ...

Посмртен марш пред Владата

Вечер Прес - 05.06.2006

Денеска, во 12,30, пред Владата ќе одекнуваат посмртни маршеви. Изведувачи се сто и педесет музичари од Македонската филхармонија и Операта, кои на ваков начин одлучија да го искажат својот револт и незадоволство од новите колективни договори со кои добиваат покачување на платите од само 100 денари ...